AC/DC

  • Креатор на темата Креатор на темата LP Fan
  • Време на започнување Време на започнување
Многу се добри............ 7-8 песни кога ке си ги наредам наеднач, супер ке те дигнат на нозе и да се раздереш
 
После концертов замре темава... Беше ли некој? Како си поминал? Мислење за концертот?
Иако поминаа скоро 3 години, валда се сеќавате уште.... Јас барем се сеќавам ;)
Еве нешто од новиот албум Black Ice, по мене успешен кам-бек 15 одлични композиции, макар да малку цепелиновски делуваат, но сепак одлично звучат.


 
Наводно работеле на материјал за нов албум, барем така изјави Клиф Вилијамс, само да не биди ко шо работеа на Black Ice, т.е. 8 години.
 
Наводно работеле на материјал за нов албум, барем така изјави Клиф Вилијамс, само да не биди ко шо работеа на Black Ice, т.е. 8 години.
Валда нема толку време да чекаме :)

Инаку за тие што ги сакаат, налетав на еден торент, комплетна дискографија сосе синглови, различни изданија, компилации, бокс сетови итн. во лузлес формат (156 изданија). Не знам дали админиве ќе дозволат пиратерија, ако некого го интересира, нека пише ПП.

Колку за потсетување на еден постар сингл (го нема во редовните албуми) со добар спот.
 
Ух од кај да почнам. Не чекавме 8 ама 6. Излезе новиот албум, 15ти студиски по ред Rock Or Bust (28 ноември, 2014)
Иако се 60тина години па и повеќе (Енгус 59, Брајан 67.....), сосем солиден албум и покрај персоналните проблеми на бендот. За жал Малколм Јанг не учествува на албумот од здравствени причини (деменција). Најверојатно нема да свири повеќе. За снимањето на абумот е земен внукот на браќата Јанг, Стиви (Stevie Young). Додека пак тапанарот Phil Rudd, бил уапсен на 6ти ноември поради сомневање за учество во убиство на двајца луѓе. Останатите членови на бендот (според нивни изјави) биле изненадени од веста и велат дека за ова дознале од вестите на ТВ. Наредниот ден обвинениjата се симнати, но обвинениеето за поседување на дрога и закана за убиство сеуште стојат.
Албумот е снимен во Warehouse Studio во Ванкувер, Канада, со продуцентот Brendan O'Brien. Кога тапанарот Фил Рад доцнел на снимањето 10 дена поради неговото апсење, продуцентот бил спремен да го замени, но тој се појавил на снимањето и го завршил неговиот дел.
Албумот има 11 нумери и е нивниот најкраток албум, нешто помалку од 35 мин (кратко ама слатко :D). Достигнува на бр 1 на топ листите во многу земји. Во САД за една недела се продадени над 172.000 албуми. Генерално албумот има позитивни критики. Spored metacritic има рејтинг 75 од можни 100.
Планирана е турнеја во 2015та, за промоција на албумот.
Композициите се следните:

1. "Rock or Bust" 3:03
2. "Play Ball" 2:47
3. "Rock the Blues Away" 3:24
4. "Miss Adventure" 2:57
5. "Dogs of War" 3:35
6. "Got Some Rock & Roll Thunder" 3:22
7. "Hard Times" 2:44
8. "Baptism by Fire" 3:30
9. "Rock the House" 2:42
10. "Sweet Candy" 3:09
11. "Emission Control" 3:41

Инаку на прво (не баш прво, ама ај да речеме...) не ми остава некоја композиција посебен впечаток, можеби последната до некаде, но ќе го преслушам потемелно па ќе видиме.
1.
2.
 
Го знае некој текстот на она Дрти дидз данд дрт чип?
 
Жално е ова што му се случува на Брајан Џонсон. Едноставно АС DC не се тоа што се без него. Се надевам некогаш ќе може да се врати, иако тешко е да се случи тоа како што стојат работите. Штета и затоа што АС DC се едни од ретките останати легендарни бендови кои се уште вреди да се слушнат во живо.

Но сепак мислам дека Аксл Роуз како привремено решение не е така лоша идеја во музичка смисла. Ретко кој може да се нафати да биде вокал на АС DC, треба многу специфични гласовни можности. Мислам дека Аксл сепак може прилично добро да ја заврши задачата. Го гледав настапот заедно со Ангус на Коачела. Добро му легна Whole Lotta Rosie. Но, ова само ако е привремено решение, до крај на турнејата. На долг рок не Аксл, туку било кој друг не би бил идеален. За жал, во таков случај подобро е АС DC да заминат во рок историјата.
 
Направи споредба со истата песна во 90-тите, кога кулминираа ГНР, и денес! Патетика.
Јасно е дека со текот на времето гласот може да истрпи одредени модулации, но она што се случи со Аксл Роуз е срашно. Не е во состојба на писка како порано, сега повеќе крешни отколку што пее, барем јас тоа не би можел да го наречам пеење во однос на Брајан и на Бон (кога зборуваме за вокалните способности за идеален и иден пејач за AC DC).

Затоа јас мислам дека тој и не е баш некое решение на овој сериозен проблем, колку и да трае, а и далеку од тоа дека треба да заминат во историјата. Според мене тие се најдобриот активен рок н рол бенд. Имаат потенцијал, имаат желба, но ја немаат онаа нивна претпознатлива енергија во песните, иако сега се малку помеки, покревки и затоа последниве 2 албума воопшто не личат на AC DC од 70-тите и 80-тите, па и во 90-тите имаа еден одличен албум. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom