Хрватска во ЕУ од 1.јули 2013. година

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.481
Поени од реакции
5.948
Хрватска во 2013-та членка на ЕУ

Европската комисија(ЕК) денеска предложи на Советот на Европската унија(ЕУ) да ги затвори последните четири поглавја во пристапните преговори со Хрватска.

„Денеска е историски ден за Хрватска и за ЕУ“, соопшти претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо.

Според него, со заклучувањето на последните четири поглавја е поплочен патот Хрватска да се приклучи во ЕУ како 28. држава членка од 1. јули 2013. година.

Баросо истакна дека зачленувањето на Хрватска во ЕУ е важен знак и за остатокот на Југоисточна Европа, бидејќи покажува дека проширувањето делува, дека ЕУ е сериозна во своите намери и дека реформите се исплатат. /крај/дн/ст

Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.
 
Да поднесе некоја партија иницијатива за одржување референдум,како што е расположението во Хрватска мнозинско против ЕУ е тогаш ќе биде интересно.
 
Нема ни 40% "за" ЕУ во Хрватска. Владата исфабрикува една анкета пред месец дена и рекоа 52% биле за. Тоа им е врвниот дострел, демек мнозинство.

Тешки пари фрлаат на некаква про-ЕУ стратегија која треба да биде имплементирана сега и со која ќе им ги перат мозоците на Хрватите.

Овој текст многу меко, но сепак некако го искажува незадоволството во Хрватска по повод стапувањето во ЕУ:

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/blogreview/2011/06/02/blog-05
 
Хрватите влегле-невлегле исто им се фаќа, барем имаат некаков стандард, живот и перспектива, прашањето е каква перспектива имаме ние во оваа т.н. независна држава? Под НИЕ мислам на оние школувани млади луѓе, а не на оние плакатолепачи во фотељи и безрбетните платеници кои тролаат по цели денови на форумиве за тоа колку е добар животот во Македонија...
 
Ние сме следни според Баросо. Ако на Хрвативе им требаа 8 години, се прашувам дали 18 ќе се доволно за нас.
 
Ние сме следни според Баросо. Ако на Хрвативе им требаа 8 години, се прашувам дали 18 ќе се доволно за нас.

Па ние веќе 6 години сме кандидат за членство..од 05 мислам..Нашиот проблем се знае,името..Кога ќе се реши и после уште 2-3 години и ќе не примат..Не толку од што заслужуваме ,него повеќе од сожалување..јбг
 
се зависи од резултаттие кои ќе ги постигниме во областа на судството и низа други проблеми кои ги имаме во државаат најпосле на крај се проблемите со името и Хрватска има еден куп проблеми ама ете нејзината влада не се залага само вербално за нато и европска унија туку и практично работи на тоа.
а нашиве политичари уште во 2008 амбициозно најавуваа брз прием во нато и брзо решавање на името од тоа ништо не видовме.
последниве денови покрај Грција се јави и Бугарија како можен иден проблем во врска со нашето име каде е реакцијата на владата на МНР кое никаде го нема во вакви настани и најчесто се јавува со штури соопштенија пост фестум.
--- надополнето: Jun 10, 2011 3:19 PM ---
владата барем работи во корист на дажавата туку нашиве политичари што работаат за да ја донесат македонија во Нато и Еу само празни зборови
 
Ако н
Ние сме следни според Баросо. Ако на Хрвативе им требаа 8 години, се прашувам дали 18 ќе се доволно за нас.
Ако некој памти ние бевме пред Хрватска на ова поле, едно време, ама си завршија работа со воените злосторници, со територјалните проблеми, со финансискиот пазар и со судството,а ние прст во уста.
Ајде честито нека им е, нека им потера работата!
 
се зависи од резултаттие кои ќе ги постигниме во областа на судството и низа други проблеми кои ги имаме во државаат најпосле на крај се проблемите со името и Хрватска има еден куп проблеми ама ете нејзината влада не се залага само вербално за нато и европска унија туку и практично работи на тоа.и

Сигурен си дека на крај се проблемите со името??? Ако го реформираме судството и ја намалиме државната админстрација, и бла-бла (внеси си реформа), мислиш ќе заборават да посочат дека треба да се преименуваме.

И ги испофаливте сите Хрватите како да е фантастично да живееш таму. Плус хрватската влада не се залагала само вербално. Ехехеј. Оди на хрватски форум и пиши дека ХДЗ работи добро да видиш што ќе ти се случи. Плус ако има референдум таму за влез во ЕУ, не сум сигурен дека би поминал (за разлика од кај нас).
ЕУ ги мафтаат и нив и нас со години, и тоа најмногу поради политиката. Гледам во Бугарија, Романија, балтичките земји судскиот систем беспрекорно функционира, сите реформи се завршени, и имаат по 1.000 ЕУР плата.
--- надополнето: Jun 10, 2011 3:28 PM ---
Ако н
Ако некој памти ние бевме пред Хрватска на ова поле, едно време, ама си завршија работа со воените злосторници, со територјалните проблеми, со финансискиот пазар и со судството,а ние прст во уста.
Ајде честито нека им е, нека им потера работата!

Ние никогаш не сме биле пред Хрватска. Ниту во бивша СФРЈ, ниту додека имаше војна таму, ниту сега....
 
Hrvatska trebase da bide vo EU pres Bugarija i Romanija. Jas od se srce im cestitam na Hrvatite...

Daleku e i vo Hrvatska od sjajno, megutoa nesporedlivo e podobro od Makedonija.
 
celiot balkan kako sto gledas poleka se integrira vo sistemot na eu, ce ostaneme samo nie i Kosovo ako i toa ne ne prestigne.
Sekoja drzava si ima svoi predizvici i problemi toa ne znaci samo nie da kukame samo nas ni e loso treba konkretno da preminene kon resavanje na problemite a ne uste da natalozuvame novi
 
60468602.jpg


Честитам Хрватска!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom