За кој книжевен лик би гласале?

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
L од Death Note: Another note (The Los Angeles BB Murder cases).
Човек со IQ: 200+, а уште побитно и со силно чувство за правда.
 
Шерлок Холмс би го ставила на позиција претседател на Р.М.

На власт би ги донела Солунските Атентатори, Кирков за премиер.
 
Лизбет Саландер, затоа што информацијата е предност.
Поаро, затоа што нема совршено убиство.
 
Јас гласам за Ралф Труит од "Надежна сопруга" од Роберт Гулрик, човекот преживеал 3728283 глупости, предавства во животот па дури и неговата сопствена жена се обиде да го отруе а тој поради големата љубов и страст спрема неа и прости и сепак до самиот крај на книгата остана вистински човек со сите. (y) Потоа, "Евгениј Онегин" на Пушкин, според мене големината во неговиот лик е во тоа што своето незнаење за многу работи вешто знае да го сокрие од благородниците, ги заведува жените околу себе со својата едноставност и демек несакајки ги прави да бидат луди по него. :love:
 
Гласам за Глигор од "Пустина" - Ѓорѓи Абаџиев!
-доста е интелигентен
-се држи одважно и храбро
-знае да живее во сегашноста а сепак успева да биде целиот устремен кон иднината
-не отстапува од сопствените цели
-зрачи со силен дух и оптимизам
-поседува нешто што се вика СОВЕСТ, што за жал во денешно време ретко кој политичар го поседува...
-БОРЕЦ Е за својот народ!
 
Би го одбрал или Роберт Ленгдон од книгите на Ден Браун зашто како прво е Американец и знае да го реши секој проблем, потоа е доста интелигентен и знае да се вовлече во секакви каши и на крај да се извади од нив. Ако не е тој, тогаш би го одбрал Туше од "Угурсуз" на Сашо Тасевски. Кој ја читал книгата знае кој е Туше, дечкото е најголем анонимец, но е во центарот на сите светски случувања и носот му е пикнат буквално секаде ама знае да се спаси на крај.
 
Joan од „Pope Joan“-Donna Woolfolk Cross

Ликов е женски, ама интелигенција невидена. Преправена во машко, успева да стигне дури и до папскиот престол! Со толкав успех, без двоумење би и се доверил.
 
Witch King of Angmar.
Зошто?
Типот е гаден и опасен политичар.Буквално he wrote the book on Divide and Conquer.
За кратко време,успева да распадне огромно кралство,ги врти Нуменорците меѓу себе,им сска тролови,варги итн.
Inspiring leader,and a force to be feared,колку на политички план,толку и на бојното поле...јак стратег мамата.
And the master of cheap tricks,deceit and low blows.
 
Велика од „Пиреј“ на Петре М. Андреевски.

Олицетворение на неизмерна добрина и огромна храброст.
 
Можеби и би гласал, но никој од овие никогаш не би се кандидирал...:D
Анри Шарие, Мартин Идн, Џерард Геилс и Едмон Дантес како кандидати на нечија пратеничка листа?
Винстон Смит за ПрецЕдник !
Јозеф К за премиер !
Јозеф Швејк министер за внатрешни...

Дефинитивно Мартин Идн, кој што го прочитал делото на Џек Лондон знае.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom