Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.542
- Поени од реакции
- 36.818
Или се ококорува во очите понекад... или има поголем телевизор од 200"За муабетот дали вреди 4к или не, споредено со 1080р. И дали се забалежува разлика.
Стелт мора да има орлелски очи штом може да запримети разлика и од 10м.
![]()

А чекај, плазмата од 500 евра е исто добра како тие од 2.000? за какви компромиси збориме? јас само дадов пример горе...
Тука е целата работа, во компромисите. Пошто нели освен за некој олигарх/богаташ, ние останатите сме соочени со проблемот на ограничени средства... и мора да правиме компромис некаде.
Секој треба да знае што му е важно од каратеристиките, што би жртвувал а што би потенцирал кај еден телевизор.
Еве јас како правам компромис, од мој аспект.
„Паметни„ смарт опции, со плеери и интернет... ич не ме занимаат. Вградените плеери ми се многу ограничени и со кодеци (копирајт), и со недостаток од можности за манипулација на титловите (инсистирам на милион подесувања со местоположба на титлот, местење фонтови, големина, ивици, сенки, итн итн)
Чест на исклучоците (ако ги има) ама повеќето телевизори имаат проблеми со наведеното. Некои дури имаат и проблем со репродукција на фул хд записи (посебно на брзи посложени сцени со поголем бандвит), сецкање, гоустинг, итн.
Пак ќе кажам чест на исклучоците, ама повеќето од нив имаат некакви проблеми.
Интернет на телевизорот не ми треба. Стриминг видеа не гледам а ВОИП на телевизорот уште помалку ми треба. Кај мене на РС-то ми е целата (голема) колекција на филмови, и нема замарање со наведените проблеми.
Тоа за смарт функциите. Ич не ми требаат, некому можеби му се важни (а не знам и не сакам да знам зошто).
Така да за мене постари модели на телевизори, кои се на попуст, секогаш ми се поинтересни од новите бесни модели. Нормално, зборувам за постари модели каде квалитетот на сликата е добар/одличен.
Не е дека имам проблеми со видот ама едноставно за мене (и за милион други) на нормални далечини (3+метри) не се приметува разлика меѓу 720р и 1080р. (за 4К нема ни да зборувам). Значи, резолуцијата ми е исклучена како одлучувачки фактор.
Да ако за многу слични пари има сличен модел (ете од истиот бренд) а со повисока резолуција, тогаш зошто да не. Но ако со разликата во парите можам да отидам на подобар/поголем телевизор, на сметка на резолуцијата, тогаш дефинитивно идам на подобар/поголем телевизор.
Мене ми се подеднакво важни големината на екранот, и квалитетот на сликата. Телевизија исклучително ретко гледам, освен некогаш спорт кога игра наша репрезентација/клуб (ОК и светски првенства, и слично). Кога е вклучен телевизорот, 99% се гледаат филмови и понекоја од подобрите серии.
Гледам од растојание од некои 3м, удобно седнат на кауч (по можност со некоја добра пијачка, жестоко или пиво/вино, во зависност од мезе/друштво).
Знам дека ова се превише информации, ама ете интимна тема иде со соодветни информации.

Плазма против ЛЦД, тоа е друг муабет. Плазмата си има недостатоци (не дека ЛЦД-ата ги немаат) но мене ниеден од недостатоците на плазмата не ми смета ама баш ич.
Тие евтините 720р плазми беа (се?) добар избор за тие што знаат што сакаат.
Не сум ги следел многу цените во последниве пар години. Ако наведениот ЛГ навистина е со ИПС матрица, тогаш за парите е добра понуда. Сликата би требало да е подобра од евтина плазма, но би сочекал лично да видам (не се нашиве продавници за верување, треба да се провери дали навистина е ИПС матрицата).
На крајот, за мене лично дијагоналата од 40-42 инчи е премала.