Книги што сте ги прочитале и коишто ви оставиле впечаток?

  • Креатор на темата Креатор на темата Police
  • Време на започнување Време на започнување
Под Мермерно небо и е од Џон Шорз, ама многу е слична тематиката, а некои и ја сметаат за продолжение на книгите од Инду Сундаресан, па затоа и ја сместив во истата група. Како и да е, книгата е навистина прекрасна, јас од саем си ја купив и не зажалив за тоа.
Инаку, не сум ги спомнала и Девојката на командантот и Сопругата на дипломатот од Пам Џеноф, две прекрасни книги за Евреите за време на холокаустот и животот во подоцнежните години по војната, испреплетени со љубовни приказни...
Ако ти се допаѓа Шорз, земи ја „Никаде без ќерка ми“ од Мишел Нури. Дури и ако знаеш тро повеќе англиски земи ја на истиот, зашто македонскиот превод е слаб. Ама приказната како приказна, потресна.
 
^Сум ја читала:)Сепак фала на предлогот. Кога веќе спомна книга со ќерка во насловот, да ја ставам тука Заборавете дека сте имале ќерка од Сандра Грегори, вистинска приказна, вистинско животно искуство на авторката која заглавува во затвор во Тајланд поради шверцување на дрога.
 
Конечно се одлучив да ја купам Кодот на Да Винчи.
 
Одвеано од виорот, мојата омилена:)
Ловец на змејови и Илјада неверојатни сонца од Халед Хосеини, мислам дека за нив нема потреба нешто да се каже, кој ги прочитал знае.
Дваесетата Сопруга и Празникот на розите, тука ја ставам и Под мермерно небо.
Потоа ја имам негде спомнато Американска трагедија од Драјзер, ладнокрвноста на Клајд мислам дека нема да ја заборавам никогаш.
Папата Јована исто, веќе гледам ја имаат спомнато.
Заедно од Џоди Пико, книгата ја мислев со денови откако ја прочитав, исто и Жената на патникот низ времето, а сепак слушнав многу поделени мислења за оваа книга, но тоа не го менува впечатокот кој го остави на мене.
Од Зафон ги одвојувам Сенка на ветрот и Марина, некако најмногу ми се допаднаа.
Господар на Прстените ја носев во школо и ја читав на часови од што не можев да ја оставам, а исто и трилогијата Милениум од Стиг Ларсон ми е една од омилените, поготово што си ја добив на подарок.
Серијалот Песна од лед и оган ми е исто во најомилените, чекам да го најдам последниот излезен дел.
Јулија од Ен Фортие исто ми остави впечаток, сакам такви книги со испреплетување на минато, сегашност... А тука морам да ја спомнам и Розата на Севастопол од Катерина Мекмехон. Да не ја заборавам Невестата во Борџии, а и како би можела кога ме остави бе спиење:)
Ај доста се, не ми ни текнуваат веќе вака касно.
Еј Невестата во Борџии е прекрасна книга, прочитај ја и Јас Мона Лиза од истата писателка исто така е одлична. Обожавам вакви историски книги. Зошто гледам дека имаме сличен вкус би ти ја препорачала Портата од кафезот од Кејти Хикмен, верувај нема да згрешиш ако ја прочиташ исто така е со испреплетување на минатото и сегашноста. Мене ми е најомилена книга. :)
--- надополнето: Nov 12, 2011 10:04 PM ---
Ако ти се допаѓа Шорз, земи ја „Никаде без ќерка ми“ од Мишел Нури. Дури и ако знаеш тро повеќе англиски земи ја на истиот, зашто македонскиот превод е слаб. Ама приказната како приказна, потресна.
Никаде без ќерка ми е од Бети Махмуди :). Одлична книга е патем. :)
 
Планирам да ја купам Гавранот дали некој може да ми даде кратка фабула пред да ја прочитам ?
 
Мистериозната посета на гавран кој може да зборува кај еден расеан љубовник и го следи неговото бавно пропаѓање во лудило. Љубовникот, често препознаен како студент, ја жали загубата на неговата љубов Ленора. Гавранот, ја истражува и продолжува неговата мака со постојаното повторување на зборот nevermore
 
Ловец на змејови. Преубава книга, преубава. А кога ја зедов мислев дека нема да ми се свиѓа. Ми идеше да се расплачам на неколку места.
 
Штотуку завршив со Јадењето на (за) боговите. По препорака во еден блог кој одвреме навреме го следам, се решив да ја прочитам новелата на Горан Чучковиќ. Се работи за активностите во Јасеновац, познат логор во рамките на краткотрајната Независна Држава Хрватска, но и пошироко, поточно за експериментите на неговиот управник врз дел од заробените таму. Се работи за фантазија на авторот, се разбира. Но, тоа не значи дека неговите замисли, во основа, значително се разликуваат од она што се случувало во Јасеновац, Аушвиц, Дахау...
Сепак, Чучковиќ успева да ги долови тамошните случувања (што не е тешко), и што е уште поважно, успешно да ни ја пренесе неговата визија, замисла за тоа што било сторено во логорот (што е малку потешко). Текстот, секако, не е без националистички и политички предрасуди, ама тоа во крајна линија и не е толку битно, барем нема да биде за некоја деценија. И во Пеколот на Алигиери има излети од политичка природа, ама тоа не му ја намалува вредноста. Не, не ги споредувам делата по квалитетот.
Напишаното, според моето мислење, се вбројува во врвот на книжевноста која му припаѓа на современиот хорор жанр, посебно ако се земе предвид фактот дека многу успешно го постигнува она што авторот најверојатно сакал да го каже. Навистина не е за секого, како што не се ни повеќето добри работи од хорор литературата. Во секој случај, квалитетно, но тешко „за варење“ дело.
 
П.С Те сакам
Никаде без ќерка ми
Оркански Височини
Големиот Гетсби
Мемоарите на една Гејша
Принцезата Султана
многу други...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom