Електронски табли во средното образование

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Сепак мислам дека ништо не може да го замени „старомодниот“ начин на претставување на лекциите.. Но ,да не бидам песимист, се надевам ќе профункционира ова, барем во некои делови од Македонија..
 
Креда си е креда...

Може ли да одам да намокрам сунгерот?
-да!
(те нема 10 мин.)
 
Несме спремни ние уште за ова чудо...Кога имаш дивљаци што клупи и столови јадат за ужина

Проектот е супер само не се гради куќа од кров па надолу....

Потполно се согласувам со двата цитирани поста.

Како прво, пола од децата имаат добино сколиоза и кифоза од неправилно седење на старовремски столчиња кои се несоодветни на индивидуалната висина на децата, попросто да се изразам, има деца со 1,60 има деца со 1,40 во исти клас седат на иста клупа на исто скршено столче, многу важен период за децата, одат криви цел живот после.

Како второ, дивјаци се бре овие, компјутерите за кои се дадоа гадни пари ги изедоа, сите рамови ги испокрадоа, сите напајања дома.
Не сме спремни, ја колку шо имам гледано филмови сегде по Америки се користи табла, не е до тоа проблемот, плус каде овој кадар од 50+ години незнае глувче да држи.

Не е тоа проблемот во ова никакво образование, се додека учиме на факултет од никакви учебници и од никакви скрипти, положуваат на педагошки со два сата учење, ќе има неспособни кадри, резултат на тоа неспособни ученици и генерации.

Од корен треба работата, не само провидно за политички поени.
 
Не заебаај , кај виде дека се гради куќа!!! :)

Кај виде и дека воопшто се гради нешто:toe:, овде никој не се обидува да изгради нешто.На сите им е гајле за образованието во земјава само некои иновации вакви без везе носат демек ке се подобрело нешто.А они уствари незнаат ни како стојат работите воопшто.Темелите се почнати одамна ама од куќата ништо нема....не се гледа никаков напредок.
 
Целата идеја е во ред треба да се оди напред,но зошто прво не ги средат основните работи па потоа да преминат на ваквите проекти,во некои училници сеуште нема парно се греат со ќумбе,клозетите се катастрофа,во никоја училница нема пердиња....Треба да се почне да се обновуваат основните услови за одржување на настава, а не преку леб погача.
 
Епа после ќе бидеме глупи ко Американци :smir:
 
Училиштата прокиснуваат, немаат како што треба греење, санитарните јазли се катастрофа, по руралните населби немаат ни исправна вода за пиење.
компјутери од 1 до 4 зошто ? кога ништо не се работи на нив, хемија и биологија компјутери. Нити може нешто да се работи нити ништо.
и сега господинов ке уведува интер активни табли АБЕ МАЈМУН среди се останато после прави вакви срања али битно е провизија да се лапне

На место е забелешкава... ама..
зашто ли само вакви глупи проекти немаше порано, да речеме опред 5 години, или 90-ти ... :raz: Ако сега лапаат провизија, тогаш, што ли лапале бе познат.?
 
А да ги прашате дали ги ѕирнаа вестите на А1 и дали ги видоа децата од тоа торбешкото село во какви услови учат и дали воопшто има столчиња за сите нив во една училница !?

Па после нека зборат за е-табли .. :banned:
 
Нов проект - ново перење пари ... прашајте го министерот дали ова би го направил да нема некој ќар ...
А и без елек.табли можеше да се помине , сепак не сме ние Европа , има доста други побитни работи кои треба да се направат , па на крај ова ...
 
Бедна држава еј жими мадињава ! Абе учебници немам бе волови едни на тетратки пишуваме лекциите овој електронски табли мабли брееј....
копиљи не видени ама знам ова е пак да се лапне некоја скришно пара знам тоа е !!!!! ( простете за некултурните зборови) благодарам
 
На место е забелешкава... ама..
зашто ли само вакви глупи проекти немаше порано, да речеме опред 5 години, или 90-ти ... :raz: Ако сега лапаат провизија, тогаш, што ли лапале бе познат.?

Тогаш Цитро имаше поголеми проекти од кои се крадеше. Се вика транзиција ти текнува? Поголем проект од неа и од споменици за крадење досега немало нити ќе има. Така да у 90-ти не се лажеле со ситни провизии, иделе на крупно. И опа ете ти олигарси. Овие сега дрпни овде, онде се снаоѓаат сироти.
 
бесот го фатил министеров. кај првин вц-ата нека ги направи, после па покривите што прокиснуваат, осветлувањето (негде сеуште има сијалици), затоплувањето (негде сеуште на пампури се греат), дограмата, пс после инвентарот нека го менува, таблите се најмалку потребна работа. Јас кога учев основно прозорците беа составувани од 2 еден и дополу премачкани со боја за да не гледаме надвор. Клозетите смрдеа до крајот на ходникот а таблата падна на час. Негде сеуште е така.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom