5 години од смртта на Тоше Проески

Статус
Затворена за нови мислења.

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да, има тема за Тоше Проески, но лично сметав дека 5 години не се мал период, мислам дека заслужува една тема во која ќе му оддадеме почит на човекот кој премногу рано го напушти овој свет.

Поминаа 5 години од кобната сообраќајка, а мене лично се уште не ми се верува дека толку брзо поминаа, дека толку брзо се случи се....

Оваа тема ја замислував чисто да му оддадеме почит на Тоше, да напишеме по некој збор, за тоа како го паметевме, да споделиме некој негов настап, интервју, чисто за да се одбележи овој ден, полн со толку болка и солзи. Да си каже секој како го паметеше, како го доживуваше...


Оваа песна некако стана симбол на болката, едноставно кога и да ја слушнам ми текнува на тој 16.10.2007. Секој кафич, ресторан, радио, програма на телевизија на repeat ја пуштаа песната, а нејзиниот текст уште повеќе ја продлабочи болката.

И да, најљубезно ќе ги замолам сите шегобијци да не ги споделуваат нивните цинични коментари и црн хумор, ако не им се пишува, слободно нека ја прескокнат темата. За недолични коментари ќе си следува соодветна санкција.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Да бидам искрен не го слушав. И денес исто не го слушам. Но песнава ја начекав еднаш на телевизија како и многу други негови кои ете од едноставна причина бидејќи не гледам задоволство во поп правецот не ми оставиле некој огромен впечаток целокупно, но не го негирам гласовните способности на овој пеач, огромни беа.Да се вратам на песната за која пишав, оваа песна ми е една од најемотивните кои сум ги чул во текот на целокупното преслушување музика, а бидејќи музиката ми е опсесија па од толку многу дела баш тоа да се задржи како такво Sui generis по себе, треба да има нешто силно во него. Во дел од секунда може да ми смени расположение, да ме натажи, морници ме лазат кога зборувам за истото, само што зборувам........
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
ај пошо се потсеќам на денот кога го запознав,да пишам збор два.
Кога го запознав не беше уште оној познат Тоше што го познава цел свет,беше најобично момче,а јас тоа време одев во основно школо.
Сеуште го имаше Пежото.
Денот кога го запознав беше зима,времето малку намуртено,но по некоја случајност имаше убаво сонце надвор.
Каде што бев на гости,т.е кај роднини на гости во Крушево ми спомнаа ајде да одиме да го видиме Тоше.
И ајде,нема што да се праи таму од сабајле тргнавме,а моите роднини добро стоеја со неговите.
Тоше тој ден го миеше Пежото,при крај беше веќе кога стигнавме ние.
Како што одеше накај мене да се поздрави и да ме гушне,како да доаѓаше едно огромно сонце што ме заслепуваше.
Се поздравивме,ме гушна,влеговме внатре кај него дома и почнаа муабетите скини па сврзи.
Така два три часа муабет,за на крај да ми подари слика која и ден денеска ја чувам во соба.


Почивај во мир голем човеку,никогаш нема да бидеш заборавен.



 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Би ја цитирал една наша прекрасна форумџика Дивајн,

" Да точно е, поминаа цели 5 долги години од кои ниту една и со ништо не успеа да ја намали тагата по него.
Сè уште секое спомнување на неговото име од нечии усни ги растопува скаменетите срца, изнудува солзи за местото на злосторот, ги исполнува собите со тага, без граници разнежнува, како гром ги погодува душите, дава малечок немир и остава тајна тишина која вечно ќе прашува зошто отиде… "



" Во нашите мисли ќе остане довек како наш најголем ЧОВЕК!" - би се повторил јас по милионити пат.

Колку само беше среќен на концертов и позитивен, како и секогаш:(

 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.796
Што и да кажам нема ништо да смени,зборови искрено со кои би ја опишал тагата - нема.
Почивај во мир легендо и фала ти за прекрасните песни кои ни ги остави.

Секогаш ќе останеш запаметен како најдобриот од Македонија,секогаш.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Никогаш го немав видено, замина прерано не ми се исполни желбата за да го запознаам и да идам на концерт. Имам комшија кој препремногу личи на Тоше дури ми стана омилена личност.
Не ги разбирам оние што не ги слушаат неговите песни кои се прекрасни без разлика каков вид на музика слушаш мора да те привлечат. Нема песна што не му е убава.
Не знам зошто не не можам да ги гледам работите во спомен куќата посебно потврдата и личните документи и восочните фигури исто како да е жив.

229566_1739267850141_1816428_n.jpg
226411_1739251609735_5218624_n.jpg
249075_1739251929743_2683523_n.jpg

 
O

onlya

Гостин
Дента кога дознав дека починал не можев ни солза да пуштам (не ми се веруваше) се додека не ја слушнав песнава и не сум сигурна но мислам дека беше Латас кога рече дека починал додека спиел
после тоа се растурив од плачење па едвај едвај се смирував за да не одам расплачена на школо, а таму па полошо.
Имаше нешто посебно во него, неговиот глас, душа, љубов.. несвесно се поврза со сите нас и кога си отиде не знам за другите ама јас осетив огромна празнина. :( За блиски не сум жалела толку многу (долго) колку за него (е освен за една личност) и се уште не ми се верува дека го нема, за мене тој секогаш ќе си живее во моето срце.
Нека му е лесна земјата...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Умрел кога?
When does a man die? When he is hit by a bullet? No. When he suffers a disease? No. When he eats a soup made out of a poisonous mushroom? No! A man dies when he is forgotten!
Јас не го заборавив, а гледам ниту вие не сте го заборавиле.
--- надополнето: 16 октомври 2012 во 03:08 ---
http://www.rainymood.com/
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Станав наутро беше 7 часот и се спремав за на работа и вклучив телевизорот на А1 кога во горниот дел на екранот вртеше натпис: „Тоше Проески почина во сообраќајна несреќа„. Тоа ме трогна и ме натера да пуштам некоја солза. Бев на два негови концерти тој беше најдобар и најдобар ќе остане. ПОЧИВАЈ ВО МИР!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Најпотресно ми е што дента е разбудив во точно 6:20 кога се случи сообраќајката и се почувствував за момент многу лошо и се вратив во кревет :( после станав во 8 за да учам и твто беше уклучено и на А1 кажаа дека ќе има вонредни вести, мислев дека се некои делегации пак што дошле во градов.. Ама не, видов демолиран џип :(
Не плачев првиот ден, бев во шок, не можев да поверувам ама затоа па дента на погребот не можев да се запрам :((((((((

Почивај во мир Тоше, никогаш заборавен.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Утрината веста ја слушнав во 22ка накај работа. Сите почнаа да звонат и да коментираат умре Тоше, загинал Тоше. Ми се јави дечкото и бидејќи бевме двајцата љубители на црн хумор си реков ме зеза уште од сабајле. Знам дека му реков да се уозбили и дека не е смешен, ми рече само не те зезам вистина е имал сообраќајка загинал на лице место. Во самиот автобус само неговото име се споменуваше, неверување на сите страни. Тоа се емоции кои неможат да се исконтролираат, ниту некој може да наметне таква хистерија врз народот. Кога некој го сакаш како дел од нацијата ти е жал до степен како да си загубил сопствен брат.
Почивај во мир, беше ангел и остана ангел. Мојата омилена песна на која знам и ден денес да се расплачам:
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
Ја па врска немав дека денес е годишнина, а ноќва во сон покрај сите глупости што редовно ги сонувам на радио идеа 2-3 песни од Тоше.o_O
Сепак ќе и дадам заслуга за ова на коинциденцијата:unsure:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom