ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Имав прилика и чест да го познавам Методија (Тоде) ковачот,кој беше аѓутант на Ченто и ја преживеа сличната судбина на Ченто,но судбината го остави да им прераскажува на внуците на каква подмолна голгота биле изложени обајцата пријатели се додека смртта не ги раздвои.Се сеќавам на првиот оснивачки конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кога Тоде ковачот(до крајот на животот на 80тина години работеше ковач без да зема некаква пензија) стана од столот до мене и со растреперен глас извика:
-јас сакам да ви оставам една порака!
Настана општа еуфорија и одобрување бидеќи беше еден од најстарите учесници на конгресот,се искачи на бината застана пред разгласот и рече:
-Правете што ќе правите но немој никогаш да дозволите Киро Глигоров Лазар Мојсов или Колишевски да дозволите да бидат во власта на оваа држава,тие ја предадоа Македонија и пак ќе ја предадат,тие го убија Ченто,тие ги газат вистинските Македонци!(имало обиди за два атентати со прегазување од единственото возило во Прилеп врз аѓутантот на Ченто).Минута молк,потоа одекнаа овации,конгресот беше сниман со најмалку 5 камери,честитки и бакнежи од тогашните глаучи на ВМРО,па заеднички фотографии и навала на новинари да прашуваат кој е дедото што седеше до мене.Истата вечер тогачниот лидер на ДПМНЕ ЛуБчо јавно се огради од изјавата на еден (како што тогаш го нарече Тоде)"непоканет симпатизер" на оснивачкиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.