Се извинувам, шо ме немаше подолго време, но не бев тука, а и времето шо бев тука, бев презафатен... Еве еден дел, кој мислам дека добро би се вклопил и нормално кој го позајмив од Иван Ивановиќ
Уживајте во првиот дел !
Во недела почнува 110-тото издание на еден од најпрестижните тениски турнири, „Ролан Гарос“, во Париз. Главниот град на Франција ќе ги пречека најдобрите светски тенисери, во нивниот поход да се запишат во престижната книга на рекорди на овој турнир. Пред стартот на овој втор сезонски грен-слем, потсетуваме на некои од најдобрите моменти во изминатите 30 години на познатата црвена европска земја.
1984 година: Лендл - Мекинро
Тоа беше годината кога Џон Мекинро постави рекорд од 82 победи и само три порази. Рекорд што дури ни Роџер Федерер не успеа да го стигне. Таа година го оствари и својот единствен пласман во финалето на „Ролан Гарос“, но изгорен од желба да го освои и тој турнир, загуби од големиот ривал, Иван Лендл. Мекинро лесно ги освои првите два сета, но на почетокот на третиот, препознатливо за него, почна да се нервира поради звуците од слушалките на камерманот покрај теренот. Таа нервоза заврши во трагичен пораз од 3-2 (3-6, 2-6, 6-4, 7-5, 7-5), во меч кој најубаво го опишува единствениот проблем во тениската генијалност на Мекинро.
1985 година: Еверт - Навратилова
Нема да најдете поконстантно ривалство во историјата на женскиот тенис од борбата помеѓу Крис Еверт и Мартина Навратилова. До финалето во Париз во 1985 година, Навратилова имаше 33-31 во победи. По 2-2 во сетови и 5-5 во гемови, Еверт се најде во позиција да губи со 0-40, сепак на крајот го задржа сервисот и со 7-5 го освои сетот и победи во мечот. Победата ѝ го донесе првото место во светот. Овој меч се памети како еден од најнеизвесните во историјата на женскиот тенис.
989 година: Ченг - Лендл
Класичен меч „Давид против Голијат“. Мајкл Ченг со 17 години, против Иван Лендл во врвните моменти од кариерата. Тоа што Ченг го играше во тој меч не се опишува со зборови. Не беше подобар од силниот противник, но беше многу поитар. Ченг победи со 3-2 (4-6, 4-6, 6-3, 6-3, 6-3).
2001 година: Клајстерс - Капријати
Единствениот трофеј во Париз за Американката дојде во натпреварот со најголем број гемови во женскиот тенис. По 1-1 во првите два сета, Капријати го освои третиот со 12-10. Овие 22 гема во решавачкиот сет сè уште го држат рекордот.
1999 година: Хингис - Граф
Последниот од 22-та грен-слем трофеи на Штефи Граф содржеше драма колку сите останати заедно во нејзината пребогата кариера. Од каде да почнеме... Дали од тоа дека Хингис ја прескокнуваше мрежата за да покаже дали топчето било на линија или не или од сет-топката за Хингис во вториот сет што беше 32 пати префрлена преку мрежата. Не смееме да испуштиме дека Хингис мораше подолго да се задржи во тоалет, паузирајќи го третиот сет, а ниту тоа дека по поразот (4-6, 7-5, 6-2), го напушти теренот не сакајќи да присуствува на церемонијата. На крајот, беше разубедена од мајка ѝ. Штефи Граф со трофејот во рака кажа: „Ова е најлудиот натпревар што сум го играла. Не знам што уште можеше да се случи“. Веројатно ништо...