Бизнис академија Смилевски - БАС

  • Креатор на темата Креатор на темата GRUNGE
  • Време на започнување Време на започнување
Ако се запишам како вонреден студент на БАС, дали би имало некаква разлика во дипломите со тие што се редовни студенти?

Нема никаква разлика.
Академијата издава две дипломи. Едната е за додипломски студии по Оперативен менаџмент, а втората за постдипломски студии по стратегиски менаџмент.
Начинот на студирање, редовен, вонреден или на далечина, не влијае на дипломата.
 
Повелете со вашите свежи идеи:

www.bas.edu.mk/svezaideja

1378430_551560494914845_644667323_n.png
 
Незнам дали уште е активна темава но јас сум еден од учениците кој оваа година конкурираат за стипендија на БАС и имам неколку прашања:
1)Со ова што е со натпреварот што беше во школо што запечалуваме пари кој после ќје ни бидат минусирани од тие 5700 евра дали тие 5700 евра се сите трошоци или има некој други како што се:униформи,различни патувања или опрема?
2)Во кој држави е призната академијата?
3)Дали има соработка со други држави и дали има летни патувања или размена на студенти?
4)И дали тоа што ни нудите прилика со ова натпреварот да запечалиме некој денар кој ќје ни биде одземен од целокупниот трошок ќје имаме одредени критериуми за просек?
Ептен сум заинтересиран за академијата за запишување и ќје ви бидам многу благодарен ако добијам одговор.
 
1. Тотално сите трошоци.
2. Не се признава институција, туку се нострифицира диплома. Дипломите на БАС досега се нострифицирани во Шведска и Австралија.
3. Постојана соработка има со слични стручни школи и универзитетски катедри од регионот. Неретко има визитинг професори од подалеку.
4. Стипендија е. Остатокот до 5700 се доплаќа. Критериуми има (ова е друго прашање ;)) и се однесуваат на просек и редовност на пракса и настава.

Прашај ако нешто друго те интересира.
 
Ме интересира што после академијата со работа,како се наоѓа лесно или?
 
нема а и подобро не се пишувај таму, скапо е а којзнае каков е квалитетот на настава
Скапо е неточен муабет. Квалитетот секој може да го провери, без обврски, со бесплатно слушање на предмет-два.
Кај го има тоа?!
 
Скапо е неточен муабет. Квалитетот секој може да го провери, без обврски, со бесплатно слушање на предмет-два.
Кај го има тоа?!

Се запишав на Машински, супер однос и квалитет на настава и плаќам 1010 евра година. Во Смилевски прво беше 1500 па пред уписи побараа уште 200 апликативни трошоци. А ако збориме за вредноста на дипломата конкретно од Машински и Смилевски, се е јасно.
 
Ја сум студент на БАС и за овие 1500е што ги даваш овде се исплати, башка да не зборам за квалитетот на наставата што ја добиваш овде, да машински е јак факултет ама државен е и тиња се во последно време државниве... Размисли шо е боље у хала со 400души да слушаш настава или во кабинет со група од 15-18 студенти.. Се си има предности и недостатоци, а во БАС предностите се на поголемо ниво, а недостатоците се само шо се случува некад да не работи кафематот :))
Шала на страна БАС е најдобар од приватистите јас не зажалив.
 
5 студенти сме во група, интерактивна настава, нема полагање со 6 колку да се пројде, учиш додека не научиш за 10ка, те враќаат и враќаат додека не го совладаш материјалот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom