Интересна статија !
Иако „Вимблдон“ е најпрестижниот турнир во светскиот тенис, учесниците добиваат само две недели да се подготват за остварување на сонот со титула на тревнатата подлога. Оваа специфична брза и единствено преостаната природна подлога бара посебни познавања и различен начин на игра. Кај некои тенисери тој стил е особено развиен, но бројни шампиони и рекордери никогаш не успеаја да се навикнат на лондонската трева, како што го правеа тоа на останатите побавни подлоги. Пред почетокот на „Вимблдон“ наредната седмица, потсетуваме на најдобрите десет на тревнатата подлога во Опен-ерата.
10. Род Левер - 2 титули (1968, 1969) во 2 финалиња
Покрај двете титули на почетокот на Опен-ерата, Род Левер го освојуваше „Вимблдон“ и како аматер на почетокот на шеесеттите. Со 87,72 проценти успешност на натпреварите во клубот „Ол Ингланд“, Левер докажа дека знае како да се движи и што е најважно, знае како да ги победи најважните поени. Во 1968 година, за само еден час победи во финалето со 3-0 во сетови против Тони Рош и заработи скромни 4.800 долари. Наредната сезона, покрај „Вимблдон“, ги освои и останатите три грен-слем турнири.
9. Штефан Едберг - 2 титули (1988, 1990) во 3 финалиња
Човекот кој беше поим за сервис-волеј игра. Покрај победите на „Вимблдон“, славеше двапати на Австралија Опен во осумдесеттите години, додека тој турнир се играше на тревната подлога. Двете титули на „Вимблдон“ ги освои против Борис Бекер, во врвот на нивното големо ривалство.
8. Џон Њукомб - 2 титули (1970, 1971) во 3 финалиња
Според многумина, Австралиецот е најдоминантниот сервер на сите времиња. Го освојуваше „Вимблдон“ уште трипати, но тоа се случуваше пред Опен-ерата. Легендарното финале во 1971 година против Американецот Стен Смит траеше повеќе од четири часа и заврши со победа на Њукомб во пет сета.
7. Рафаел Надал - 2 титули (2008, 2010) во 4 финалиња
„Кралот на земјата“, како што го нарекуваат, воопшто не е слаб ни на оваа многу побрза подлога. Финалето против Федерер во 2008 година ставено е на првото место во најдобрите грен-слем финални натпревари на сите времиња. Во 2010 помина многу полесно против Бердих, а таа година беше прва по 2002 година, кога Федерер не настапи во финале.
6. Џими Конорс - 2 титули (1974, 1982) во 6 финалиња
Лесно го доби првото финале во 1974 против Кен Росвол, но потоа ја почна битката со вечниот ривал - Џон Мекинро. Финалето против Мекинро во 1982 година беше наречено „борба за живот или смрт“. Конорс го доби со 3-2. Се сретнаа уште еднаш во 1984 година и тоа беше последно финале за двајцата.
5. Борис Бекер - 3 титули (1985, 1986, 1989) во 7 финалиња
Таа 1985-та и победата на „Вимблдон“ како дебитант на 17 години, го промовираше Бекер во еден од најдобрите на сите времиња. Стана првиот нерангиран играч со трофеј. Наредните години ќе се паметат по големите ривалства со Штефан Едберг и Иван Лендл, во златните години на германскиот тенис.
4. Џон Мекинро - 3 титули (1981, 1983, 1984) во 5 финалиња
Брзиот и офанзивен тенис го направи омилено лице во Лондон и покрај неговите чести неконтролирани гестови. Во 1981 година, стави крај на ерата на Бјорн Борг и почна своја. Доминирајќи ги наредните години, со доаѓањето на Бекер мораше да го препушти врвот.
3. Бјорн Борг - 5 титули (1976-1980) во 6 финалиња
„Ладниот Швеѓанец“ играше на „Вимблдон“ со 92,73 проценти успешност. Доминацијата ја почна во 1976 година со победата против Настасе и потоа победуваше во наредните пет сезони. Последната ја оствари против Мекинро во 1980 година и до Роџер Федерер, немаше тенисер кој успеал да слави на овој престижен турнир петпати по ред.
2. Роџер Федерер - 6 титули (2003-2007, 2009) во 7 финалиња
„Младиот господин од Швајцарија“ беше огромен талент, но многу медиуми почнаа да создаваат притисок и да се прашуваат дали некогаш ќе освои грен-слем. Во 2003 година, Роџер го победи Филипусис и потоа никој не можеше да го запре. Покрај гореспоменатото легендарно финале во 2008 година, Федерер играше одлично финале и во 2005 година против Енди Родик. Швајцарецот направи само еден брејк цел натпревар и славеше со 5-7, 7-6, 7-6, 3-6 и 16-14.
1. Пит Сампрас - 7 титули (1993-1995, 1997-2000) во 7 финалиња
Без посебен карактер, но брза сервис-волеј игра за максимална успешност во сите финални натпревари што ги играше во Лондон. Сампрас доминираше во деведесеттите години, неутрализирајќи силни имиња како Горан Иванишевиќ, Андре Агаси, Борис Бекер, Седрик Пиолин, Патрик Рафтер и слични. Се повлече од тенисот на почетокот на новиот век, но остана најомиленото лице на престижниот клуб „Ол Ингланд“.