Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Се случува еден од партнерите (или во најлош случај и двајцата) да е посесивен до тој степен што почнува да му пречи на другиот. Толку многу се сакаат двајцата, што не сакаат да се разделат, а сепак „жртвата” (лош збор, ама не ми текнуваше нешто поблаго) почнува после некое време да чувствува како врската го гуши.
Искрено, посесивна сум и јас по малку, си признавам. Можеби тука многу грешам, ама навистина е тешко да го контролираш тоа иако секогаш се трудам.
Сте биле во ситуација да е партнерот посесивен? Ви годело тоа што знаете дека партнерот ве сака само за вас, тоа што ве сака толку многу?
Колку сте вие посесивни?
Сум била во ситуација да не сум посесивна, а партнерот бил. Навистина е ужасно! А сум била и јас иако знам како е да си од другата страна. Дали е оправдување тоа што го/ја сакаш толку многу што не сакаш да ти избега, да не сакаш да се оддели никогаш од тебе? Дали се само изговори?
Искрено, појма немам како може ова да се искорени. Сите сме по малку посесивни, така? Или не?:ija:
Па?