Па, сум имал неколку такви случаи. Во сите сум бил неуспешен, но до ден денес сметам дека тоа било поради технички причини, т.е. недоволна сигурност во пристапот, незнаење како треба да се постапи, итн. Со други зборови, фактот што таа девојка била со друг дечко во ниту еден момент не бил пресуден за неуспесите.
Сум увидел дека процедурата е ваква:
1. Ако оди со друг дечко, на кој било начин да ѝ дадам дао знаење дека ми се допаѓа;
2. Да ме одбие;
3. Да ја оставам да поживее малку со тоа сознание, дека му се допаѓа и на некој друг тип, освен дечко ѝ;
4. Да ѝ дозволам таа потоа да ми пријде, поради љубопитност.
Анализирајќи се, сум заклучил дека 4-от чекор секогаш сум го грешел, бидејќи сум мислел дека ако некогаш некоја ме одбие, ме одбива засекогаш. А не е така. Сите се љубопитни и ќе посакаат да истражат малку повеќе. И треба да им се дозволи.
Значи, ако навистина некој/а ви се допаѓа, што е во врска, слободно искажете ги своите ставови и чувства во однос на таа личност. И бидете спремни дека може да бидете одбиени (што е најверојатно), но и прифатени, во зависност од тоа што сака другата личност.
Со други зборови: пристапете ѝ на другата личност како да е слободна. Ако вие сте слободни да ѝ пристапите, таа е слободна да ве прифати или одбие. Исто како да не е во врска. Нејзиниот одговор на вашиот пристап во голем дел ќе зависи од нејзината врска и тука не би требало да се мешате, ако имате почит кон таа личност.