Бизнис академија Смилевски - БАС

  • Креатор на темата Креатор на темата GRUNGE
  • Време на започнување Време на започнување
Некоја информација за додипломските студии ако си запиушан вонредно околу цената, начинот на полагање на испитите, "тежината" на материјалот и дали покрај тоа што си вонредно запишан ќе треба да се посетува практична настава? :D
Цената на додипломските студии е иста за редовните и вонредните студенти. Изнесува 1900ЕУР/година (тригодишни студии) во денарска противвредност и ги покрива сите трошоци на студирањето во Академијата, без исклучоци.

Испитите се полагаат во електронска форма.

Материјалот е прилагоден на деловната реалност и се фокусира на менаџерските вештини, наместо на теоријата на менаџментот.

Вонредните студенти немаат обврска да се вклучат во програмата за треренска студентска практика на редовните студии. Тие својата пракса ја имаат на работното место, за што рефлектираат при изработката на проектните задачи по предметите.
 
stipendija-banner2013.jpg

Повеќе информации за натпреварот тука.
 
Некоја информација за додипломските студии ако си запиушан вонредно околу цената, начинот на полагање на испитите, "тежината" на материјалот и дали покрај тоа што си вонредно запишан ќе треба да се посетува практична настава? :D
Ако се' уште не си се одлучил, имаш препорака од мене за БАС.
 
Уште 10 дена до натпреварот во Скопје и Битола:

flaeroglasbastion.jpg

Фатете си место.
 
Денес е натпреварот.
Бидете во БАС во 9:30ч.
 
Од денес започнува вториот уписен рок на БАС.

577836_523943217676573_11762546_n.jpg
 
До кога трае вториот уписен рок? И дали ќе има и трет (мислам дека негде прочитав такво нешто)?
 
До кога трае вториот уписен рок? И дали ќе има и трет (мислам дека негде прочитав такво нешто)?

Вториот уписен рок за двете студиски програми на БАС е до 13 септември 2013г.

Третиот уписен рок за додипломские студии по Оперативен менаџмент завршува на 20 септември, а оној за постдипломските студии по Стратегиски менаџмент завршува на 25 октомври.
 
Јас сум студент на Економски Факултет - Прилеп, но планирам од оваа година да се префрлам на БАС во Струмица. Сега на 11ти септемрви треба да полагам испит кој ако го положам ќе ми биде признаен на вашиот факултет, така да најверојатно ќе треба да чекам до третиот уписен рок.
 
Секако. Гледај да доземеш уште што можеш за да ти останат помалку кај нас. Оние испити со кои ќе дојдеш ќе ти бидат признаени и одбиени од вкупната школарина.

Сепак, имај на ум дека државните знаат да бидат малку покомотни со времето за издавање уверенија за положени испити, а особено комотни при враќање на документите од досието (свидетелства, дипломи и сл.) во време на уписи.
 
Да се пофалиме и тука:

Диплома на БАС нострифицирана (признаена) во Австралија.

1235321_527958067275088_1170516656_n.jpg
 
За оние на кои им е важна Шведска, еве една нострифицирана диплома на БАС баш таму:

1236267_530820400322188_499402705_n.jpg
 
Ако се запишам како вонреден студент на БАС, дали би имало некаква разлика во дипломите со тие што се редовни студенти?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom