Divider
Seraphim
Достоевски - писател на мрачната страна на Русија, писател кој успеал длабоко да навлезе во секојдневието. Писател, егзистенцијалист, умешно ги опишува измачените умови на ближниот, неговите карактери имаат сите негативни особини на еден изопачен свет, а сепак прикриено успеава да долови моралност и доблесност.
Иако русин, мене ми наликува на траорен викторијански писател со голем психолошки моментум кој го гради до експлозија и безумие од кое само тој и никој друг може да не извлече, да ни покаже пат, светлина на крајот од тунелот.
Толстој - реалистична фикција, интриги, препирки, секојдневни проблеми на повисоката класа, морални дилеми, љубовни маки, семејни преплетки и склопци, а сето тоа на еден уникатен двослоен начин. Писател чие ремек дело - Војна и Мир - едниствено што може да се чита одвоено, само војата или само мирот, за на крај да не не остави на мир додека не се избориме со самите себе и го прочитаме во еден здив, за на крај да заклучиме дека една порака провејува и таму и во Ана Каренина, а и во другите негови дела - живеј онака да најдоброто можно си го пружиш себе и на сопственото семејство, живеј со полни гради оти утре можеби нема да си жив.
Обајцата се гении на перото, духовници, лидери, класици, неспоредливи освен со генијалноста да се, секој на свој начин, прикаже третото око на секојдневието во кое се наоѓале.
П.С. Не гребам по книгите, ги литам и анализирам.