Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Најмалку три лица загинаа синоќа додека 150 се повредени во воздушните напади на НАТО врз Триполи, соопшти за портпаролот на либиската влада, Муса Ибрахим.
„Според информациите со кои располагаме, тројца луѓе загинаа, а 150 се повредени“, изјави Ибрахим за новинарите кои веднаш по бомбардирањето беа повикани да посетат една болница во главниот град.
Според проценките на странските новинари во Триполи, синоќешните напади биле најжестоки од почетокот на бомбардирањето на НАТО врз Либија.
„Касарната беше празна, а повеќе жртви се цивили кои живеат во околината“, рече Ибрахим.
Очевидците на новинарите во болница им кажале дека тројцата загинати биле двајца браќа и нивен роднина кои живееле во авенијата Есуг, во близина на погодената касарна која се наоѓа во секторот на Баб ал-Азизија, каде што е и резиденцијата на либискиот лидер, Моамер Гадафи.
Овој реон во повеќе наврати беше мета на воздушните сили на НАТО.
НАТО: Стрелавме врз магацинот, а не касарната
НАТО соопшти дека синоќа во Триполи го бомбардирал магацинот со воени возила кои се наоѓаат во близина на резиденцијата на Моамер Гадафи, додека либиските власти тврдат дека мета на нападите била касарната и дека за време на бомбардирањето настрадале три лица.
„Во текот на ноќта авионите на НАТО го бомбардираа со голема прецизност магацинот со воени возила кој е во непосредна близина на комплексот Баб ал-Азизија“, односно резиденцијата на Моамер Гадафи, се наведува во соопштението на НАТО.
„Тој локал бил многу активен на почетокот на репресиите против жителите во Либија во февруари 2011 и од тогаш постојано служи за снабдување на трупите лојални на режимот кои напаѓаат невино цивилно население“, се вели во соопштението.
„Силите на Гадафи и понатаму претставуваат закана за цивилното население и ние ќе продолжиме да ги стреламе метите кои се извор на тоа насилство“, изјави шефот на операцијата на НАТО во Либија, генерал Шарл Бушар, а се наведува во соопштението на алијансата.
Според проценките на странските новинари во Триполи, синоќешните напади биле најжестоки од почетокот на бомбардирањето на НАТО врз Либија.
Според некои извори, Гадафи војува со дваесетина проценти од неговата армија..Русите велат дека НАТО е на чекор од копнена инвазија:
Russia: NATO 'one step' from land war in Libya
![]()
http://news.yahoo.com/s/ap/20110605/ap_on_re_us/libya_russia
haha ova so go napisa me podseti na edna sosema sprotivna fraza koga nie ko mali vikavme (bez navreda) nato silite srbija kopilite haha jako beseСеа ми текна кога бевме мали 5-6 години негде коа ќе надлеташе хелихоптер на НАТО му се деревме : ,,НАТО педери скокаат на федери''Стварно биле педери...