Се подготвува терен за поделба на Косово

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Се подготвува терен за поделба на Косово

06.04.2011, 20:40

A0FFA67AB449B5428B6A4F058EC1A09E.jpg

Признавањето на неопходноста за поделба на Косово отвора нов правец во преговорите и може да покаже дека Запад го испитува расположението, но не само на Приштина и на Белград, туку и на Москва
Кон крајот на март, во текот на втората рунда преговори меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ и САД, Меѓународната кризна група (МКГ), која го изразува расположението на западниот, а уште повеќе на американскиот естаблишмент, на властите на Косово им предложи да ги прекинат обидите да воведат контрола над северниот дел на покраината, која е населена со Срби, а за возврат да побараат од Србија да го признае Косово, се наведува во анализата на московскиот Фонд на стратешка култура.

Иако во извештајот, кој се состои од 31 страна под наслов „Северно Косово: двоен суверенитет во пракса“, се работи за формално давање широка автономија на косовските Срби, ставовите во документот не дозволуваат ни најмал сомнеж дека неговите автори претпоставуваат предавање на северните делови на Косово на Србија. Со други зборови, станува збор за прво признавање дека на ова ниво, како додаток на дневниот ред на преговорите, може да дојде до поделба на Косово.

- Северот веќе 20 години не е под вистинска контрола на Приштина, а неговото главно селско население одбива интеграција во Косово, пишува во извештајот на МКГ, која ја повикува албанската страна да покаже еластичност пред тоа прашање.
Принудна неопходност за поделба

Документот констатира дека светската заедница не успеала во постигнувањето на целите за Косово - да не дозволи ескалација на насилствата; да се спротивстави на промените на границите и да спречи претворање на косовскиот конфликт во „замрзнат конфликт“.

Признавањето не само на можноста туку и на принудната неопходност за поделба на Косово отвара нов правец во преговорите за Косово и може да покаже дека Западот го опипува теренот, но не само на Приштина и на Белград, туку и на Москва. Бидејќи откажувањето од принципите кои во 2005 ги формулираше Контакт-групата за Косово - со одлучно „не“ за поделба на покраината - има можност во одредени услови да го деблокира сегашниот косовски меѓународно-правен ќорсокак.

Меѓутоа, реализацијата на тој план неизбежно би го одвела Западот во директен судир со албанските власти во Приштина. Властите ќе се обидат да избегнат не само поделба на Косово, туку и давање широка автономија на северниот дел. Токму во тој дел се наоѓаат најважните рудници и компании за обоена металургија, кои како што тврди Приштина, треба да останат база за економската независност на Косово.

Негативната оцена на приштинската страна стигна многу брзо. Главниот косовски весник „Коха диторе“ веднаш објави дека извештајот на МКГ е „неприфатлив за Косово“. Тие ги наведуваат зборовите на претседателот на Собранието Јакуп Красниќи, кој рече дека предлозите од тој документ „го поткопуваат територијалниот интегритет на Косово“. Исто мислење има и заменик-премиерот на Косово Хајредин Кучи, кој смета дека властите во Приштина веќе направија свој максимален можен компромис со тоа што го прифатија планот за независност на Косово под надзор, кој во 2007 година го подготви специјалниот пратеник генералниот секретар на ОН, Марти Ахтисари. Поради тоа вели тој, каков било предлог надвор од пакетот на Ахтисари е „неприфатлив“.
Размена на територии

Меѓутоа претставниците на МКГ ја одбиваат таквата критика, уште повеќе што тие не зборуваат само за проширена автономија на делот од Косово населено со Срби, туку и за размена на територии.

И владата во Србија кон е многу воздржана кон наведените предлози. Министерот за Косово Горан Богдановиќ веќе навести дека автономијата на северниот дел на Косово, како услов за признавање на независноста на Косово во Белград „е неприфатлива“. Меѓутоа, претседателот на Србија Борис Тадиќ, не спомнувајќи ги предлозите на МКГ, изјави дека во „напорите да се реши косовскиот проблем, не може да се отфрли заштитата на волјата и интересите на Србите на Косово, кои не сакаат да се интегрираат во еднострано прогласената држава Косово“.

Можната поделба на покраината, прифатена од ЕУ и САД, неизбежно ќе ја промени поделбата на силите во зоните каде што постојат исти конфликти. Конкретно, на светската заедница ќе ~ биде уште потешко да го реши проблемот со поделениот Кипар, а нови сценарија ќе се појават и во конфликти на постсоветскиот простор. А наведената варијанта, впрочем, не предвидува ништо добро ни на Босна и Херцеговина, како и на Македонија, се констатира во анализата.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BD114B0228165A4E922FB12F1AEE30DC
 
Абе јас реков, Наскоро ќе има големи нермири во балканските земји

А нај ризични за умирање и поделби се овие, Македонија,Косово, и Босна и Херцеговина....:toe:

Ќе лета многу глави во блиска идинина, изгледа Викиликс ќе излезе во право...

Викиликс: Балканот со арапско сценарио
_1232.jpg

Лондон, 1 април – Тајните документи за Босна и Херцеговина и останатите земји од југоисточна Европа, ако се објават, ќе предизвикаат на Балканот исти сценарија како во Арапскиот свет.

Како што тврди, основачот на Интернет страницата „Викиликс“, Џулијан Асанж, тоа ќе се случи, по објавувањето документи од американската амбасада во БиХ од изминатите шест години.

Според него документите кои сега се објавуваат во Романија имаат големо влијание.

„Тоа е веројатно моделот по кој документите, кога ќе бидат објавени ќе влијаат на овој регион“, изјави Асанж за „Дневни аваз“, кој го прогласи за странска личност во 2010 година.

Асанж тврди дека „Викиликс“ придонесе за револуциите во Тунис и Египет, а тој е уверен дека објавувањето тајни документи сигурно ќе биде интензивирано како што одминува времето, а никако нема да биде запрено.

Тој нема намера да се да се договори со САД.

„Тие се обидуваат да не замолчат, барајќи да уништиме се што претходно имаме објавено, се што ќе објавиме и да ги прекинеме контактите со изворите познати како „информатори“ од американската војска. Секако, ние тоа го одбивме“, изјави Асанж.
 
Балканот пред големи политички одлуки

04.04.2011 18:47
jadranka-kosor.jpg

Готово е - народот повеќе не ве сака e пораката, која според последните анкети, Хрватите и ја праќаат на Владата на премиерката Јадранка Косор, многу скоро би можеле да ја добијат владејачките гарнитури и во други балкански земји.
Причините поради кои владата на премиерката Јадранка Косор, според последните анкети има рекордно ниска поддршка од само 13,4 насто, се присутни во сите други земји во регионот - економска криза, сиромаштијата и раширената корупција.
Фејсбук протестите, во Хрватска организирани по теркот на случувањата на арапскиот полуостров и Северна Африка, беа реакцијата на незадоволните хрватските граѓани.
На Србија, веќе почна пролета на протести, во организација на опозиционата народна партија на Томислав Николиќ, која во моментот според анкетите се израмни со до неодамна неприкосновената демократска партија на претседателот Борис Тадиќ.
Барањето за предвремените избори од опозицијата, Тадиќ е подготвен да ги прифати, но откако Србија ќе добие кандидатски статус кон крајот на годината, што би му бил клучниот адут пред гласачите.
boris-tadic.jpg

И во Хрватска и во Србија, паѓа поддршката за евроинтеграцијата, иако Хрватска очекува до крајот на годинава да ги заврши преговорите. Со пад на рејтингот се соочува власта во Словенија, која е веќе членка на ЕУ.
Избори веќе се одржаа во Босна и Херцеговина и на Косово, но тие не донесоа решение. Во БиХ, политичките елити се согласни само дека не можат да се согласат.
На Косово, владејачката коалиција предводена од демократите на Хашим Тачи е доведена во прашање, откако Уставниот суд го поништи изборот на претседателот на државата Беџет Пацоли.
Бранот на промените во екс југословенските републики, всушност почна со повлекувањето на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ - наградата за Подгорица беше кандидатски статус.
nikola-gruevski5.jpg

Македонија за жал може да биде негативниот пример за евро-интеграцијата на западен Балкан - земјата која прва доби договор за стабилизација и асоцијација и веќе три години е со статус на кандидат, но и покрај препораката од Европската комисија нема датум за старт на преговорите.
Секако, спорот за името со грција е клучниот фактор, но Брисел се поотворено зборува за назадување во потребните реформи, во судството, слободата на медиумите, борбата против корупцијата.
Владата на Груевски, не успева да ја материјализира огромната поддршка за евро-атлантските интеграции од граѓаните.
Спорот со Грција е само дел од проблемот - економската криза, рекордната сиромаштија, сеприсутната корупција се проблеми за кои Владата на Груевски нема адекватен одговор.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=136343
 
Нормално.... чекор напред кон враќањето на Косово под Србија...
 
Кога би бил само спорот за името.Спорот со името ќе се реши кога и да е.И ни се допаѓал нас или не.Ако владата на Груески нема капацитет тогаш ќе се обиде владата на Црвенкоски.И проблемот е готов?Не.Проблемот е многу подлабок .Не се работи само за името.Ќе се раскопаат уште многу проблеми од кои само ќе ги спомнам идентитетот,јазикот итн.Дури кога и Грција би прифатила име со географска одредница тогаш на сцена стапува Бугарија со нејзините 200 000 бугари во Македонија.Со правата на огромниот број на бугари во Македонија.Со бракоразводните парници итн.Откога ќе ги решиме и тие проблеми тогаш ќе рипне Србија со загрозеноста на верските слободи.А да не го спомнувам фактот што ние бараме правда кај истиот кадија кој во 1912 не осуди.Така да нити владата на Грусевски нити онаа по него или пред него не верувам дека имаат капацитет да направат нешто повеќе.
 
СЕ ОПИПУВА ТЕРЕНОТ ЗА ПОДЕЛБА НА КОСОВО

Едита Тахири: Тоа е провокација!

6DE7A5527C3B354E989A081AE4E87FB3.jpg
Шефот на приштинскиот тим во преговорите со Белград Едита Тахири ја оцени како провокативна изјавата на нејзиниот српски колега Борислав Стефановиќ дека поделбата на Косово може да биде тема на дијалогот, отфрлајќи ја таквата можност.
- Нашиот став е јасен, концептот е дека дијалогот е за технички прашања и дека никогаш нема да бидат прифатени политички теми. Можам да кажам дека таквите идеи доаѓаат од Србија и дека изјавите на господинот Стефановиќ го дестабилизираат регионот, истакна Тахири за приштинскиот весник "Експрес".
Таа смета дека "косовската Влада доведе до прогресивна политика, јакнење на мирот и стабилноста во регионот, добрососедство, како и патот кон евроатланските интеграции".
Тахири демантираше дека во текот на трите рунди разговори со белградската делегација имало тенденции за дискусија околу темата за поделба и рече дека таквите изјави на Стефановиќ "се наменети за внатрешно-политичките потреби во Србија".
Шефот на српскиот тим во преговорите со Приштина во интервју за весникот "Блиц" викендов изјави дека "српскиот преговарачки тим не бега од можноста да се разговара за поделба на Косово".

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=094B84C74DD5474882CB0C5516823C56
 
Монтгомери за Косово

Поделбата е најдобро решение!

9E9BF824D044864ABBE84BCC829DBFB4.jpg
Најдобро решение за Косово е некаков вид поделба, спроведена со широк договор за заштита на религиозните и културните центри и слобода на движење, изјави поранешниот американски амбасадор во Србија и Хрватска, Вилијам Монтгомери, во интервју за "Блиц". Тој наведува дека во преговорите со Косово Србија може да постигне висок степен на автономија за косовските Срби, со што ќе се гарантира заштитата на нивниот живот, културата, религијата, јазикот и добрите односи со Србија.
"Во замена за тоа меѓународната заедница и косовските Албанци најверојатно ќе побараат да се укинат паралелните српски институции во Северно Косово", наведе Монтгомери.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=5D6EC00B3618FD43A43BA813E8867F1F
 
Да но зошто ваквите изјави и нудење решенија се пласираат секогаш од бивши функционери?Не само за Косово туку и за Македонија.Дури ја извршуваат функцијата никаде ги нема.Но потоа излегуваат со решенија или на пр.на чија страна била правдата.
 
Добро бе нека се договорат, нека се подели целиот балкан уште еднаш, северниот дел на Косово нека им се даде на србите, додека Прешево, Бујановац и Медвеѓа да им се дадат на албанците , исто така Војводина на Унгарија , Санџак на бошњаците, делот кај што има бугари во Србија да и се даде на Бугарија, Република Српска да се прекрои , затоа што има повише територија од тоа што треба да има еден геноцидарен народ, имаат повише него што се застапени во Босна и Херцеговина како население.
 
Значи ти предлагаш да си ги измериме уште еднаш силите пак кој ќе преживее ќе раскажува
 
Значи ти предлагаш да си ги измериме уште еднаш силите пак кој ќе преживее ќе раскажува

Ако сакаат поделба србите, нека се оди до крај, нека се среди, но затоа реков, дека и тие имаат територии за губење: Војводина, Санџак, Прешевска долина. Не мора тоа да се направи преку војна. (иако знаеме дека е невозможно без војна некој да рече од денеска овој дел ќе и се даде на таа држава).
 
Да се надеваме дека нема да сакат.Зошто ни една држава на балканов не е етнички чиста, сите имаме малцинства.
Србија=Босанци,Унгарци,Албанци,Косово=Срби Албанци,Македонија=Албанци итн,Албанија=Грци,Македонци итн,Бугарија=Турци,Македонци,Грција=Албанци,Македонци итн.Босна!
Ако некој одлучи пак да си ги замеша прстите на балканот сите ќе сркаме солена чорба,никој нема да остане на страна.
 
Во иднина Косово дефинитивно ќе се подели..
 
Во иднина Косово дефинитивно ќе се подели..

Дефинитивно не ми се верува , тешко.

Ќе речат србите: што ќе се усрамиме со малце, ќе го оставиме така цело, срцето и онака оди цело, што ќе ни е само еден дел од срцето (Косово). :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom