Каде на викенд?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ми треба совет за да ми кажете некое убаво место за викенд или па за неколку дена.Нешто како Берово,Маврово и слично.Ми требаат цени за ноќевање,дали сте биле,искуства и слично.

Ако може да ми предложите и некое убаво елитно место во близина на Скопје.

Не видов ваква тема,ако веќе постои иста спојте ги двете.
 
Некој хотел во Маврово или друг зимски центар со пристојни цени? Фала однапред
 
Некако замре темава :(
Ако имате некој предлог за викенд да ја освежиме малку, м? На сите би ни користeла добра идеја за викенд, посебно на пеколниве температури :)
 
Дали некој знае дали има некој мотел или пак да се издаваат соби за преноќевање во Кратово? Сакам да одам на прошетка, но никако не ми се исплаќа да одам само за еден ден, а освен хотелот силекс (кој слушнав дека моментално се реновира) не знам ништо друго. :confused:
 
Колешино - колешинскиот водопад.....за жал таму ако тргнеш без да има некој со тебе што бил веќе нема да се снајдеш,нема никаков знак дека има во близина водопад,потоа патот до водопадот не е обележан со знаци каде што како,ептен катастрофа.

Но потоа патеката до водопадот и самиот дел каде што е водопадот е перверзна,прекрасно средено со клупи и мали колиби за седење,имаше доста народ плус има место и за скара правење. Местото е феноменално поради свежиот и чист воздух ( кој ќе оде и тренерка нека си земе ако е во план подолго да остане таму).
 
Еве каква тура ние напраивме...Кокино-Мансатир Прохор Пчински-Осоговски-и на крај на вечера Во Гиновце...еве Ви тура за 1 ден во кој ќе поминете САМО 349 км али топ ден кога е долг денот

уживајте
 
Некој хотел во Маврово или друг зимски центар со пристојни цени? Фала однапред
Прочитав нешто поевтини карти имало и во хотелите во Маврово поефтиниле цените колку е точно не знам.

Имаше статија на некој од веснициве наши.
 
Јас и девојка ми бевме во Берово и супер си поминавме, поубаво место за одмор нема верувајте! Препорака од мене за сите што се мислат дали да одат(y)
 
Ако одите на Пелистер или воопшто во Битолскиот крај ви го препорачувам хотелов Шумски Фенери.
Прекрасна е Битола, преубави луѓе Битолчани и имаат преубава скара. Или со еден збор го имаат Dzish; како домаќин. Па идете до широк сокак на едно кафе и прошетка.
 
Како им се движат цените за двокреветна соба?
Иначе скарата во Битола не ми оставила некаков впечаток, веројатно сум јадел на погрешно место. Добро е вака кога се шета по градовите да има кој да ве упати ама некој кој се разбира во скари мари и слични работи. Ако другарот или другарката ти се вегетеријанци си нае...
 
http://www.sumskifeneri.com/index2.php
Еве ти линк од хотелот јави им се фини се. Ние бевме преку попуст на групер ни излезе 1200 денари за една вечер со појадок за двајца.
Битола закон скара, како и секаде мораш да имаш човек да те однесе на вистинското место. Бегај од вегетаријанци :)
 
Zdravo dali nekoj moze da mi kaze dali moze da idam do praga vo cetvrtok a pasosot mi vazi do ponedelnik jas planiram vo ponedelnik popladne da bidam veke stignat vo mk
znaci problemot e vo ungarija taa granica sto treba da se pomine da ne mi praat problem sto pasosot ke mi vazi uste 2-3 dena ??? ve molam koj znae neka mi odgovori zatoa mi mi e hitno fala
BILO KOJ?!?!?!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom