A ако се случи ова тогаш незнам како ќе издржат европејците, уште една светска економска криза да мава, и готово можат слободно да се сликат, тие одвај се спасија од последната рецесија, не пак уште еднаш да има таква криза
22 јануари 2012, 12:15
Свет
ОН: Подгответе се за голема криза
Светот треба да се подготви за нова голема економска криза во периодот 2012-2013 година, се наведува во најновиот извештај на ОН „Ситуација и перспективи во светската економија“.
![]()
Авторите на извештајот оценуваат дека најголеми ризици претставуваат невработеноста и финансиските проблеми во САД и во Европската Унија. Извештајот на ОН секоја година го подготвуваат експерти од повеќе агенции во рамките на оваа светска организација.
Од друга страна, земјите-членки на Г20 постигнаа договор за неопходноста на зголемување на финансиските средства на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). На тој начин, ММФ би обезбедил дополнителни средств за потребите на земјите-членки за решавање на економската криза во еврозоната, која претставува закана за целата светска економија.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=2607
Леле европа како ќе се спаси, готови се, пропаѓааат, ама битно нас влакно нема да ни фали, ние дури и бенефит ќе имаме од новата криза, како што имавме од претходната, или барем така не убедуваше еден министер и вицепремиер со брадиче.