Достоевски & Toлстој

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefanos_M
  • Време на започнување Време на започнување
Достоевски - писател на мрачната страна на Русија, писател кој успеал длабоко да навлезе во секојдневието. Писател, егзистенцијалист, умешно ги опишува измачените умови на ближниот, неговите карактери имаат сите негативни особини на еден изопачен свет, а сепак прикриено успеава да долови моралност и доблесност.
Иако русин, мене ми наликува на траорен викторијански писател со голем психолошки моментум кој го гради до експлозија и безумие од кое само тој и никој друг може да не извлече, да ни покаже пат, светлина на крајот од тунелот.

Толстој - реалистична фикција, интриги, препирки, секојдневни проблеми на повисоката класа, морални дилеми, љубовни маки, семејни преплетки и склопци, а сето тоа на еден уникатен двослоен начин. Писател чие ремек дело - Војна и Мир - едниствено што може да се чита одвоено, само војата или само мирот, за на крај да не не остави на мир додека не се избориме со самите себе и го прочитаме во еден здив, за на крај да заклучиме дека една порака провејува и таму и во Ана Каренина, а и во другите негови дела - живеј онака да најдоброто можно си го пружиш себе и на сопственото семејство, живеј со полни гради оти утре можеби нема да си жив.

Обајцата се гении на перото, духовници, лидери, класици, неспоредливи освен со генијалноста да се, секој на свој начин, прикаже третото око на секојдневието во кое се наоѓале.

П.С. Не гребам по книгите, ги литам и анализирам.
 
Лично, многу поблизок на мојот вкус е Достоевски. Всушност тој ми е и омилениот литературен автор. Неговите психолошки пресеци, и неговата способност за проникнување во сите сегменти на човековата личност се, според мене, ненадминати. Ја поврзува социјалната "драма" со личните превирања на исклучително вешт начин, па затоа неговите дела имаат една ретка целовитост. Кога ги читам неговите дела, се чувствувам како да сум сведок на сецирање на човековата душа. А, тоа е вознемирувачки, но истовременио и толку убаво и возвишено. Инаку пред некоја година налетав на една не толку позната збирка на раскази од Достоевски, со наслов "Бели Ноќи" и преку неа се запознав со една нова страна од творештвото на Достоевски, којa покажува дека знае да биде и духовит и сосема вешто да се снајде во кратко изразно средство какво што е расказот.
Што се однесува пак до Толстој...Неговите дела се многу повеќе обоени со идеологија, и неговиот фокус почесто паѓа на социјалниот момент. Далеку од тоа дека не ги разработува ликовите доволно добро, баш напротив, туку тие почесто му служат само како средство за пренесување на една "поголема" слика. Еве да се послужам со метафора во компрацијата на овие два автора...Како што Достоевски почесто се фокусира на дрвото отколку на шумата, така Толстој го прави спротивното.
Но, и двајцата се великани и генијалци на пишаниот збор. Нема подобар или полош, постои само личен вкус во ставот кон Достоевски и Толстој.
 
ada напиша:
Но, и двајцата се великани и генијалци на пишаниот збор. Нема подобар или полош, постои само личен вкус во ставот кон Достоевски и Толстој.
Како и за се со префикс уметност... :smir:
 
Достоевски дефинитивно..Особено делото ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА ми има оставено голем впечаток:pipi: навистина добар роман..
 
Најдобри писатели. Тоа ти е кога читаш книгата, се препознаваш во толку многу описи, бидејќи се толку детални. Моја препорака “Воскресение“ од Толстој. Прекрасно нешто
 
Злостор и казна ми остана во срцево.
 
Повеќе ми се допаѓаат книгите на Достоевски. Најмногу сум ги анализирала токму неговите книги исполнети со метафора, алегорија, фантастични мисли... Сепак и Толстој е извонреден. Ептен ми се допадна ,,Смртта на Иван Илич". Многу поучна книга
 
Достоевски повеке го почитуам..Толстој е океј али многу ме замара кога ке почне да опишува се до детал :S
 
Dostoevski e nenadminat kako pisatel koj psihoanaliticki navleguva vo sustinata na covekovata svest i apsurdnostite na egzistencijata. Zatoa delumno moze da se tretira i kako pisatel na filozofijata na apsurdot zaedno so Kafka i Kami. Vo negovite dela postojano provejuva rastrgnatosta na covekot pomegu angelskoto i gavolskoto sto go nosi vo sebe.
Toljstoj od druga strana e porealisticen i popragmaticen pisatel koj poseduva analiticki pristap, no ne se okupira tolku mnogu so potsvesnite dimenzii na covekovata psiha. Iako i toj vo Otec Sergej i Krojcerovata sonata odlicno gi prikazuva skrienite stravovi, nagonskite sili i psihofizickata nepredvidlivost, reflektirani vrz covekot, vo migovite koga ke go zavladeat iskusenijata na duhot i teloto.
 
Достоевски усте од мал го осознавал реалниот и суров свет кој сто владеел во тоа време.Тој е роден и израснал во скромно семејство.За неговата интелегенција и стил на пишување нама сомневање,преовладува вистинскиот реализам и психоанализите на ликовите се објаснати на таков начин што се сретнува само и единствено во неговите маестрални дела.Сите негови дела се автобиографски, во делото Браќа Карамазови има афтобиографски сегменти,во ликот на Иван Карамазов тој се гледа себе си,тој не е вистинскиот убиц на својот татко,но така се чувствува бидејќи можел, а не го спречил убиството.Таткото на Достоевски е опишан како мал тиранин од страна на критичарите,достоевски од мал бил излозен на разни малтретиранја од страна на татко му,и затоа тој цело време потсвесно сака да го убие но сепак не се осмелува.Тие малтретирања влијаат на неговиот психички одраз во општеството,да израсне во "ЧУДАК" така е окарактеризиран во неговото опкружување.Детството го поминал восхитувајќи му се на делата на Балзак,иако не мозам да увидам некој поголеми сличности во нивните дела.Во неговите дела нема распеани позитивни зборови,нема позитивни чувства нема розеви описи на пејзажи на ентериери,но затоа има огромен опсег на сиви, изморени и морничави чувства,размислувања,описи а истите тие чувства се поттикнати од животната драматичност што ја носи во себе, од животот што не се движи кај него.
Ако е Пушкин највеселото име во Руската книжевност,Достоевски е дефинитивно најтрагичното име.Делата на Достоевски не се философија,тие се уметничка книжевност,затоа всушност современата книжевност не може да се разбере без Достоевски.
 
Сите претставници на руската школа имаат свој квалитети. Кога се зборува за Достоевски и Толстој дефинитивно не може да се прави споредба , затоа што на различен начин ни го прикажуваат она што е нивна идеа. За мене и двајцата се феноменални и брилијантни умови кои знаат да направат нивните ликови да ни се вовлечат под кожа. Некои ги сметат за досадни поради големината на нивните книги и некои непотребни описи на ентериерот , но нема сомнение дека тие се творци на атмосфера, напнатост, длабоко психолошки обработени ликови и појави кои се искажуваат преку нив.
 
Оваа година,3та средно,учевме за нив,и некако повеќе го засакав Достоевски.Од него ја имам прочитано,за жал,само "Злосторство и казна",а би сакала да ја прочитам и "Записи од мртвиот дом" каде што ги опишува неговите денови поминати на робија,во Сибир.

Од Толстој ми се допаѓа "Ана Каренина"
 
Јас ги имам читано "Смртта на Иван Илич" и "Ана Каренина" од Толстој и искрено многу ми се допага неговиот стил на пишување.Тие две книги се извонредни и оставија огромни впечатоци во мене.А за Достоевски не можам да кажам ништо бидејки не сум читала негови дела. Поздрав....:helou:
 
А зош не го ставете и Чехов у споредбената анализа?

Толстој - за богатите
Достоевски - за сиромашните
Чехов - за средната класа
(ако веќе градираме)

Инаку, сите тројца се одлични психолози и прават прекрасано нијансирани психолошки профили на главните личности во своите дела. Секој на свој начин и од своја гледна точка. Имаат опфатено различни аспекти на општеството во кое живееле и твореле.
Ако бирам некој од авториве као подобар - мојот избор е Чехов (затоа и го предлагам у споредбава, де)

Чехов не писува за средната класа, неговото творештво може да се подели на дела со различни тематики од кои една е за бирократијата, како на пример во неговите раскази, кои верувам си ги прочитала. Пример еве нека биде расказот Дебелиот и тенкиот или Шинела.
ЧОВЕКОТ ТОА Е НЕГОВИОТ ЧИН - ќе рече Чехов
Он топик, повеќе го сакам Толстој затоа што ме воодушевува Војна и мир и тоа што не преоптеретува неговиот стил со детални психолошки навлегувања. За разлика од Толстој, Достоевски ме умара некако:toe:
 
Добар е Чехов, само јас не би го споредувал со Толсој и Достоевски. Според мене тие двајца се можеби најдобрите писатели на светот. А ако го вметнуваме Чехов, тогаш би требало да ги вметнеме и Лермонтов, Тургењев, Карамазин итн...
Чехов е мнг блиску до Достоевски. Само што Достоевски пичува со таков стил, како никој друг, па и да што и да пишува по содржина, самото тоа како ги опишува работите(стил на пишување), ме тера да се фасцинирам од неговите дела.
:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom