Ма, глупости .. Се и сешто.
Јас разбирам да се инсистира за употреба на стандардизираната норма, ама не бива до толку. Инаку повеќето од примерите што ги напиша спаѓаат во категоријата
дијалектни форми и како такви воопшто не се спорни, ниту пак се основната причина за недоволната образованост на јавните личности (новинари, професори, политичари, експертутки....). Од човекот (или како што рече ти "минимумот мозочни клетки") зависи дали ја сфатил потребата да се изразува/пишува правилно кога се обраќа официјално со цел да биде разбран од сите, за разлика од комшиски "муабет" каде може да комуницира како што сака (разни јазици

).
Karan, мислам дека малку погрешно си го разбрал „дијалогов“ меѓу Мачорка и мене. Никој не ја спори употребата на дијалектите и другите нестандардни форми на македонскиот јазик. Напротив, дијалектите на било кој јазик се многуслојна категорија и се многу важни од повеќе аспекти. Прво, дијалектите се непресушни извори на автохтона лексика, фразеологија, јазичен израз и стил, итн. и затоа треба треба да се негуваат, како што и стандардот треба да се негува.Понатаму, дијалектите се јасен израз на идентитет и припадност:
секој од нас зборува повеќе различни дијалекти:а)
регионален дијалект (скопски, битолски, штипски, тетовски, итн.), б)
социјален дијалект, односно
социолект (во зависност од своето ниво на образование и општествена класа), в)
родов дијалект или
genderlect (машки, женски), д)
професионален дијалект (технички жаргон) (ако си лекар, стоматолог, правник, архитект, генетичар, биохемичар, лингвист – тогаш треба да го познаваш и владееш соодвентниот професионален жаргон), ѓ)
урбан дијалект (во мегалополисите како Њујорк или Лондон, каде да речеме, жител на Менхетн зборува поинаку од оној во Бруклин). Можам уште многу да пишувам на темава бидејќи ми е добро позната и ја истражувам долги години. Она што сакав да го посочам е дека повеќето луѓе се
мултидијалектални – говорат барем неколку од наведените дијалекти на еден јазик (кои не се само регионални).
Мислам дека ти загатна нешто што има повеќе врска со контекстуалната употреба отколку со дијалектот. И за тоа мислам дека напишав во еден друг пост ама попатно и без доволно објаснување. Тука ќе се обидам да дообјаснам: секој изворен зборувач на еден јазик е способен да го адаптира својот јазичен израз во зависност од формалноста на ситуацискиот контекст. Таквата јазична употреба во лингвистиката е позната како
регистер. Кога купувам на Зелено пазарче и` се обраќам на старицата која љубезно ми вели “Синко ај земи од патлиџанчево“ со “Ќе земам, мајче.“ Тоа е соодветниот регистер во дадената ситуација. Кога разговарам со универзитетски професори, мојот јазичен израз се уподобува на таквиот контекст. Кога зборувам се тригодишни дечиња, употребувам поинаков регистер и интонација (child-directed speech). Софистициран зборувач на еден јазик е способен да разликува и правилно да употребува различни регистри.
Еве ја конечната поента:
дрската неписменост ме иритра и
ја разобличувам, особено кога се некој неписмен се дрзнува да дели лекции само затоа што може да набоде нешто на тастатура. Пред некој некому да дели лекции како се негува и уништува јазикот, треба а) добро да го има совладано стандардниот јазик (ова е минимум!), б) да ја познава сопствената јазична историја, литература, богатсво на дијалекти, итн. и в) со сопствен пример да сведочи она за кое се застапува. Како што можеби си забележал, мене не ми се блиски изблици на „јазична полиција“ – претпочитам слобода во изразот и кротко сведочење со пример. Меѓутоа, кога неписмени (навистина немам поблаг збор) „бранители“ на јазикот се обидуваат да ми делат лекции, остро реагирам, понекогаш и со цинизам.
Прости за долгиов пост, и многу поздрав,