За кој книжевен лик би гласале?

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.412
Поени од реакции
6.017
Ова не е тема за омилени ликови од книги, туку ликови кои кога би биле вистински и би имале можност да им ја дадете својата доверба, би ги гласале да одлучуваат за важни одлуки во државата.

Мојот избор е Жан Валжан од „Клетници“. :) Тој е лик со милион проблеми нанесени од државата, знае да се избори и да се снајде во тешки и комплицирани ситуации. Жртва на општеството што на крајот сепак го наоѓа своето место.

Кој е вашиот избор? :)
 
Ќе гласав за Раскољников, но ме разочара со убиството на Лизавета. :)
Инаку да, Валжан е лик кој поминал се во животот, знае како е да биде понижен, знае што е страдање, што е неправда... и баш таков ни треба на нас денес. Човек што може да сочувствува со својот народ.
 
Јас би гласал за Евгениј Онегин од истоименото дело од Пушкин. Доволно е да се каже дека потекнува од богато семејство, се стекнал со доволно образование, има цврст карактер, и работите околу него ги гледа на правилен и разумен начин.

За кого не би гласал? Мерсо од Странецот“ е многу интересен лик, но бидејќи е рамнодушен би ни ја уништил државата.
 
Новеченто од Алесандро Барико.

Не ми е потребен некој со јака воља и јак карактер што има сила да менува закони. Потребен е некој кој аспиринот ќе го претвори во мед, болката во музика. За да живеам уште еден ден плус.
 
Сите наши денeшни властодршци се Тартиф, без исклучок :)
 
Дефинитивно Robert Jordan - од For Whom The Bell Tolls (за кого бијат камбаните) на легендарниот Ернест Хемингвеј!
Нема да објаснувам многу, тој што ја прочитал книгата ќе знае зошто го бирам овој лик(а тој што не ја прочитал да го стори тоа најбргу што може)! Силен, комуникатаивен, интелигентен, вистински лидер, решителен, добар стратег, и најважно од се многу пожртвуван за тоа што го прави! Секоа чест на Хемингвеј за идеалниот лик што можел да го состави! Да имавме ваков човек вреди и да се полнат кутии за него (шега се разбира :)) Бел бумбар за Robert Jordan!!!
 
Ежен де Растињак
Потекнува од сиромашно семејство, научен е да живее чесно, сам го завршил образованието, а случката со Горио го опамети за цел живот
 
Ќе биде тотално клише ако пишам Настасја Филиповна ...
Не, државата би можел да ја води според мене Лудвик Јан, „Шега“ Милан Кундера, и не затоа што е обвинет дека е индивидуалист во време кога сите граделе социјализам, туку затоа што толку проклето силно се трудеше да не биде.
 
Колку убава тема!!!

Никогаш не сум размислувала, но сигурно знам дека гласот нема да го дадам на Петар Ворховенски или пак Ставрогин, но за жал само такви имаме засега. :(
 
Можеби и би гласал, но никој од овие никогаш не би се кандидирал...:D
Анри Шарие, Мартин Идн, Џерард Геилс и Едмон Дантес како кандидати на нечија пратеничка листа?
Винстон Смит за ПрецЕдник !
Јозеф К за премиер !
Јозеф Швејк министер за внатрешни...
 
Колку убава тема!!!

Никогаш не сум размислувала, но сигурно знам дека гласот нема да го дадам на Петар Ворховенски или пак Ставрогин, но за жал само такви имаме засега. :(
I mene prvo sto mi tekna bese Verhovenski, a Stavrogin nikogas ne bi se nafatil za takvo nesto, toj go otfrli planot na Verhovenski...;)
 
За Андреј Соколов од ,,Судбината на човекот,,- Шолохов
 
Јас би гласал за Поаро на Агата Кристи, затоа што тој ќе ја реши секоја мучка која ке се случи во државава :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom