Андора ја призна независноста на Косово

  • Креатор на темата Креатор на темата redblackarmy
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 март 2011
Мислења
592
Поени од реакции
79
Локација
Tetovo
Andora.GIF


Андора и официјано ја призна независноста на Косово, со што бројот на земјите кои тоа го направиле досега достигна 76.​
Министертвото за надворешни работи на Косово потврди дека официјалниот документ бил доставен до косовската амбасада во Брисел, јави дописникот на МИА.​
- Ова признавање доаѓа во време кога МНР прави максимали напори за заокружување на процесот на признавања, стои во соопштението на косовското Министерство.​
Косовската Влада вчера одобри план на стратегија за лобирање за нови признавања на независноста на Косово.​
Документот под наслов „План за постигнување целосно признавање на Република Косово“ подразбира активности кон одредени категории држави, кои според министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај се ставени во пет групи.​
- Во првата група се земји кои го признале Косово, втората група држави се оние кои биле близу до признавање, а третата група се земји кои дале позитивни сигнали за тоа. Во четвртата група се земји кои се неутрални, а во петтата држави кои се против независноста, истакна Хоџај.​
Стратегијата е изработена во координација со Канцеларијата на претседателот на Косово Атифете Јахјага.​
 
А уствари зошто си ставил слика од Косовското и од Албанското знаме? Нели темава е за Косово... Каква врска има Албанија со ова? Или и ти си еден од подржувачите на "Голема Албанија"?
 
Андора велиш....абе убаво што Андора го признала Косово...ама не видов знаме на кнежевството Андора.....гледам знаме на Косово и Албанија
 
А уствари зошто си ставил слика од Косовското и од Албанското знаме? Нели темава е за Косово... Каква врска има Албанија со ова? Или и ти си еден од подржувачите на "Голема Албанија"?
Ne provociraj ;) Sea e se vo red ... da ne ima panika ili slicni nesta od vasa strana :)

Granicita ne deli , no kulturata , jazikot , obicaite NE !!!

p.s THANK U ANDORA ...
 
Очекувајте сега политички промени од светски размери,особено кога Андора е во игра..:)
 
човече темата е Андора го признала Косово, а не Албанија го признала Косово......
 
Ne provociraj ;) Sea e se vo red ... da ne ima panika ili slicni nesta od vasa strana :)

Granicita ne deli , no kulturata , jazikot , obicaite NE !!!

p.s THANK U ANDORA ...
Зошто мислиш дека провоцирам? Убаво прашав, а и Ali G го дополни моето прашање. Зошто ако Андора го признала Косово, не си ставил слика со знамињата на Андора и Косово, туку си ставил од Албанија и Косово?
 
е сега да :) грешката е средена :) мислам претходната слика беше друго..и секого би го збунило тоа што имаше косовско и албанско знаме
 
Абе и од цел СВЕТ да се признае Косово, пак нема шанси да влезе во Обединети Нации-ООН, заради Русија,Кина и Србија, така да за сега е џабе муабет, ако не си членка на ООН, неможеш да учествуваш во меѓународни организации, а тоа ти е џабе, тоа е исто например да изградиш куќа и да те признаат комшиите, ама од друга страна немаш имотен лист, затоа што куќата тие дивоградба..
Односно не те признаваат од Урбанизам и Катастар..
 
тоа да....се додека Србија не го призне Косово......Русија чека на знак на Србија..ако Србија се согласи, Русија ќе го признае, исто и Кина...
 
тоа да....се додека Србија не го призне Косово......Русија чека на знак на Србија..ако Србија се согласи, Русија ќе го признае, исто и Кина...
Кина и Шпанија не, не заради Србија, туку заради слични ситуации во нивните земји, то ест Каталонија и Баскија, односно Тибет и Тајван.
 
Глупава тема, треба одма да се брише. Незнам каква врска има ова со нас.
 
:eek:

Кажи ми кога Капе Верде ќе го признае Косово да ја отворам пак темава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom