50 cent се повлекува од сцената?

  • Креатор на темата Креатор на темата ТЕНК
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ке победи

  • 50 сент

    Гласови: 11 28,9%
  • Канје Вест

    Гласови: 27 71,1%

  • Вкупно гласачи
    38
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Пред неколку недели 50 cent изјави дека ако неговиот албум "Curtis" не го надмине албумот на Kanye West "Graduation" во првите две недели од продажбата, тој ќе се повлече од музичката сцена!
Со оглед на тоа дека двата албума се појавија во продажба во вторникот - 11 септември, резултатите од првите денови веќе се знаат!
Албумот на Kanye West - "Graduation" го надмина 50 cent за 200.000 примероци!
"Ако 50 cent е човек од збор, нема повеќе да слушаме музика од него" изјави Karl Melo, директор на продажба на "East Coast" музичките продавници.
Додека од Amoeba Music од Холивуд изјавија дека на секој продаден албум на 50 cent, се продаваат два на Kanye West.
Ривалството помеѓу двајцата музичари е огромно, а доказ за тоа е насловната страница на последното издание на магазинот Rolling Stone каде се прикажани како "тешкаши" пред боксерски меч.
Историјата на продажбата од минатите албуми е на страната на 50 cent, додека оцената на музичките критичари е едногласна - "Graduation" на Kanye West е подобар и спаѓа во албумите кои мора да ги имате!
според мене подобро да го снема 50 и така нема врска Канје е боље каде каде
 
Уште еден ефтин трик на очајните неталентирани рапери во САД па сега демек купувајте го мојот албум и јас ќе останам :tapp: пффф како да не.
Нема никогаш да го видите Снуп дог да направи таков потек или еден дре. Има луѓе со вистински талент и интегритет а тој 50 цент и едноставно заебанција од страна на еминем да си фати некоја паричка од страна а се гледа дека не го бива типот.
 
50 не го бива точно ама ете се збогати човекот, испере многу млади мозоци, дури и брат ми го слуша! :nesvest:
Ама баш ми е мило што Канје напредува.:smir:
Да се надеваме дека нема да чуеме повеќе од 50...
 
или на 50 веќе не му се "пее" па бара причина да се откаже за да не биде:си заработив пари,ај гитла или пак знае дека албумот му е за нигде па на некој начин моли да му го купат.ја сум за kanye west,каде-каде му е подобар албумот иако и 50 не е за фрлање
 
Kanye West е сто пати бољи од пола долар. Нека го снема, голема работа.
 
Море нека го снема и така врска нема од рапување GUNOT
 
голем к*р ако се откаже...да беше некој рапер ај...ама вака...
 
Епа гледав вчера Ем-Ти-Ви и како смирени нешто заедно доделуваа награда за не знам што и кога ги прашаа до каде се со ривалството се кинеа од смеење и двајцата.:toe:Не ги слушам ни двајцата не ги варам па ич ,50 ми има дебилни текстови Кање има иритирачки глас sd..нека се откажат двајцата
 
Нити Канје нити 50 ни требаат. Двајцата исто срање се у музичкава индустрија - немаат везе од прав рап, целите се реклама, а и изјавава на 50 му е да го убиеш со еден метак у чело. Шо демек ако не го купите, е*и те си матер - ја се откажуем? И така ретко кој го слуша - оние што слушаат рап знаат дека 50 не вреди ама ич.
 
Kanye, е баш кул чоек, го бива за музика. И текстови, посебно.

Пола долар си е кич и реклама тешка.
 
Оди си фифти *ЕеЕеЕеЕеЕЕе* смрди на стара, расипана минерална вода:pos: Кејни Вест барем има песни кои што носат нешто во нив...ова телево шо има само пукања курви пари дрога.....ефтини глупости....HuH
Нема шанси да го стигне Кејни па затоа нека си ги спреми куферчињата и гитла
 
Маркетиншки трик. Намерно го кажува ова, за да неговите фанови да ги купуваат албумите и за да заработи повеќе пари.
А инаку не би ми пречело да се повлече, бидејќи не го поднесувам како појава, а ни песните не му ги варам ич, на нерви ми иде човекот ептен.
Од друга страна Kanye West го сакам, има добри песни. Не е дека он не е нафуран, ама сепак го почитувам, ми се свиѓаат песничките.
 
Јас мислам дека Кајне Вест ќе победи :)


- од друга страна, ова е некој трик ... демек ајде купувајте ги албумите!
 
Епа гледав вчера Ем-Ти-Ви и како смирени нешто заедно доделуваа награда за не знам што и кога ги прашаа до каде се со ривалството се кинеа од смеење и двајцата.:toe:Не ги слушам ни двајцата не ги варам па ич ,50 ми има дебилни текстови Кање има иритирачки глас sd..нека се откажат двајцата
Кај 50 не се знае еднаш се смее со тебе а утре таста у фби така да не гледај такви работи ова е најново шо го прочитав и со The Game беа на прес конференција заедно па после не го видов со него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom