Имам потреба од совет за избор на училиште / факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата metalka
  • Време на започнување Време на започнување
jove_bt напиша:
Можеби вас ке ви изгледа како шала ама воопшто не е. Еве ближи крајот на учебната година и јас сеуште не сум сигурен каде да продолжам после средно. Зборував со моите родители, другари, и некои роднини за тоа каде би требало да го продолжам образованието. Кога се запишав прва година сакав да продолжам на медицина. Потоа се премислив и сеа се нешо ми оди накај информатика. Ве молам некој од ''повозрасните'' форумџии да ми предложат некој добар факултет дури не е предоцна. Читав и на некој друг подфорум имаше слична тема ама немаше нешто ''што ми фати око'' ве молам за помош. Однапред благодарам.

p.s. Моите родители не ми прават проблем каде да се запишам сакаат сам да одлучам. Иначе сум одличен ученик супер ми оди англискиот мн. ретко добивам подолу од 5ка, исто супер сум за математиката, географија, историја, биологија, а ме влечи многу и астрономијата ама знам дека немам иднина во тоа.
pozdraFff...

Еве јас како искусен со нешто од тоа што сакаш ти ...

1) Астрономија - се запишав во СК на ПМФ - Физика, прв семестар сфатив дека си имам работа со алкохоличари и дебилни створења со време се повлеков!

2) Учам Информатика тука во БТ :helou:сограѓани сме. ДА НЕ ТЕ ЛАЖЕЛ УМОТ ОВДЕ! Не дека ти кажувам како секое клише што постои (сите си го мразат факултетот)туку и да сакаш да научиш, да молиш на колена! нема да научиш! Еве 3-та година сум. Апсолвент од наесен, пред некоја недела почнав на курс за Java програмирање и во еден час научив колку 7 часа на факултет.

3) Англиски - Девојката ми е на англиски СК. И се фали и се куди. Имаат некои фосили и ги малтретираат, но истото и за помладите. Сепак подобро е во СК од БТ тоа да знаеш.

4)Бугарија - до сега со сите што сум зборал НИКОЈ не се пожалил,плус тоа два брачеди ми завршија во Благоевград, Брачедата на Англиски (ако учиш во „долната“ Јасмина по англиски) и брачед ми и магистрира сега работи во ProCredit. Јас ако би бирал би завршил таму!

5)НАЈВАЖНО: Да одбериш факултет што НАВИСТИНА ти лежи на срце. Убаво испитај се. Пробај да се замислиш, пробај литература, тоа што го сакаш. Јас се заебав со информатиката ама нема везе. Лесен е факултетот (овој во БТ) ама кога немаш мерак...тоа ти е!
Иако звучи страшно ова ако не знаеш внимавај што одбираш!

Бидејки ги имам искусено двата државни, ти препорачувам Бугарија. Ако веќе си решил на државни овде, гитла Скопје!
 
Volkswagen напиша:

фала за твоето мислење само шо има таму ск. на тоа астрономијата со знам некако најфеќе за таму ми се прај КЕФ Ч) друго долната учам која јасмина??? со црна коса така во 30-40 год. taa mi е проф.заборавиФ како се вика, во БТ мозам многу лесно да си поминам ама не е во тоа финтата, после со ке прам со дипломата ке ја ''Урамам''? и со сеа ск да одам на информатика ако е за тоа исотто е само тука полесно со ке си поминам,.

viva la revolucion :)

p.s жената прва год. ти е од БТ а таму уци???
 
Иначе астрономијата во СК вака ти е...

Две години учиш чиста физика (применета мада нема некоја разлика со наставен смер) после 3-та и 4-та учиш „специјални“ предмети.
Звучи интересно сето то, ама не е така како што мислиш. Тупење е в крај, нема учебници...има добри професори ПРЕ добри, но има и КАТАСТРОФА (тие по математика). Тежок факс е, учиш постојано ама ако имаш мерак убаво е. Јас имав, ама сфатив дека 6 години минимум ќе окапам, а за тие години ќе го завршам овде факсот во бт и плус пост дипломски
Жената е трета година по стара програма ама!
Друга работа, дипломата од БТ секаде ти важи!
 
ок
tnx

за зената се препознаФ јас :) со една другаrka и на неа мазот и уци тука:)
фала, ке видам со ке правам, пматер леле ке се акнам:)
значи нисо или БТ или California Institute of Technology ili Cambridge тоа е :)
 
Ух...јас да можам да бирам!

Art Centre College of Design - Pasadena, California!
 
епа ај јас ке берам пари од сеа хахаха ке одам ке берам пласични шишиња како денеес што беше акцијата, и ке соберам барем за првата година а за пон. белким ке се снајдам :)
 
Ќе ти требаат многу пластични шишиња! МНОГУ!
 
Aко не сакаш Битола (јас завршив Битола) во секој случај да запишеш информатка (ако ти лежи ова)

Во секој случај, моментално е една од најплатените работи во Македонија и една од најбараните. За работа има, дури и одпоќе :)

Јас, како што вели Волкси ако остенев на знаењето од факултет, тешко мене...но јас преку цело време, пратев новите технологии, онлајн курсови, туториали, книги... и сега сум задоволен како напредувам со знаењето и со работата....
 
Јове, навистина не ти е лесно прашањето.
Убаво е да го учиш, а подоцна и да го работиш, тоа што го сакаш или тоа за што си талентиран. Меѓутоа, во оваа (и не само во оваа) земја, ретко кој може да си го дозволи тој луксуз.
Јас би ти советувала, од лично искуство, да се запишеш на нешто што може да ти овозможи вработување. Економија, информатика, право - се понеспецијализирани професии со кои можеш во секаков тип фирма да најдеш место и понатаму да се адаптираш на барањата на фирмата.
Еден од посигурните начини да го намразиш тоа што го сакаш е да го студираш истото - посебно во Македонија. Сегде има, барем по еден фрустриран и недоучен скот (или скоткиња) што ќе ти го загорчи животот, а многу повеќе боли кога си внесен во материјата. Мислам дека побезболно се преминуваат такви бариери, кога ги прифаќаш од пристојна дистанца.
Што би рекол Конфучие - не е поенатата да се работи тоа што се сака, туку да се засака тоа што се работи.
 
Мислам дека сепак треба да одиш на факултет кој што ем има перспектива,ем го сакаш тоа..односно те бива.
 
Абе Волксваген колега ми си? И како не се знајме? А дете за тебе вака сега. Што имаш средно завршено? Гледај да одбериш нешто што ти лежи што се вели да те интересира. Еднаш да го прочиташ да го знаеш. А ако пак не знаеш каде да се запишиш обично таквите одат на Педагошка.
 
Dzish напиша:

добро Друже Тито ми ти се кунемо, сите мајтап си прајте
и со бт да се запишФам ај како што ми мириса тука ќе си останам.
 
a aко имате инфо за правен во ск...
да не отварам нова тема...
колку студенти примаат,како е со оцените(дали скроз 5):nesvest:или може да се пикне и некој со послаби оцени,како одат приемните(ако ги има)...
 
Dzish напиша:
Не бе брат. Што имаш средно завршено? Уствари допрва ке завршиш... Кое?

математички смер долна гимназија
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom