Каде на викенд?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, незнам во која тема да напишам и да прашам па се решив овде.
Сакам да заминувам за Сараево на неколку дена, на шетање, фудбалски натпревар да гледам и слично. Но, незнам околу превозот. Барав на интернет автобуска линија Скопје-Сараево и неможев никаде да најдам. Имате ли некоја повеќе информација околу ова патување? Што и како цена... дали се оди преку Србија или директно преку Косово и Црна гора ?
Преку Србија се оди и таму имаш премештај за Босна. Можеш преку Ниш да се преместиш или да идеш до Белград па таму да се префрлаш. Јас те советувам преку Ниш, кратиш саати, штедиш време :)
 
Дали има некоја агенција што иде петок или сабота а те враќа недела конкретно за туристичките места во Грција ме интересира знам за овие MT Travel дека прават али тоа е за еден ден само колку што знам:confused:
 
Конечно ја најдов вистинската тема :) Рекоа времето викендов ќе било супер (што судејќи по утрово, не ми се верува баш) и со дечко ми сакавме да отидеме до Марков манастир, Маркова река поточно. (не знаеме дали има попогодно место за седење покрај Маркова река освен тоа кај манастирот) Не знаеме како да стигнеме таму, имаше табли на автобуски, пишуваше 80ка дека одела ама на јсп страната има само 80А и не пишува до Марков манастир туку од Драчево до село Цветово. Неаме појма кај е тоа. Ако некој знае како да стигнеме таму со автобус, ептен ќе ни биде од помош. Фала!
 
Ако одиш од Центар ке си фатите автобус 70, и ќе се симнете кај еден маркет што се наоѓа покрај самата улица каде што поминува автобусот (или најубаво би било да му кажете на шоферот каде идете па он да ви каже каде да се симнете)
 
Ако одите на Пелистер или воопшто во Битолскиот крај ви го препорачувам хотелов Шумски Фенери.
Прекрасна е Битола, преубави луѓе Битолчани и имаат преубава скара. Или со еден збор го имаат Dzish; како домаќин. Па идете до широк сокак на едно кафе и прошетка.
отворив боокинг.ком
го видов местово,букирав соба.упатства беа...вози накај пелистер.
океј...возам,проаѓам тоа мотел/хотел капри и возам нагоре...и доаѓа место кај што се дели патот на 3!
ај фатив по десното,вози 5 минути нема.врати се назад на рачвата,фатив по средното вози 5 минути нема ништо пак назад до рачвата и фатив по левиот крак,вози 5 минути пак нема ништо.
ако мислат сериозно овие да праат хотел,може да се потрудат да стават патоказ или реклама БАР НЕШТО кај што патот се дели на 3 крака.(кај што има табла за парк пелистер)
ова е инфо од септември.се надевам дека ставиле нешто од тогаш до денес.
 
Ако одиш од Центар ке си фатите автобус 70, и ќе се симнете кај еден маркет што се наоѓа покрај самата улица каде што поминува автобусот (или најубаво би било да му кажете на шоферот каде идете па он да ви каже каде да се симнете)

А од таму колку има пешки?
 
Сaкaм дa попитaм, дaли некој от форумa е одил нa о. Тaдос? Молја, некој дa кaже кaк сa цените нa хрaнaтa и трaнспортa тaму?
 
некој дали бил во лисабон да ми даде некои информации, одам на викенд, кратко, да ми предложи место за спиење...
одам на викенд ама за роденден така да не барам хостел, сакам моја соба ;)
 
Место за спиење си најдов негооо...никој нема инфо за лисабон? :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom