Струмикс
Еден...не го знаеш!
- Член од
- 9 декември 2005
- Мислења
- 13.811
- Поени од реакции
- 3.347
- Возраст
- 47
- Локација
- Струмица
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Милион пати пишувано....еве пак...
И не верувајте на идиотштините по портали и слични глупости:
согласно актуелниот ЗБСП во членот 404 е наведено:
(1) Моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат НАДВОР ОД НАСЕЛЕНО МЕСТО, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.
(2) Униформираниот полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема, согласно со ставот (1) на овој член.
(3) Униформиран полициски службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.
(4) Глоба во износ од 15 ЕВРА во денарска противвредност, во мандатна постапка, согласно со одредбите на овој закон, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Е, а еве како ќе биде кога ќе стапи на сила новиот ЗБСП, во член 364 е наведено:
(1) Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.
(2) Полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема, согласно ставот (1) на овој член.
(3) Полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.
(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка, ќе му се издаде односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Разликата е во тоа што зимската опрема ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА И ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО, и казната е 45 евра или 25 казнени поени. Тоа кога ќе стапи во сила новиот ЗБСП.
Зимска опрема се зимски гуми или летни гуми со шара од најмалце 4мм, тоа би му дошло здрава гума на половина од својот работен век, нова има шара длабока 8мм...