Што според Библијата кажува Бог за оние кои за време на брак се заљубиле во друга личност?

  • Креатор на темата Креатор на темата Штрудла!
  • Време на започнување Време на започнување
Хмм, troubles in the religious paradise?

Any sexual problem?

Lack of sex, friend. Somebody needs to get laid :)
--- надополнето: Jul 15, 2011 12:53 AM ---
Ц, не е „мојата„, туку е „Христовата„. :p :)
--- надополнето: Jun 30, 2011 9:00 AM ---

Преиспитај се самиот:
1. Колку вистини можат да постојат едновремено?
2. Колку лаги можат да постојат едновремено?

...и ќе Ти текнит оти е саде една Црква вистинита, а све друго е „фејк„, демонска подвала за неупатените.

Исто и Чорбаџија мисли, оти неговата деноминација е вистинската, дека ти право во Ад ќе одиш...
Ама кој е во право...
Ко преживи - причаче.
 
Me интересира зошто Бог(на Мојсеј тој) толку инсистирал на бракот.........

Зато шо Адам и Ева се првата брачна заедница, ете затоа...И воопшто, машкото и женското се створени за заеднички брачен живот, а не за доживотен хедонизам.
--- надополнето: Jul 15, 2011 7:56 AM ---
Исто и Чорбаџија мисли, оти неговата деноминација е вистинската, дека ти право во Ад ќе одиш...
Ама кој е во право...

Било кој може да каже било што, а која заедница е вистинкската, може лесно да се привери и измери, Заедници, кои самите себе се нарекуваат и „црква„ и „христијански„ и кои зад себе имаат променливо колективно сеќавање од чак 150 г., тешко дека ќе ме одведат во Рајот.
 
Зато шо Адам и Ева се првата брачна заедница, ете затоа...И воопшто, машкото и женското се створени за заеднички брачен живот, а не за доживотен хедонизам.

Ако внимателно ги прочиташ првите глави од Битие, ќе забележиш дека Адам и Ева се створени за доживотен хедонизам.

После го папаа.
 
Дали Мојсеј грешел со тоа што дозволувал полигамија во неговите закони?

15 „Ако некој човек има две жени: една што му е мила, а другата што му е немила, па милата и немилата му родат синови, ама првороденецот е од онаа што не му е возљубена,
16 тогаш, кога ќе дојде денот да го подели својот имот меѓу своите синови, не смее да постапи кон првороденецот од возљубената на штета на синот од немилата, кој е првенец,
17 туку треба да го признае за првороденец синот на невозљубената и да му даде нему двоен дел од сè што има. Зашто тој е првина на неговата сила - нему му припаѓа правото на првородството.”
како и неговото право да даде дозвола развод.

Исто и Авраам кој имал повеќе жени

Оти на почетокот читам дека е кажано друго
24 Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело.
И ако некој функционира според законите во Стариот Завет, дали може човек да е едно тело со една жена, но исто така едно тело со друга жена?
Во однос на разводот и/или полигамијата и воопшто во правото на жената како робинка/предмет има уште еден нејасно напишан закон во Второзаконието каде вели

10 „Кога ќе отидеш во војна против своите непријатели, па Господ, твојот Бог, ти ги предаде во твои раце, па ги заробиш,
11 ако забележиш меѓу плениците убава жена и се загледаш во неа, можеш да ја земеш за жена.
12 Доведи ја во својата куќа, па нека ја избричи главата, нека ги потсече ноктите,
13 и нека ја отфрли облеката во која беше заробена. Нека помине цел месец во твојот дом, оплакувајќи ги татка си и мајка си. Потоа можеш да и пристапиш како маж, и нека ти стане жена.

Во Стариот Завет постојат поголем број нејасни и контрадикторни информации околу бракот, разводот и полигамијата. Од друга страна колку што ми е познато, бракот е една од светите тајни на Црквата по што дали може да се претпостави дека Црквата го има отфрлено поголемиот дел од Стариот Завет, законите како несоодветни?
 
Ако внимателно ги прочиташ првите глави од Битие, ќе забележиш дека Адам и Ева се створени за доживотен хедонизам.

После го папаа.

Многу силна мисла:) Сосема точно и коректно размислување. Науката му помага на човекот да живее што повеќе хедонистички и време е црквата да го смени толкувањето.

Баш би сакал да чујам контрааргумент на болдираното од некој религиозен.
 
...време е црквата да го смени толкувањето.

За жал, Црквата (која и да е) никогаш нема да може да се откаже од најсилното оружје - толкувањето на рај/пеколот. Во моментот кога тоа ќе се случи, христијанството отиде јабана.

Мислам дека повеќето христијани се верници поради рајот/пеколот наместо поради 10 заповеди, благодетите на вербата, љубовта на Јахве или благодарноста што се створени.

Исто, во моментот кога Црквата ќе го редефинира концептот за грев, ќе почне и одбројувањето кон атеизмот.
 
Проблем е што нити рајот нити пеколот се дефинирани и истолкувани како треба, се тоа лебди. Најсилно оружје да , ама прашањето е за што служи тоа оружје? Ако црквата доблесно се стави во функција на човечкиот хедонизам се ќе биде подобро.

Ама за тоа треба револуција:)
 
Ако внимателно ги прочиташ првите глави од Битие, ќе забележиш дека Адам и Ева се створени за доживотен хедонизам.

.

Не, то Ти така си прочитал, сагласно „онаа„ протестантската: „...А бе така е, оти така пишува во Билијата, ти ли мене ќе ми кажеш!....„
--- надополнето: Jul 15, 2011 10:20 AM ---
Многу силна мисла:) Сосема точно и коректно размислување. Науката му помага на човекот да живее што повеќе хедонистички и време е црквата да го смени толкувањето.

Баш би сакал да чујам контрааргумент на болдираното од некој религиозен.

Контрааргумент на што?....:confused:
 
Не, то Ти така си прочитал, сагласно „онаа„ протестантската: „...А бе така е, оти така пишува во Билијата, ти ли мене ќе ми кажеш!....„
Абе, прост, Библијата ти е единствената авторизирана книга на христијанството. Не можеш селективно да ја читаш и да ти се свиѓа едно, а друго да порекнуваш. Не мора да си фундаментален протестант за да ти значи нешто.

Ако тебе бладањата на црногорски попови ти се повалидни од Светиот текст ти не треба да се кажуваш христијанин.

Ама 38.000 различни видови верници сте... што да ви правам... конкуренција ви е гољама.
 
Зато шо Адам и Ева се првата брачна заедница, ете затоа...И воопшто, машкото и женското се створени за заеднички брачен живот, а не за доживотен хедонизам.
Ќе ве молам да не го споменувате ова со Адам и Ева, бидејќи во исте време се брат и сестра(демек бог ги создал) и Адам и е татко на Ева(ипак од дел од неговото тело е створена)и вакви работи страшно ме бунат, јас веќе незнам дали ќе треба да си ја онадам сестрата, па после и ќерката/ќерките за да бидам богоугоден и дали ќе морам и двете да ги женам , мада таму тоа моногамија ми прави компликации, ќе ве молам овој аргумент понастрана пошто стварно ме буни......
 
Ако се водиш по Библијата, инцестот е единствениот и вистинскиот начин. Промовиран е не еднаш, туку во повеќе наврати. Христијанството го прикажува инцестот како единствениот механизам за диверзификација на живиот свет (не само луѓето) и ова, повторно, во повеќе наврати.

Мене ме буни како може инцестот да е единствениот механизам, а истиот да е забранет?!?

Тука треба човек да докторира на циркуларно резонирање и виша ментална гимнастика за да може да го објасни ова.
 
Дека Адам и Ева се створени за доживотен хедонизам.
На ова контраргумент.

Ја го контрааргументо: Битие, 1.26.
--- надополнето: Jul 15, 2011 10:49 AM ---
Абе, прост, Библијата ти е единствената авторизирана книга на христијанството. .

То кажи им го на протестаните на фоурмов и веднага ќе Те поканат кај нив, на предавања...:D
--- надополнето: Jul 15, 2011 10:50 AM ---
Ама 38.000 различни видови верници сте... што да ви правам... конкуренција ви е гољама.

Ц, не бе, така Ти се чинит: рисјани се саде едни, онија кои са у Црквата, а надвор од Црквата, постојат саде самонаречени рисјани.
 
Ја го контрааргументо: Битие, 1.26.

Абе немаш линк.

Bitie 1.26 Potoa rece Bog" Da sozdademe covek spored Nasiot obraz i podobie kako sto sme Nie koj ke bide gospodar nad ribite morski..."

Ова ли е тоа???? или нешто друго?

Еве го

26 И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!”

Кај е тука аргументот дека Адам и Ева не се створени да живеат хедонистички?????
 
Е па Мики, е па това са нешта кои се за некого очигледни, а за некого невидливи и покрај нивната очигледност...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom