За крај сакам да кажам дека сме едни од најнеработливите луѓе на цел свет и сакаме парите да ни капат од небо.Е нема така никаде, не може.
Затоа доста кукате и фатете се за работа.
Е, ова кога ќе го видам коса ми се дига на глава....
Како сакаш некој да биде работлив кога освен пари колку за да преживее ништо друго не добива од работата?
За било кој човек да вложува труд на долг период мора да има доволна мотивација, а мотивацијата не е само пари.
Кај нас ако најдеш работа државно кафекувар кој нема никаква врска со струката ти е претпоставен затоа што е доволно глуп да потпишува тендери што генералниот му наредил да ги потпише. Шанси за кариера немаш. Имаш работно место каде што работиш се што ќе ти кажат ама унапредување, дообучување, сериозни проекти каде што можеш да се докажуваш и принципи на работа во институцијата нема. Шанси за напредок во кариера имаш еднакви како и шалтерска работничка на автобуска станица.
Никој не ги почитува институциите затоа што таму дошол преку партиска наредба, а не со реален труд.
Ако најдеш работа приватно може ќе биде малце подобро ама големи се шансите дека ќе те плаќаат далеку под твоето образование, дека ќе работиш од 12-14 саата на ден без дополнителен надомест и постојано ќе те потестуваат дека ако не ти се свиѓа можеш слободно да си одиш затоа што има 10000000 други што едвај чекаат да се отвори работно место.
Да не збориме дека ако некогаш ти платат некој курс очекуваат да потпишеш смешно долги договори дека ќе останеш со нив, а кога ќе потпишеш таков договор е исто ко да си му ја продал душата на ѓаволот. Ќе заборавиш и викенд и одмор и покачување на плата и тоа дека постои живот надвор од работата.
И тука немаш некој сериозни шанси за напредување во кариерата и професионална надградба затоа што приватниот газда смета дека тоа што ти дал работа те прави негов должник.
Ама нема врска и покрај се ќе се избацат генијалци што ќе тврдат дека ние сме неработливи, мрзливи и сами сме си криви што сме последни во Европа во секој поглед.