- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.324
Се подготвува терен за поделба на Косово
06.04.2011, 20:40
Признавањето на неопходноста за поделба на Косово отвора нов правец во преговорите и може да покаже дека Запад го испитува расположението, но не само на Приштина и на Белград, туку и на Москва
Кон крајот на март, во текот на втората рунда преговори меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ и САД, Меѓународната кризна група (МКГ), која го изразува расположението на западниот, а уште повеќе на американскиот естаблишмент, на властите на Косово им предложи да ги прекинат обидите да воведат контрола над северниот дел на покраината, која е населена со Срби, а за возврат да побараат од Србија да го признае Косово, се наведува во анализата на московскиот Фонд на стратешка култура.
Иако во извештајот, кој се состои од 31 страна под наслов „Северно Косово: двоен суверенитет во пракса“, се работи за формално давање широка автономија на косовските Срби, ставовите во документот не дозволуваат ни најмал сомнеж дека неговите автори претпоставуваат предавање на северните делови на Косово на Србија. Со други зборови, станува збор за прво признавање дека на ова ниво, како додаток на дневниот ред на преговорите, може да дојде до поделба на Косово.
- Северот веќе 20 години не е под вистинска контрола на Приштина, а неговото главно селско население одбива интеграција во Косово, пишува во извештајот на МКГ, која ја повикува албанската страна да покаже еластичност пред тоа прашање.
Принудна неопходност за поделба
Документот констатира дека светската заедница не успеала во постигнувањето на целите за Косово - да не дозволи ескалација на насилствата; да се спротивстави на промените на границите и да спречи претворање на косовскиот конфликт во „замрзнат конфликт“.
Признавањето не само на можноста туку и на принудната неопходност за поделба на Косово отвара нов правец во преговорите за Косово и може да покаже дека Западот го опипува теренот, но не само на Приштина и на Белград, туку и на Москва. Бидејќи откажувањето од принципите кои во 2005 ги формулираше Контакт-групата за Косово - со одлучно „не“ за поделба на покраината - има можност во одредени услови да го деблокира сегашниот косовски меѓународно-правен ќорсокак.
Меѓутоа, реализацијата на тој план неизбежно би го одвела Западот во директен судир со албанските власти во Приштина. Властите ќе се обидат да избегнат не само поделба на Косово, туку и давање широка автономија на северниот дел. Токму во тој дел се наоѓаат најважните рудници и компании за обоена металургија, кои како што тврди Приштина, треба да останат база за економската независност на Косово.
Негативната оцена на приштинската страна стигна многу брзо. Главниот косовски весник „Коха диторе“ веднаш објави дека извештајот на МКГ е „неприфатлив за Косово“. Тие ги наведуваат зборовите на претседателот на Собранието Јакуп Красниќи, кој рече дека предлозите од тој документ „го поткопуваат територијалниот интегритет на Косово“. Исто мислење има и заменик-премиерот на Косово Хајредин Кучи, кој смета дека властите во Приштина веќе направија свој максимален можен компромис со тоа што го прифатија планот за независност на Косово под надзор, кој во 2007 година го подготви специјалниот пратеник генералниот секретар на ОН, Марти Ахтисари. Поради тоа вели тој, каков било предлог надвор од пакетот на Ахтисари е „неприфатлив“.
Размена на територии
Меѓутоа претставниците на МКГ ја одбиваат таквата критика, уште повеќе што тие не зборуваат само за проширена автономија на делот од Косово населено со Срби, туку и за размена на територии.
И владата во Србија кон е многу воздржана кон наведените предлози. Министерот за Косово Горан Богдановиќ веќе навести дека автономијата на северниот дел на Косово, како услов за признавање на независноста на Косово во Белград „е неприфатлива“. Меѓутоа, претседателот на Србија Борис Тадиќ, не спомнувајќи ги предлозите на МКГ, изјави дека во „напорите да се реши косовскиот проблем, не може да се отфрли заштитата на волјата и интересите на Србите на Косово, кои не сакаат да се интегрираат во еднострано прогласената држава Косово“.
Можната поделба на покраината, прифатена од ЕУ и САД, неизбежно ќе ја промени поделбата на силите во зоните каде што постојат исти конфликти. Конкретно, на светската заедница ќе ~ биде уште потешко да го реши проблемот со поделениот Кипар, а нови сценарија ќе се појават и во конфликти на постсоветскиот простор. А наведената варијанта, впрочем, не предвидува ништо добро ни на Босна и Херцеговина, како и на Македонија, се констатира во анализата.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BD114B0228165A4E922FB12F1AEE30DC