Закон за работни односи...:)

  • Креатор на темата Креатор на темата Allita
  • Време на започнување Време на започнување

Allita

Слика има тон нема
Член од
7 декември 2005
Мислења
2.184
Поени од реакции
12
Возраст
45
Предлог закон за работни односи

член 1

Почетокот на работното време работникот го одредува сам. Законската одредба пропишува да тоа не смее да биде пред 10 часот наутро.


член 2
Надоместот за својата работа ја одредува работникот во договор со своите домашни.


член 3
Пред почеток на работата на работниците се дава нешто за поткрепа:
- ладно пиво
- сендвичи
- вино
- коњак
а сето тоа на трошок на претпријатието.


член 4

На работа е дозволено да се запее. Ако некој работник запее, останатите се должни да прекинат со работата и да се придружат на пеачот.


член 5

Доколку некој работник заспие на работа, останатите работници се должни во тишина да ги напуштат работните места како не би му сметале, но за тоа имаат право на паричен надомест како да работеле.


член 6

Во одсуство на шефот работниците имаат право на организирање забава на терет на претпријатието.


член 7

Паузата за доручек трае од 10:30 до 13:30


член 8

Ако во работното време е некоја серија (пр. “Невина”, “Одмаздници”, “Циганки” или реприза на некоја емисија која работникот не ја гледал претходната вечер, претпријатието е должно да обезбеди ТВ приемник со минимална големина на екран 70 см, за да овозможи следење на истата со паричен надомест за работникот како да работел.


член 9

За смена на шефот потребна е петиција со потписи на 2 (два) работника.


член 10

Во согласност со позитивните законски прописи, работникот може да го замоли шефот да ја доврши работата наместо него, како и да му биде на услуга (нпр. да му го додаде пивото од замрзнувачот - фирмата е обврзана да обезбеди замрзнувач кој не користи фреон, а со најмала зафатнина од 8 литри по работник).


член 11

Доколку е шефот од женски род, машките работници се должни да при секое поминување и дадат до знаење со своето однесување дека е предмет на нивниот разговор (нпр. со свиркање, тапкање по задникот, “добра, добра” итн).


член 12

Секој работник има право на осум недели летен одмор, и шест недели зимски одмор. Ако работникот го поминува одморот надвор од местото на живеење, фирмата е должна да обезбеди чистење на станот и за тоа време насобраната прашина.


член 13

Ако работникот од фирмата се жени (мажи), фирмата е должна да му (и) обезбеди чеиз со висина од една годишна просечна плата и ги превземе сите трошоци од момчевата (девојчевата) вечер, како и 85% од свадбените трошоци. Фирмата на тој ден престанува со работа на неколку дена.


член 14

За сите работнички работодавачот треба да обезбеди куќна помошничка, која мора да има примерни облини и изглед како би можела да го опслужи и сопругот (во отсуство на работничката или во случај на премореност на истата).



член 15

Крајот на работното време е во 14:30. Работниците ја напуштаат работата пропратени со тактови од музика предвидена за овој настан. Шефот е должен да се заблагодари на секој посебно за работниот придонес со искрено ракување.


член 16

Портирот е должен на секој работник пред излез од кругот на фирмата му ја прегледа торбата. Доколку не најде ништо, должен е работникот да го врати во фирмата како овој би можел да земе нешто за себе. На постарите работници овие работи им се носат на домашна адреса со службено возило на претпријатието, но под услов да нивната тежина е поголема од 2 кг.


член 17

Доколку работникот во текот на ноќта сонува за работата, фирмата е должна да плати надомест за ноќна работа.



:je:
 
Уште неможам да се соберам од смеење на овој законски текст. Законот е... ЗАКОН.
 
strumics напиша:
Уште неможам да се соберам од смеење на овој законски текст. Законот е... ЗАКОН.


И треба да се поштуе....:pos: :pos: :pos:
 
Ова на мејл го добив пред некој ден... закон!
 
Allita напиша:
И треба да се поштуе....:pos: :pos: :pos:

Нарочито чл. 7,да се разбереме,тоа е многу важен дел од работните обврски и задолженија!
Алито кај го најде,ми отвори работа да штампам сега,па утре да ги израдувам сабајлечки,онака постпразнично...хахахахахаа..:nesvest:
 
Законот не може да стапи во сила, зашто не е објавен во службен весник поради премногу граматички грешки. Истиот е препратен до комисијата за јазик, која потоа ќе му го достави на предлагачот и Собранието на повторно разгледување.

Благодарам. :)
 
Thief напиша:
Законот не може да стапи во сила, зашто не е објавен во службен весник поради премногу граматички грешки. Истиот е препратен до комисијата за јазик, која потоа ќе му го достави на предлагачот и Собранието на повторно разгледување.

Благодарам. :)


А каков јазик денес ќе подготвува таа специјална комисија? Телешки,свински...??? Извини,мислам,онака,чисто информативно,овај..:kez:
 
Свински... Уствари, свински со околу 25% телешки, да не ни замерат Рамковните. :):):)
 
Thief напиша:
Свински... Уствари, свински со околу 25% телешки, да не ни замерат Рамковните. :):):)

Море остај ти рамковни и телешки свинкси јазици....кажи кој член од законот најмногу го сакаш...:je:
 
Член 3 и член 11. Додуша, имам амандмани на член 11, односно предлагам воведување нова алинеја 11 а), во која ќе се наведе дека шефот од женски род е должен, во случај фирмата да се соочува со финансиска криза или од некоја друга причина ако не е во можност да исплати личен доход, наплаќањето да се направи во натура. :)
Како предмет на натурална размена може да биде и самата шефица (која треба да му даде) и работникот (кој треба да бара). :):):)
 
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:


...Член 6, неприкосновен :je:
 
Член 17
Хахахахахаха...
 
pa da e vaka ja bi rabotel dozivotno, ma i toa e malce
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom