Помош за нов автомобил

  • Креатор на темата Креатор на темата vikris
  • Време на започнување Време на започнување
Лансерот е 13 480 со плин, ама хечбек. Не знам дали би добил Лансер седан со плин за истата цена. Би јадел и тој градска 10 Л, али плин, што е многу битно. На koli.com.mk имаше многу лоша рецензија за Лансерот, а пак, мене ми се свиѓа уште од кога излезе.

Ќе го упропастиш Лансерот ако му ставиш плин.
Лансер спортбек (хечбекот) со 1.5 , 109 КС со фул опрема кошта 12.980 евра.
1.5 основниот мотор е многу стартен и брз и ако му ставиш плин ќе го немаш тоа чувство на брзо и спортско возење.
А за 16.000 евра би можел и да си земеш Лансер со 1.8 мотор е тој е прав ѕвер.
Незнам точно што пишувале на коли.ком.мк за Лансерот,али јас го имам и маана му е што има малку потврда пластика и е малку бучен на поголема брзина друго се си е беспрекорно.
Штом ти се свиѓа Лансерот,зами го нема да згрешиш.
 
Искрено, јас за тие пари би зел некое мало SUV,ко на пример Hyundai ix35. Мислам дека го избраа за Најдобар автомобил за 2011 година во Македонија, а на страницата гледам дека за околу 16-17000 доаѓа модел со доволно опрема. Плус тоа,кај мене на работа видов дека даваат и некој попуст од 5,5% за вработени во големи компании, па за тие 16-17000 може да се земи и некое повисоко ниво на опрема.
 
Во светот постојат само 2 вида коли: Мерцедес, и сите други.
 
Добра ти е првата комбинација, не го гледај ич Полото, прескапо е за тоа што го нуди. Јас лично би се мислел помеѓу Астрата и Лансерот... ете би го вбројал и Голф ама е поскап. За потрошувачката било кој модел да го одбериш, под 9-10 потрошња не рачунај и моја препорака е да не веруваш многу на каталози и брошури од дилерите. Останува на тебе да си одбериш кој дизајн ти е поубав, а и како што спомна некој обавезно направи тест-возење. Тоа може да ја направи целата разлика, и да ти ја олесни одлуката затоа што 15-16.000 евра не се малку. Плус, комотно можеш да тепаш на попусти и бесплатна дополнителна опрема - клима, радио, патосници, абе било што :)

Инаку, видовте некаде во постовите да пишува Мерцедес или БМВ? ...пошто јас не видов.
 
Абре ти мислиш дека климата и радиото спаѓаат во доплнителна опрама ???
Тие спаѓаат во основната опрема, ај без клима сеуште постојат нови автомобили, али без радио нема нов автомобил.
 
Мое мислење, земи дизел ЛЕОН или според мене најдобриот дизајн е CRUISE...ако сакаш да го упропастиш автомобилот стави плин.....а и онака по ти се исплакја дизел да возиш......автомобил на старо ни под разно, да не си се лажел....прочитав погоре некој рече стар автомобил...со срекја да си возиш што и да земеш..
 
Абре ти мислиш дека климата и радиото спаѓаат во доплнителна опрама ???
Тие спаѓаат во основната опрема, ај без клима сеуште постојат нови автомобили, али без радио нема нов автомобил.

Добро се сеќавам дека кога го земавме Партнерот доплативме за климата, металик бојата и цд-плеерот (радиото)... Па така цената од 9.990 евра (1.4 моделот) во ценовник рипна некаде до 11.200 евра на фактура... А стандардната опрема не се доплаќа нели? Утре ќе ти го сликам пописот на додатната опрема на Кедито кое го зевме пред 3 месеци.... Ти со Лансерот клима, радио, ово-оно го доби бесплатно или за 12-13.000 евра? Ќе го смениш мислењето ако ти кажам дека во VW се доплаќа за full size резервна гума наместо оние смешните мали тркала? ... односно најновата фора а тоа е сет за репарација т.е. на лице место ќе изиграваш вулканизер.
Ако сте купиле возило како Сид, и30, Лансер каде се е "стандард" не значи дека другите производители го нудат истото за тие пари.
 
Ако сте купиле возило како Сид, и30, Лансер каде се е "стандард" не значи дека другите производители го нудат истото за тие пари.

Јас па мислев,овие "поскапиве" марки,ако може така да ги наречам,она што кај нив е стандард,кај другиве е дополнителна опрема :)
 
Па ете некој пиша дека му израчунале Голф 6ка фул за 19.000, а овие што ги набројав ја имаат истата, или приближно истата опрема за многу помалку од тоа што ќе го платиш Голфот.
Тоа си е политика на помалите произведувачи да се пробијат на пазарот со тоа што ќе нудат многу музика за малку пари. Во минатото може бил дискутабилен квалитетот, но сега факт е дека се внимава многу.
 
Јас би се двоумел помеѓу новата Opel Astra и Chevrolet Cruze. Понудата со 1.4 бензинец со турбо за Астрата е одлична, доколку не ти прави мерак, разгледај ги и дизел варијантите можеби ќе ти фати око. Истото и за Крузот важи.. одлични коли.
 
Викате плин ни под разно, тогаш да преминеме на дизел :). Едноставно 10 литри бензин не можам да си дозволам. Дизелот ем помалку троши, ем е поефтин од бензинот. Ме разочара малце Крузот дизел кога слушнав како работи моторот (многу штрака, а тоа ме нервира). Имаме тојота корола дизел, во град максимум 6 л, ама не ми се зема уште една :). На старо не земам, па што сака нека е.
 
Незнам, не сум се возела во дизел Круз и незнам како работи моторот, али воглавном што читам по форуми, луѓето се задоволни од Круз дизелот 2.0 со 125 КС.
 
Викате плин ни под разно, тогаш да преминеме на дизел :). Едноставно 10 литри бензин не можам да си дозволам. Дизелот ем помалку троши, ем е поефтин од бензинот. Ме разочара малце Крузот дизел кога слушнав како работи моторот (многу штрака, а тоа ме нервира). Имаме тојота корола дизел, во град максимум 6 л, ама не ми се зема уште една :). На старо не земам, па што сака нека е.
Ford Focus 1.8 TDCi Титаниум пакет на опрема за 15 640 евра http://ford.mk/pdf/2011/Cenovnik%20Focus%202011%20-%20Specijalen%20popust.pdf

е, сеа, 5-брзинец е, ако не ти е толку битно тоа - подобро не знам дали би нашол.

едит: сега приметив дека пишува “важи до 31.01.2011“... прашај во Форд дали им важи уште попустот
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom