Одвеано од виорот, мојата омилена
Ловец на змејови и
Илјада неверојатни сонца од Халед Хосеини, мислам дека за нив нема потреба нешто да се каже, кој ги прочитал знае.
Дваесетата Сопруга и
Празникот на розите, тука ја ставам и
Под мермерно небо.
Потоа ја имам негде спомнато
Американска трагедија од Драјзер, ладнокрвноста на Клајд мислам дека нема да ја заборавам никогаш.
Папата Јована исто, веќе гледам ја имаат спомнато.
Заедно од Џоди Пико, книгата ја мислев со денови откако ја прочитав, исто и
Жената на патникот низ времето, а сепак слушнав многу поделени мислења за оваа книга, но тоа не го менува впечатокот кој го остави на мене.
Од Зафон ги одвојувам
Сенка на ветрот и
Марина, некако најмногу ми се допаднаа.
Господар на Прстените ја носев во школо и ја читав на часови од што не можев да ја оставам, а исто и
трилогијата Милениум од Стиг Ларсон ми е една од омилените, поготово што си ја добив на подарок.
Серијалот Песна од лед и оган ми е исто во најомилените, чекам да го најдам последниот излезен дел.
Јулија од Ен Фортие исто ми остави впечаток, сакам такви книги со испреплетување на минато, сегашност... А тука морам да ја спомнам и
Розата на Севастопол од Катерина Мекмехон. Да не ја заборавам
Невестата во Борџии, а и како би можела кога ме остави бе спиење

Ај доста се, не ми ни текнуваат веќе вака касно.