50 нови македонски романи кои мора да ги прочиташ во животот (2000-2023)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.609
Поттикнат од дискусијата во темата за превирањата во Друштвото на писатели на Македонија, решив да ја ревидирам листата 100 македонски романи кои мора да ги прочиташ во животот . Тоа беше листа која ја создадов само врз основа на тоа кои романи биле лектири во основните и средни училишта, или освоиле некаква награда (од ДПМ или Роман на годината на Утрински весник / Фондација „Славко Јаневски“) и како таква, далеку од совршена. Не дека ова што го направив сега е совршено, но барем се потрудив.

Овој пат, наместо само да натрупам наслови по азбучен ред, ги зедов сите романи издадени по 1999 година (значи во периодот 2000-2023) и освоиле некоја од следните награди или биле во најтесна конкуренција за истите:
-Освојувачи, финалисти и полуфиналисти на Роман на годината на Утрински весник / Фондација „Славко Јаневски“
-Македонски кандидати за меѓународната книжевна награда „Балканика“ (само романите)
-Македонските добитници на „Европската награда за литература“ (само романите)
-Освојувачи и финалисти на награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман
-Награда „Стале Попов“ на Друштвото на писатели на Македонија за најдобро прозно дело (само романите)
-„Рациново признание“ за најдобро прозно дело објавено помеѓу 2 Рацинови средби (само романите)

Точно вкупно 200 романи влегоа во конкуренција. Сите ги бодував со скала на бодови направена според тежината на овие награди, според мое лично убедување (ако некого го интересира, подоцна може и да споделам за системот на бодови). На вкупниот број бодови ги додадов:
-средната оценка на Goodreads за романот
-по 1 бод за секои 100 читатели на Goodreads што го прочитале романот.

И добив ранг-листа на 200 македонски романи објавени во периодот 2000-2023 (со еден мал исклучок: додадени беа и романите во конкуренција за Роман на годината и од 1999, зашто со нив бројката беше точно 200). Тука ќе ги споделам само првите 50 највисоко рангирани, по редослед од 50 до 1 место (наслов на роман - автор - издавач - година на издавање - вкупна оценка):
___________________________________________________________________________________________________

50. Вишнова хроника - Фросина Пармаковска - Или Или, 2014 = 17,66
49. Куклите на Росица - Оливера Николова - Култура, 2004 = 18,67
48. Телото во кое треба да се живее - Петар Андоновски - Или Или, 2015 = 18,82
47. Единаесет жени - Снежана Младеновска - Анѓелков - Или Или, 2011 = 18,90
46. Денот на црвот - Симона Јовановска - Или Или, 2021 = 19,00
45. Собирачи на пепел - Давор Стојановски - Или Или, 2016 = 19,05
44. Бунар - Димитар Башевски - Слово, 2001 = 19,14
43. Индиго Бомбај - Јагода Михајловска - Георгиева - Три, 2008 = 19,17
42. Невестата на змејот - Влада Урошевиќ - Магор, 2008 = 19,22
41. Некој бил тука - Николина Андова - Шопова - Темплум, 2018 = 19,23
40. Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени - Влада Урошевиќ - Арс Ламина, 2022 = 19,28
39. Снегот во Казабланка - Кица Колбе - Три, 2006 = 19,40
38. Песот со тажен поглед - Оливера Николова - Матица, 2019 = 19,50
37. Смртта на Дијакот - Драги Михајловски - Каприкорнус, 2002 = 19,67
36. Балканвавилонци - Луан Старова - МАНУ, 2014 = 20,00
35. Човекот што ги сакаше калинките - Душко Родев - Македонска Реч, 2010 = 20,00
34. Џахиз и истребувачите на кучиња - Пајо Авировиќ - Детска радост, 2005 = 20,00
33. Куќата на Мазарена - Слободан Мицковиќ - самиздат, 1999 = 20,00
32. Одбројување - Фросина Пармаковска - Или Или, 2017 = 20,47
31. Вештица - Венко Андоновски - Култура, 2016 = 20,48
30. Ѕиркачот - Александар Прокопиев - Магор, 2007 = 20,55
29. Ден за одмазда - Ивица Челиковиќ - Паблишер, 2021 = 21,00
28. Опишувач - Ермис Лафазановски - Магор, 2001 = 21,00
27. Но-Уи - Лидија Димковска - Или Или, 2016 = 21,02
26. Јас и Лин, отпосле - Ана Стојаноска - Блесок, 2016 = 21,25
25. Каменот од твојот ден - Јагода Михајловска - Георгиева - Култура, 2004 = 21,30
24. Адамовото ребро - Оливера Николова - Матица, 2000 = 21,33
23. Диссомнии - Игор Станојоски - Антолог, 2017 = 21,64
22. Скриена камера - Лидија Димковска - Магор, 2004 = 21,85
21. Инсомниа - Димитрие Дурацовски - Магор, 2001 = 21,86
20. Ервехе - Луан Старова - Ѓурѓа, 2005 = 22,20
19. Папокот на светлината - Венко Андоновски - Три, 2022 = 22,64
18. Проверка на слободата - Јован Павловски - Ми-Ан, 1999 = 23,00
17. Ќерката на математичарот - Венко Андоновски - Табернакул, 2013 = 23,26
16. Сфинга на гневот - Жарко Кујунџиски - Антолог, 2020 = 24,12
15. Храпешко - Ермис Лафазановски - Магор, 2006 = 24,33
14. Ноќите кога заспивавме во Помпеја - Давор Стојановски - Или Или, 2021 = 24,38
13. Жените Гаврилови - Кица Колбе - Табернакул, 2008 = 24,42
12. Нишан - Блаже Миневски - Макавеј, 2007 = 24,59
11. Птиците од ланските гнезда - Митко Маџунков - Три, 2012 = 25,5
10. Дваесет и првиот - Томислав Османли - Блесок, 2009 = 26,56
9. Бледи сенки, далечни гласови - Димитрие Дурацовски - Магор, 2014 = 26,75
8. Страв од варвари - Петар Андоновски - Или Или, 2018 = 27,20
7. Невидливи љубови - Владимир Јанковски - Антолог, 2015 = 28,30
6. Разговор со Спиноза - Гоце Смилевски - Дијалог, 2002 = 29,87
5. Маџун - Влада Урошевиќ - Магор, 2018 = 31,44
4. Резервен живот - Лидија Димковска - Или Или, 2012 = 35,19
3. Папокот на светот - Венко Андоновски - Три, 2000 = 39,34
2. Скриени желби, немирни патувања - Владимир Јанковски - Антолог, 2020 = 39,97
1. Сестрата на Сигмунд Фројд - Гоце Смилевски - Култура, 2007 = 42,50

Па, како ви се допаѓа оваа листа? Колку од овие романи имате прочитано и дали можете да си зададете предизвик да ги прочитате сите? Ги очекувам вашите коментари.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
30 од 20 ги имам а од тие 30 повеќе од пола гарант непрочитани. :sramezliv:
Ќе си клаам „предизвик сеа барем над 70% да поминат низ мои раце? Глава? Очи? Како и да се вика читањето. :D
 

Diferans

Природно high
Член од
3 јули 2009
Мислења
124
Поени од реакции
178
Браво за списокот! А тебе кои ти се допаѓаат ;)?
Имам прочитано некаде 10 тина, воглавно од помладите автори, ама тешко ми оди и нема да продолжам да читам само затоа што се македонски. Мала средина, инцестуозна, дај ми на ти, те фалам, ме фалиш...
Но за мене има изненадувања, во некои дела без голема претенциозност, и тоа од жанрови кои апла никогаш не сум ги читала,не знам, со некаква едноставна човечност, топол авторски лик. Така, чисто од зафркавање седнав да ја читам Тегли на Ј. Коцевски за на крајот да сфатам дека ова е најсмешната, најзабавната книга што сум ја читала во подолго време. Кој би рекол!
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
10
Поени од реакции
12
Не било лошо нешто и од жанровска литература да споделиш, атер за тие што членуваме на форумов :)
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.643
Поени од реакции
5.317
Не било лошо нешто и од жанровска литература да споделиш, атер за тие што членуваме на форумов :)
Едно лето на Крит, ти е врв колега форумџија. И другите ти се супер, ама мислам дека таа се одвојува... Продолжи со исто темпо.... Браво!!!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.609
Не било лошо нешто и од жанровска литература да споделиш, атер за тие што членуваме на форумов :)
На кој начин би ја составил таа листа? Би било чисто субјективно, а бидејќи не читам таква литература, или поточно, ретко читам таква литература, листата дали три романи би имала. :) Еве ти си поупатен, од таа фела, па состави нешто ти, макар и да е чисто субјективно.
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
10
Поени од реакции
12
Ви фалат имиња како... (и ова се сите релативно млади писатели со по неколку или пола дузина романи зад нив): Катерина Шошко, Јован Илиески, Билјана Мартиновска, Јордан Коцевски, Петар Стојановски, Дијана Петрова и ред други ова од прва рака што ми текнаа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.609
Ви фалат имиња како... (и ова се сите релативно млади писатели со по неколку или пола дузина романи зад нив): Катерина Шошко, Јован Илиески, Билјана Мартиновска, Јордан Коцевски, Петар Стојановски, Дијана Петрова и ред други ова од прва рака што ми текнаа.
Анде, прочитај го воведното мислење, ова се добитници на награди и финалисти при избор на добитници на некои награди. Каква награда имаат добиено Катерина Шошко, Јован Илиески, Билјана Мартиновска, Јордан Коцевски, Петар Стојановски, Дијана Петрова? Значи не, не ни фалат. Ни еден од нив не беше ни во конкуренција, значи не се ни во ТОП 200.
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
10
Поени од реакции
12
Јас, Катерина Шошко, Јордан Коцевски имаме влезено во втор круг за роман на годината, а слободно спореди ги нашите рејтинзи и reviews на Goodreads со некои од редовните финалисти. А ако сакаш да играм адвокат на ѓаволот, размисли на какво поднебје живееме и како кај нас се делат награди... дека гледам учеството во потесен круг на конкурси го земаш за најголемо мерило за квалитетот на една книга. Добар дел од книгите што победувале за роман на годината не се ни романи во формална смисла (или е збирка раскази, или е одвај сто и педесет страници дотерано колку со фонт на зборови да исполни норма). Јас ти дополнувам имиња на автори кои што во моментов се доста читани и имаат што да кажат. А бидејќи ми се чини уште не си уверен во квалитетите на жанровска литература, еве од мене го имаш како подарок претстоечкиот роман кој што треба да испадне во март. Се надевам ќе го прочиташ, па може и ќе промениш мислење.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.609
дека гледам учеството во потесен круг на конкурси го земаш за најголемо мерило за квалитетот на една книга.
Јас не реков дека ова се најквалитетните 50 македонски романи. Впрочем, од сите овие имам прочитано само 16. Ама ова се најнаградуваните. Кога јас би ја составувал листата според моите убедувања, некои од прочитаните немаше ни да се најдат тука, зашто сум прочитал такви кои многу повеќе ми се допаднале. Од овие 50 романи на листата нема ниту еден кој има добиено само 1 награда, или кој учествувал само во 1 финале за награда. Два добитници на Роман на годината на Утрински весник не беа ни меѓу првите 80 на крај. Што значи не е само една институција или само едно жири кое сметало дека е најдобар или меѓу најдобрите во таа година. Штом толку многу членови на жирија (кои најчесто се писатели, теоретичари на книжевност, професори на ФЛФ) одлучиле дека е тој најдобар или меѓу најдобрите, моето мислење и не значи толку при креирањето на ваква листа.
А бидејќи ми се чини уште не си уверен во квалитетите на жанровска литература
Едноставно не ми се допаѓа таквата книжевност, зашто најчесто е стереотипна, клишеизирана, во голема мера уште по првите 30 странички знам што да очекувам и што ќе добијам на крај. Сум се обидувал, не велам не, но ништо не ме натерало да се онесвестам од убавини. Само, една мала забелешка: кога зборувам за жанровска литература, зборувам првенствено за трилерите, мистериите, љубовните романи и сл. Научната фантастика кај нас многу малку е застапена, не се сеќавам дека сум читал нешто значајно. Инаку, границите помеѓу тоа што ти го викаш: жанровска литература и „оваа другата“ се некогаш толку мали и незначајни, што не знам во каков кош би сместил некои романи. Еве, пример само за 2 кои премногу ми се допаднаа: „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ од Игор Станојоски е мистерија со многу елементи на жанровската литература за која зборуваш. Или последниот добитник на Роман на годината, „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ е класична фантастика со елементи на хорор, значи и тоа би требало да се смета за жанровска литература. (?) Затоа мојата поделба на книжевноста е само помеѓу „добра“ и „лоша“ книжевност. ;)

Бидејќи сум прочитал многу позитивни коментари за „Едно лето на Крит“, ете ти ветувам дека уште утре ќе го купам и ќе го прочитам, па ќе го добиеш моето мислење.
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
10
Поени од реакции
12
Епа мило ми е што конечно за нешто се сложивме, јас сум исто еден од ретките што литературата не ја гледа на литературна и жанровска фикција, арно ама на нашето поднебје редовно така ја делат. Точно за овој проблем зборувам во романот што треба да излезе на пролет. Инаку ако си повеќе по висока литература, подобро почни со Само Бог простува, гарант повеќе ќе ти се допадне.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.609
а слободно спореди ги нашите рејтинзи и reviews на Goodreads со некои од редовните финалисти.
Бујрум:
Анде Јанков:
-Виенски гамбит - 76 оценки​
-Едно лето на Крит - 59 оценки​
-Сигурен ризик - 53 оценки​
-Само Бог простува - 37 оценки​
Катерина Шошко:
-Случајот Чернобог - 46 оценки​
-Succubus - 22 оценки​
-Крвава месечина - 7 оценки​
Јордан Коцевски
-Тегли - 68 оценки​
-Заследи ме - 31 оценка​
-Прозорецот - 24 оценки​
-Зборови - 18 оценки​
-сите останати книги - 28 оценки​
Јован Илиески
-Татко ми Босфор - 10 оценки​
-Кругот на животот - 9 оценки​
-Сенки на полноќ - 8 оценки​
Билјана Мартиновска
-Куќата со жолта фасада - 58 оценки​
-Точка на враќање - 26 оценки​
Петар Стојановски
-Храмот на натписите - 14 оценки​
-Странец под алпите - 8 оценки​
-Сиракот од Бергамо - 3 оценки​
Дијана Петрова
-Не правете им сенка на гробовите - 28 оценки​
Значи ни еден роман од групата автори кои ги спомна (а не изоставив ниту еден) нема повеќе од 100 рејтинга на Goodreads, а со самото тоа во моето бодување никој немаше да добие ни еден единствен бод (реков, на секои 100 оценки = +1 бод). Е сега рече да споредам со тие на листава:

-Папокот на светот - Венко Андоновски - 372 оценки
-Резервен живот - Лидија Димковска - 307 оценки
-Вештица - Венко Андоновски - 406 оценки
-Разговор со Спиноза - Гоце Смилевски - 331 оценка
-Маџун - Влада Урошевиќ - 104 оценки
-Страв од варвари - Петар Андоновски - 152 оценки
-Одбројување - Фросина Пармаковска - 120 оценки
-Вишнова хроника - Фросина Пармаковска - 112 оценки

и најнеспоредливото:

-Сестрата на Сигмунд Фројд - Гоце Смилевски - 1 763 оценки

Значи пак: со ова не велам дека вашите романи не чинат, не се квалитетни, како што прејудицираше погоре, само едноставно - направив листа со најнаградуваните и најчитаните романи од 2000 до денес и листата испадна таква каква што е погоре, без тие имиња кои ги спомна на неа.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.694
Поени од реакции
884
Од листава само 2 ми се прочитани , Сестрата на Зигмунд Фројд и Папокот на светот и тоа одамна ( многу брзо време по нивното издавање) . Ме бенидисаа и двата романи , посебно првиот дел од Папокот на светот . Во глобала мноооогу ретко читам наши автори ( можеби треба да им дадам повеќе шанса ).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom