Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде смирете се малце ќе средат секогаш се гледа само на некоја грешка а кога имало долги периоди без никакви проблеми по сите реони во Скопје, не се отворила дискусија :)
 
Ајде смирете се малце ќе средат секогаш се гледа само на некоја грешка а кога имало долги периоди без никакви проблеми по сите реони во Скопје, не се отворила дискусија :)

Во право си за тоа, ама ептен мразам кога некој очигледно ме прави глуп, три дена има очигледен проблем со торентите кај повеќе луѓе, на сите им кажуваат различни работи, што не е во ред. Да не збориме за фактот дека имаат дефинитивно најскап интернет во државава и пошироко, абер немаат да понудат посоодветни пакети со разумни цени кога конкуренцијата ги спушти поприлично цените. Друга работа е што 5 години сум им клиент, еднаш кога рекоа демек ќе покачат од 6mb/s на 8mb/s, ме откачија одма со изговор дека немам техничка можност а живеам на 1КМ воздушна линија од нивна дирекција :uvo: . Исто така односот кон постојните корисници се гледа и по понудата за трипл маккс пакет кој нали важи само за нови корисници, а нормално не за кретените кои што им се верни со години. Customer service to the max! Се извинувам ако некого навредив со флејмањево, ама пукнат ми е филмот више, а богами и викендов ми се заеба.
 
Може имаат најскапи услуги ама конкуренцијата може вода да им носи. Ако мислиш дека cabletel и телекабел се конкуренција ондак не знам што збориме понатака.
 
Се јавив и ми се заблагодарија што им пријавив глобален проблем. Утре од 8 сабајле ќе сределе.

Инаку истиот проблем го имам и јас. :/

џабе се радуваш, ја пет пати им кажав на пет различни оператори ама се прават начукнати.


Може имаат најскапи услуги ама конкуренцијата може вода да им носи. Ако мислиш дека cabletel и телекабел се конкуренција ондак не знам што збориме понатака.

овие се за никаде, ама па конкуренцијата е невидено дно, за плачење е колку лоши понуди имаме.

абе Verizon и AT&T, еден нека долета на пазаров друг ќе е муабетот ама тоа е само сајфај.
 
Моментално симнувам со рекордни 60 килобајти преку торенти. Ѕверови се, нема што.
 
Ма овие абер си немаат. Вртам и ми дига таа некоја, ми вика дечко, ние немаме врска со торентите. Ама викам сите се жалат веќе неколку дена со намалена брзина, вклучувајќи ме и мене. Имате некоја информација? Немаме, но ќе пријавиме и ќе пробаме да го решиме проблемот. Taa: А на спидтест кон нашиот сервер како стои брзината? - Па фала богу, и во најлошите прекини кон вашиот сервер брзината е секогаш максимална. Немам коментар...

Којзнае шо им е...
 
најбоље беше една кога ме убедуваше дека 1ГБ = 1000МБ а не 1024МБ...

прашував ради лимитот, вака навидум малце е разликата ама кога се 120-150ГБ тие 24МБ станувааат 3-4 гига

also, facebook problems anyone?
 
Ма овие абер си немаат. Вртам и ми дига таа некоја, ми вика дечко, ние немаме врска со торентите. Ама викам сите се жалат веќе неколку дена со намалена брзина, вклучувајќи ме и мене. Имате некоја информација? Немаме, но ќе пријавиме и ќе пробаме да го решиме проблемот. Taa: А на спидтест кон нашиот сервер како стои брзината? - Па фала богу, и во најлошите прекини кон вашиот сервер брзината е секогаш максимална. Немам коментар...

Којзнае шо им е...
и мене истото ми го рекоа, и после еден другар ми кажа да направам port forwarding на рутерот. Сега е добро, симнува до 1 Мб (зависи до торентот)
 
брзинава на торентиве стварно е крш.. некои торенти ич не ни почнуваат.. еве сеа пуштив еден торент се врати во нормала изгледа по грешка го средиле проблемов :D
 
и мене истото ми го рекоа, и после еден другар ми кажа да направам port forwarding на рутерот. Сега е добро, симнува до 1 Мб (зависи до торентот)

Имам направено port forwarding на рутерот (Speedport) уште пред 6 месеци кога ми го дадоа. Се до пред некој ден торентите идеа со максимална брзина, сега едвај 100kbp/s
 
Имам направено port forwarding на рутерот (Speedport) уште пред 6 месеци кога ми го дадоа. Се до пред некој ден торентите идеа со максимална брзина, сега едвај 100kbp/s
Во тој случај до нив е, ќе се среди мрежата кај и да е, прееска исто ми беше спор. Можда праат нешто со подземните инсталации :toe:
 
Имам направено port forwarding на рутерот (Speedport) уште пред 6 месеци кога ми го дадоа. Се до пред некој ден торентите идеа со максимална брзина, сега едвај 100kbp/s

Порт форвард само ќе ти отвори порти за да можеш да правиш поголем UPLOAD (на торенвиве), ништо повеќе.
 
не е до рутерите,јас сум врзан само на модем па исто лајно е ...дупи :@
 
Конечно се врати во нормала!
:je:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom