Кока-Кола наградна игра - навистина ли ги даваат наградите ?

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.653
Поени од реакции
14.623
Читам сеа испрати го кодот, и на секојa 125-та минута добиваш HTC, а на секој 125-ти час скутер. Прашањето ми е, дали навистина ги даваат наградите, пошто досека никаде не сум сретнал ни во весник ни на телевизија да бидат објавени добитниците на наградите. Ако никаде не се објавува тоа, може тие ќе викаат само дека ги даваат наградите, а колку ќе ги дадат, е тоа е знак прашање. Само знак дека пред некоја година кога имаше топки и такви работи, тие ги даваа.

Па, кое е вашето мислење? Што мислите, навистина ги доделуваат наградите ? И ако ги даваат, ви се има случено некогаш да добиете нешто поголемо ?
 
Веројатно ги даваат, не е пивара мала фирма па да се заебава со брендот на кока кола. Неам слушнато до сега за такви глупости од нивна страна а и 125 годишнина е од постоењето на кока кола така да 99% е вистина.
Имаше пред некоја година извлекување на секои 2 часа знам дека тогаш 2ца другари добија мобилен.
Иначе ја си ги собирам капачињата и ќе праќам по 10тина од еднаш :)
 
Не се фер.Нека онадат некоја ваква наградна игра со Скопско ,поголем ќар и за нив и за нас! :D
 

Оваа тема у мистерии треба да иде =)

Чим вика дека даваат, сигурно даваат. Нема логика зашто да си нарушуваат репутација.
 
за Coca Cola незнам :)
јас како локал патриот си пијам Pepsi :)
досега речиси во секоја наградна на Прилепска пивара ми паднало нешто така....ситна роба шо би рекол Велија
топката со потписите од Бекам и компанија уште си ја чувам :)
би требало да даваат....вчера купив Кока Кола ама изгледа од старата амбалажа беше - без код :) ако се праќаат по смс кодовите, тогаш ако си добил ќе ти пратат порака
 
Оваа тема у мистерии треба да иде =)

Чим вика дека даваат, сигурно даваат. Нема логика зашто да си нарушуваат репутација.

Не само јас, и од други имам слушано муабети, викаат кај бе нема шанси да даваат, од кај ќе знаат дали некој дава, кога никаде не објавуваат. Па затоа и прашав дали некој стварно добил нешто, ама ете давале. :)

Иначе мене од Пепси тогаш ми се паднаа три фудбали, со потпис од Бекам мислам беа. :)
 
ја не пием кока кола од Февруари :(
 
Добро бе, ако не сте добиле до сеа ништо не значи дека не даваат награди. Одма барате превара. Ги даваат наградите, знам на еден другар брат му доби HTC. Не плачете.
 
Не само јас, и од други имам слушано муабети, викаат кај бе нема шанси да даваат, од кај ќе знаат дали некој дава, кога никаде не објавуваат. Па затоа и прашав дали некој стварно добил нешто, ама ете давале. :)

Иначе мене од Пепси тогаш ми се паднаа три фудбали, со потпис од Бекам мислам беа. :)

тоа ти се вика low profile :) само на ТВ даваат реклами,да не се распространи играта ..in my opinion тоа ќе да е одговорот :)

во весници,и по плакати/билборди не ставаат такви работи ..
 
Даваат награди, само како да знаеш дека ти си добил? Јас добив фрижидер пред 7-8 години, чаши еден куп и многу други работи
 
Добро бе, ако не сте добиле до сеа ништо не значи дека не даваат награди. Одма барате превара. Ги даваат наградите, знам на еден другар брат му доби HTC. Не плачете.
Веруј, оваа година неам ни еднаш пратено па за да ми се падне нешто. Минатите години чат-пат праќав по некоја. Ова од други што сум слушал муабети дека праќале и сега и порано по многу пораки а не добиле ништо, а и јас немав досега сретнато некој што добил поголема награда од овие.
 
Веруј, оваа година неам ни еднаш пратено па за да ми се падне нешто. Минатите години чат-пат праќав по некоја. Ова од други што сум слушал муабети дека праќале и сега и порано по многу пораки а не добиле ништо.

Тоа е тоа што го зборам. Ако си баксуз милион кодови не те крпат.
 
тоа ти се вика low profile :) само на ТВ даваат реклами,да не се распространи играта ..in my opinion тоа ќе да е одговорот :)

во весници,и по плакати/билборди не ставаат такви работи ..

Имаше порано за Пепси или не знам која наградна игра беше по 2-3 страни во весник со добитниците на наградите. Мада тоа беа ситни награди, топки и не знам таму друго што даваа.
 
Веруј, оваа година неам ни еднаш пратено па за да ми се падне нешто. Минатите години чат-пат праќав по некоја. Ова од други што сум слушал муабети дека праќале и сега и порано по многу пораки а не добиле ништо, а и јас немав досега сретнато некој што добил поголема награда од овие.
Многу баксузи среќаваш :p
Ги даваат наградите, знам многу луѓе што имаат добиено некоја награда...Јас пак, нон стоп пијам Кока - Кола ама никогаш не ги праќам кодовите, затоа е тука другар ми кој лани 2-3 награди си зеде само од тие неиспратени (од мене) кодови :cool:
 
ја пратив еднаш, не ни очекував да ме извлечат а не оти пијам Кока Кола, намерно земав за кодот..ептен го мерачам тоа телефонче :-)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom