- Член од
- 26 март 2011
- Мислења
- 592
- Поени од реакции
- 79
Андора и официјано ја призна независноста на Косово, со што бројот на земјите кои тоа го направиле досега достигна 76.
Министертвото за надворешни работи на Косово потврди дека официјалниот документ бил доставен до косовската амбасада во Брисел, јави дописникот на МИА.
- Ова признавање доаѓа во време кога МНР прави максимали напори за заокружување на процесот на признавања, стои во соопштението на косовското Министерство.
Косовската Влада вчера одобри план на стратегија за лобирање за нови признавања на независноста на Косово.
Документот под наслов „План за постигнување целосно признавање на Република Косово“ подразбира активности кон одредени категории држави, кои според министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај се ставени во пет групи.
- Во првата група се земји кои го признале Косово, втората група држави се оние кои биле близу до признавање, а третата група се земји кои дале позитивни сигнали за тоа. Во четвртата група се земји кои се неутрални, а во петтата држави кои се против независноста, истакна Хоџај.
Стратегијата е изработена во координација со Канцеларијата на претседателот на Косово Атифете Јахјага.