Старските домови со лиценци и подобрени услови

  • Креатор на темата Креатор на темата Jassna
  • Време на започнување Време на започнување
Поретардирано нешто немам прочитано.
Најверојатно се работи за недоразбирање или некое селективно одбирање.
Што има лошо во поимот и реализацијата на здрава патријархална средина?
Што лошо има во убава фамилијарна атмосфера каде неколку генерации живеат под ист кров, си делат се и се борат за заедничка иднина?
Најверојатно брзите феминстички курсеви ви создале некоја лажна аверзија кон традиционалноста, семејството, дечињата, можеби некоја слика на затвореност, немање на слобода со деца, не сакате да ви се кажува што како, па нормално е погрешно да се протолкува патријархалноста.
Но нема никаков проблем, кога тогаш, исконското ќе ве повика и ќе си ја најдете среќата во сопругот, децата и пошироката фамилија :)
 
Најверојатно се работи за недоразбирање или некое селективно одбирање.
1. Што има лошо во поимот и реализацијата на здрава патријархална средина?
2. Што лошо има во убава фамилијарна атмосфера каде неколку генерации живеат под ист кров, си делат се и се борат за заедничка иднина?
3. Најверојатно брзите феминстички курсеви ви создале некоја лажна аверзија кон традиционалноста, семејството, дечињата, можеби некоја слика на затвореност, немање на слобода со деца, не сакате да ви се кажува што како, па нормално е погрешно да се протолкува патријархалноста.
4. Но нема никаков проблем, кога тогаш, исконското ќе ве повика и ќе си ја најдете среќата во сопругот, децата и пошироката фамилија :)

1. Самиот поим и самата реализација се погрешни. Тоа е како јас да те прашам што е погрешно во матријархатот. Погрешна е доминацијата во двата случаеви.
2. Во ова е лошо што сигурно јас и уште еден член нема да сакаме иста боја на завеси, ист ручек. Сакам да бидам блиску до моите/родителите на сопругот, секогаш, но не и да живеам со било кои од нив. Затоа што повеќе ќе ги сакам ако не треба да размислувам дали и на нив им се допаѓаат завесите. (Завесите се пример, не се фаќај како слеп за стап). А под фамилијарна атмосфера сфаќам ручек во сабота/недела, баби, дедовци, браќа и се сестри мои и на сопругот, нивни деца... Но не секој ден. Посреќна сум со сопругот и децата, него со цела моја или негова фамилија.
3. Не сакам да ми се кажува што и како, ниту родителите не ги прашувам, уште помалку сопругот. Денес немам сопруг, имам дечко, не го прашувам. Можеби се советувам, а тоа е сосема друго. Објасни ми го позитивниот аспект на патријархалноста и зошто јас погрешно ја разбирам. Не се плашам од деца, сакам деца, и ми е многу важно да имам повеќе деца. Потребата од деца се раѓа во секоја жена, само некои се свесни дека не би биле добри мајки и не раѓаат.
4. Исконското во мене, и тоа како работи. Сакам да имам сопруг, сакам да имам деца, сакам да имам блиски контакти со фамилијата. Но не и да живеам со неа.

Ако ти и твојата сопруга тоа го сакате - правете го. Но не ги навредувај тие со поинакви сфаќања.
 
Она кое ти си го напишала е само одраз на нездравата средина за живот која ја сугерираш во која нема место за постарите, бидејќи ти се молам младите работеле од 9-17:) Па уште тоа биле предрасуди, ти се молам, традицијата е нешто заостанато кое треба да се надмине.
И немале време да се грижат за оние кои ги одгледале.
Резултати на збеснатост и немање на соодветна традиционална домаќинска фигура во домот.
Па имаш споредби со Западна Европа, споредба која не знам врз која основа ја правиш. Фала богу не сме на тоа ниво на декаденција на западот, за да не знаеме кои сме и од кого сме и на кого му должиме.
Фала на се, во Македонија луѓето сеуште ги почитуваат родителите, претците и сите оние кои им помогнале да станат она кое се.
Тоа што ти сакаш да го мафнеш „проблемот“ и тоа што сметаш дека парите можат да ја купат љубовта кон постарите, го прави твојот свет навистина премногу стеснет, себичен и жален.

Она што јас го напишав е само споредба меѓу различните култури и различниот начин на живеење и на поимање на нештата. и според тоа треба да се прави план и програма за старските домови во македонија (начин на живеење, цени етц), а не само да се препише нешто од Запад, особено цените, и да си играме Европа.

За каква збеснатост зборуваш? Младите во Западна Европа точно знаат што им е целта во животот, точно знаат што е за нивниот стандард, а што не.пробуваат да учат во едно школо, менуваат план, одат во друго, прават пауза една година и работат во старски домови, студираат, средношколците секое лето работат градежни работи и тоа не е срамно!!!
а кас нас? во секоја куќа има 5 мобилни, а еден е вработен!!! пензионерите ги издржуваат децата или внуците!!! сите учат без да имаат визија што ќе работат по завршувањето на школувањето и се издржувани лица до 30 години!!! некои работат од утро до мрак или не земаат плата или заработувачката е минимална - тие не ни оформуваат семејства!! наталитетот опаѓа!!
ако тоа тебе ти е „фала Богу“, мене не ми е.

на луѓето во Македонија им е дојдено преку глава од се!! кога и да се вратам, само слушам кој фатил усвет, кој отишол за Австралија, кој за Нов Зеланд!!

и љубовта не се купува. се купува услугата.
 
Она што јас го напишав е само споредба меѓу различните култури и различниот начин на живеење и на поимање на нештата. и според тоа треба да се прави план и програма за старските домови во македонија (начин на живеење, цени етц), а не само да се препише нешто од Запад, особено цените, и да си играме Европа.

За каква збеснатост зборуваш? Младите во Западна Европа точно знаат што им е целта во животот, точно знаат што е за нивниот стандард, а што не.пробуваат да учат во едно школо, менуваат план, одат во друго, прават пауза една година и работат во старски домови, студираат, средношколците секое лето работат градежни работи и тоа не е срамно!!!

Баш тие млади во моментов се невработени, низ цела западна европа и сад, во некои држави членки популацијата на неврaботени од 21-30 годишници изнесува над 40%.
Не, тие луѓе не знаат што сакаат. Тие се во конфликт помеѓу она кое треба да го прават и она кое бунтовноста им го дозволува во моментот.
На крај верувај, семеен дом каде можеш да најдеш разбирање и сигурност, ќе преовлада пред сите оние хипи егзибиции.
Сепак, темава е за старечки добови, мене идејата ми беше зошто да има старечки домови, ниеден човек не треба да е дрво без корен, секој има потекло од некаде, па оние кои му се блиски, ако не од друго, барем од почит треба да се грижат за него. плус, нели и пензија ќе им носи:)
 
и.

Старечки домови треба да има зашто начинот на живот се смени.
Не значи дека ако некој оди во старски дом, дека е дрво без корен. Таму ќе ја има и потребната грижа и потребната нега, друштво и организиран живот цел ден.

А ако старец којшто не може да се грижи за сбе, седи заклучен дома, додека младите се вратат од работа, тогаш останува само корен, не е веќе дрво. СУм имала прилика да видам колку е тешко да се грижиш за таков човек и тој што го гледа е исфрустриран и нервозен, туфка и пуфка. тоа не е почит. тоа е немање каде!
пензијата секој треба да си ја троши како што сака, зашто е негова.
 
Види, јас зборувам од личен аспект и од поглед на луѓе со кои се дружам.
Никој од нив нема да го батали својот постар член и да го даде на некоја институција, па таа да му брка галје.
Прабаба ми, дедо ми, баба ми, мајка ми и татко ми, јас ќе смогнам сили да им го направам останатиот живот убав, со мене и со останатите потомци.
А ти ако сметаш дека треба да се отфрлат тие луѓе и дадат во некоја општествена допогребна креација, бидејќи, нели би имале подобра нега и внимание, тоа си е твое мислење.
 
Грижата за старите луѓе е еден од приоритетите во животот.
Секоја саглам фамилија има куќа и на некој кат или соби живеат и старите.
Сите заедно, во добро и лошо се си делат, тоа фамилија значи.
Пензионерски домови се измислени од секс & сити градски лигуши, кои немаат респект кон потеклото и традицијата, па сакаат да се ослободат од „обврските“, сакаат да имаат „слобода“, да „дишат“ или какви се не оправдувања ќе најдат за својата себичност, хедонизам и бесчувствителност.
Срамота е она во кое се има претворено младото и прогресивно ЕУ/УСА wanna be граѓанство.

370 илјади муви неможат да грешат.
 
Види, јас зборувам од личен аспект и од поглед на луѓе со кои се дружам.
Никој од нив нема да го батали својот постар член и да го даде на некоја институција, па таа да му брка галје.
Прабаба ми, дедо ми, баба ми, мајка ми и татко ми, јас ќе смогнам сили да им го направам останатиот живот убав, со мене и со останатите потомци.
А ти ако сметаш дека треба да се отфрлат тие луѓе и дадат во некоја општествена допогребна креација, бидејќи, нели би имале подобра нега и внимание, тоа си е твое мислење.

А ако старецот е неподвижен и несвесен за светот околу него, што ќе направиш? Ќе дадеш отказ и ќе се грижиш за него, или ќе го оставиш сам на милост и немилост цел ден додека се вратиш од работа?
 
има денеска негувателки ,кои за добри пари поефтини од овие лиценцирате ќе пружаат соодветна нега на овие лица.

Ова е добар бизнис бидејќи се таргетираат само оние богати пензионери кои имаат можност да си покријат терапијата.

Значи пак на крајот колку пари толку музика се додека не запее дебелата дама.
 
Негувателката врши работа само кога старецот вегетира. Но има старци кои физички не се способни да се грижат за себе, додека интелектуално сеуште добро функционираат и им е потребен солиден социјален живот.
Затворени дома, цел ден со негувателка, и попладне со семејството, не е доволно. Немаат дружба со својата група на врсници, тоа ги прави депресивни и несреќни.

Секогаш бараме некој со слични проблеми и случувања во животот, некого со кого ќе си ја споделиме маката. Негувателката не го може тоа, прво, не може да биде заинтересирана за муабетењето на старецот, нема доволно години за тој да се чувствува добро (дека таа го разбира), и на крајот, не е психолог за да знае како да се постави према него.

Во домовите не само што има медицински стучни лица, кои во било кој момент ќе интервенираат (не може мн. негувателката да помогне ако стариот има инфаркт или излив), туку и самата дружба со другите старци, му го олеснува животот на самиот старец.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom