C/C++

  • Креатор на темата Креатор на темата Драган
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво :)
Ве замолувам ако знае некој да ми помогне да ми ги напише барем приближно решенијата на овие 2 задачи ...
1. Претставена е структура на вработени во една организација и односи помеѓу нив. За секој вработен е познато неговото име и се знае со кои останати членови во организацијата истиот соработува. Секоја соработка има вредност пд 1 до 10 која кажува колку добро соработуваат членовите (1 - многу слабо, 10 - многу добро).
Треба да се испечати името на најпопуларниот работник во организацијата, односно оној член кој има најмногу соработки, како и името на најистакнатиот работник, односно членот кој има најголема вредност на соработки.
Да се напише структурата на графот.

2. Да се напише функција која како аргумент прима двојно поврзана листа со јазол водач чии јазли се сортирани во растечки редослед. Функцијата треба да формира две нови двојно поврзани листи, во првата ќе ги смести јазлите од оригиналната листа кои имаат непарно инфо поле, во растечки редослед, додека во втората листа ќе ги смести јазлите од оригиналната листа кои имаат парно инфо поле, но во опадачки редослед. На крај првичната листа да ги содржи двете нови листи, но споени.
Пример:
Оригинална: 1|2|3|5|7|8|9|10
Прва: 1|3|5|7|9
Втора: 10|8|2
Оригинална по спојување: 1|3|5|7|9|10|8|2

Задачите да се напишани во C. Ви благодарам многу :)
 
Некоја добра книга да ми дадете? Јас сум почетник. Така да ако имате нешто на македонски убава книга што лесно се совлада добро би било. Ако не може и на друг јазик. Српски, Хрватски, Англиски... Ви благодарам однапред!!! :)
 
probaj ako mozes da kupis ako ima po knizarive knigata po informatika sto e za prva sredno ..znaci tretina kniga e za ova...vidi ako mozes snajdi se ili zemi od nekoj drugar iskopiraj go toj del :)
 
Некоја добра книга да ми дадете? Јас сум почетник. Така да ако имате нешто на македонски убава книга што лесно се совлада добро би било. Ако не може и на друг јазик. Српски, Хрватски, Англиски... Ви благодарам однапред!!! :)
Ова се материјалите за c++ што ги имам на .мк, се надевам дека ке ти завршат работа.
Фајловите што ти требаат се:
4 - C++.pdf
7 - resenija.pdf
C++ na makedonski(угд).pdf
Код:
https://www.dropbox.com/sh/mwm61ctps6xf9av/AADITQZ7Sw27YGzCm08VHc0Ea?dl=0
 
Ви благодарам многу! Мене ми треба нешто општо за почеток, а кога ќе го научам ова ќе преминам на посложено. Така ги разгледав книгите што ми ги пративте и добро е! Ви благодарам уште еднаш! :)
 
Знае некој како се прави makefile за задачиве во c/c++?Ако има некој некоја страна/туторијал како се прави нека ми прати,бидејки од презентацииве на факс ништо не се разбира.
 
Знае некој како се прави makefile за задачиве во c/c++?Ако има некој некоја страна/туторијал како се прави нека ми прати,бидејки од презентацииве на факс ништо не се разбира.
http://www.gnu.org/software/make/manual/make.html
Ова е книга за make која секој треба да ја прочита :)
 
Ви благодарам многу! Мене ми треба нешто општо за почеток, а кога ќе го научам ова ќе преминам на посложено. Така ги разгледав книгите што ми ги пративте и добро е! Ви благодарам уште еднаш! :)
Ете ни некои решени задачи на српски.
https://www.dropbox.com/s/jrhm0jkhuaup4ty/Zadaci_C++.rar?dl=0
 
како можам во Visual C++ да му наредам на тајмерот на одреден временски период во зависност од позицијата на прогресБарот да се изврши одредена функција.. значи за време на прогрес барот и на крајот кога ке го достигне максимумот????
 
Ова .НЕТ ли е или нешто? За .НЕТ имаш т.н. настани, со нив се прави ова што го сакаш. Ќе додадеш нова метода и ќе ја „претплатиш“ на настанот во објект од тип Тајмер.
 
Според мене, а и според многу други, најдобра книга за C е C Programming Language. од создавателот на самиот C, Dennis Ritchie.

еве пдф формат од истата. http://www.iups.org/media/meeting_minutes/C.pdf

PS. Доколку го интересира некого повеќе за поврзани листи(Linked Lists), поинтери или менаџирање со меморија, може да ме контактира во инбокс и да му испратам некои добри материјали.
 
Последно уредено од модератор:
Ako ima nekoj sto saka da pomogne so edna relativno ednostavna zadaca neka se javi na PP.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom