50 евра за плукање на улица!

  • Креатор на темата Креатор на темата Robbie
  • Време на започнување Време на започнување
Има некои поважни работи што не функционираат во македонија а не па тоа...
Јас мислам ова е само како да кажам реклама демек немојте да плукате на улица, за градот да е почист :tapp:
 
нека има и таков закон.
не плукам па не ми е проблем
а тие што плукаат нека си носат шише со поголем отвор
мразам плункотини
 
Кога веќе сакаме европски закони може и вакви да се донесат...


БИЗАРНИ КАЗНИ ВО ИТАЛИЈА

За бакнување во автомобил 500 евра!?

6803B3FCCFCDF54EA85B54DB1CCB807B.jpg
Британскиот дневник "Гардијан" пишува дека многу градоначалници од Италија понесени од новата политика на владата за борба против криминалот, почнале да воведуваат бизарни забрани и казни. На местото Еболи е воведена казна од 500 евра за бакнување во автомобил, во Ераклеа, недалеку од Венеција правењето на кула од песок на плажа се казнува 250 евра. Пушењето на плажа во Ористан на Сардинија ќе се казнува со 360 евра, а собирање на печурки на планината Алто - со 113 евра. Во Капри се забранува носење на гласни дрвени сандали како и напуштање на плажите со бикини, пренесува агенцијата Нетпрес. Истото важи и за хранењето на гулабите, освен во сабота. Косењето на трева во Форте ди Марми е дозволено само за викенди. Локалните примери ги следела и италијанската влада која оваа недела им забранила на Кинеските да нудат масажи на плажите во Италија.
 
Абе може и за кажување *Те сакам* да се казнува со 74,5 евра се е можно само за пари да е...таква е нашата политика:bravo:
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Нова давачка за јавна чистота[/FONT]

%7B14B5BC1F-A484-4F90-AE0D-061D56171232%7D_gjubre-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Со предлог-законот за јавна чистота, што минатата недела Владата го достави во Собранието, се воведува нова давачка. Освен за работата на јавните комунални претпријатија, граѓаните сега ќе плаќаат и сметка за јавна чистота. Министерот за трнаспорт и Врски Миле Јанакиески вели дека всушност нема да се оптовари буџетот на граѓаните, бидејќи и досега се плаќало за јавна чистота во сметките за вода и дека всушност тие пари само ќе се одвојат на посебна смета. Сепак тој не знаеше да каже дека дали оваа сума Ќе остане иста.
"Не се воведува нова давачка, бидејќи досега 30 отсто од тоа што луѓето го плаќале на име ѓубрарина одеа за одржување на јавната чистота. Не можам да кажам дали ќе има зголемување на оваа сума, бидејќи општините ќе треба да кажат дали ќе има потреба од дополнителни средства", рече Јанакиески.

Е ако тоа го кажуваат општините, ја наебавме дебело имајки го искуството со данокот на недвижен имот.
[/FONT]
 
Коа ќе ги испоапсат сите будали шо пукаат на свадби, на Велигден, нова година, крштевки,родендени,избори, матури,полуматури,повојници, европски и светски првенства, јас доборволно ќе се пријавам со правосмукалка да ја поминам цела партизанска.Четврт просечна македонска плата, за плукање на улица. Ќе си плукам ја и понатаму.Носот не си го секнам, ама коа си одажам накај дома обавезно застанувам некаде територија да обележам. Барем централно градско подраќје нека стат некој асален чист тоалет, кој не се наплаќа, наместо на местото каде што секоја нова година динамити и петарди се пукаат да поставуваат црква. Ионака парите шо ќе ги зберат од оваа санкција, за градење црква ќе си ги трошат.
 
Најновиот закон што го слушнав денес.
Па не знам дали ние толку отидовме напред ги завршивме сите работи со државата па стасавме до таму ако некој плукне да плати 50 евра. Мислам дека никој не е против овој закон под услов да зимаме поголеми примања од ови што сега се мачиме да сврзиме крај со крај, треба многу многу работи да ги средиме па потоа да донесуваме европски закони.
Супер,ме бендисва законот.Само така треба за нас.Пошто очигледно луѓето немаат култура,па треба да ги маниш по џебот за да ја стекнат.срамота е да се плука на улица,да се фрла ѓубре,да се уништуваат парковите и сл.Колку и да ги средуваат градовите џабе е ако луѓето не одржаваат,не пазат.
Вака сега,ко ќе платиш еднаш 50 евра за плукање на улица,фрлање ѓубре, и сл. работи уште еднаш нема да ти текни да го направиш тоа.И така ќе си имаме средени и чисти градови.:pipi:
 
Супер,ме бендисва законот.Само така треба за нас.Пошто очигледно луѓето немаат култура,па треба да ги маниш по џебот за да ја стекнат.срамота е да се плука на улица,да се фрла ѓубре,да се уништуваат парковите и сл.Колку и да ги средуваат градовите џабе е ако луѓето не одржаваат,не пазат.
Вака сега,ко ќе платиш еднаш 50 евра за плукање на улица,фрлање ѓубре, и сл. работи уште еднаш нема да ти текни да го направиш тоа.И така ќе си имаме средени и чисти градови.:pipi:

Да бе се треба само за нас, па и ние сме културни до некаде не сме толку за фрлање....сепак
 
Да ти се плукнам во законот :drk:
 
срање...нема никогаш да се спроведи како што треба
колку да го има на хартија...
пу пу пу пу пу пу
сеа плукнав 6 пати од тераса нека дојдат да ми земат 300 евра...
копиљаци
 
срање...нема никогаш да се спроведи како што треба
колку да го има на хартија...
пу пу пу пу пу пу
сеа плукнав 6 пати од тераса нека дојдат да ми земат 300 евра...
копиљаци
:toe:за споредување ни они сами не веруваат дека ке го спроведат,али па самите треба да се опаметиме и да престанеме со тие бедни навики,а ова што си плукнал и не е баш за фалење:pos2::pos2:
 
Се надевам дека ќе успее законов. Би било добро да се спроведува како што треба. Ако има плукачи, барем државата нека има корист од нив.
 
Ја не знам зашто донесуваат закони, за кои знаеме сите дека никој нема да ги почитува?! Исто како законот за пушење... У сите тоа скотови те тегнат тоа канцерогените фалусовидни објекти ко живот да им зависи од тоа. Денес ќе тепав еден кретен комшија у лифт сакаше со цигара да ми влезе. Ти ибам стоката...
 
Епа се додека има вакви кои сакаат да живеат како стока (извивние на изразот :smir:) не може да просперираме...не викам дека одма ќе влеземе во ЕУ со законот ама дајте бе луѓе гледајте позитивно малку...да ве прашам зашто нема корпи за отпадоци?
...зашто копиљаците како некој што ги нарече се начукале во петок и немале што да праат па решиле да играат кој повеќе канти ќе искрши:toe:
 
Бадијала е донесен законот кога нема овластени лица кои треба да го спроведуваат... Инаку,,да,,стопроцентно го поддржувам законот,,но дај боже навистина да биде така..Иако баш се сомневам...Проблемот е што државава не ни функционира како што треба..Не се почитуваат ни основните закони што би се рекло,,а не пак вакви ситници.. Кај нас законите само се донесуваат..но за жал -не се почитуваат!!!:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom