Allita
Слика има тон нема
- Член од
- 7 декември 2005
- Мислења
- 2.184
- Поени од реакции
- 12
- Возраст
- 45
Предлог закон за работни односи
член 1
Почетокот на работното време работникот го одредува сам. Законската одредба пропишува да тоа не смее да биде пред 10 часот наутро.
член 2
член 3
- ладно пиво
- сендвичи
- вино
- коњак
а сето тоа на трошок на претпријатието.
член 4
На работа е дозволено да се запее. Ако некој работник запее, останатите се должни да прекинат со работата и да се придружат на пеачот.
член 5
Доколку некој работник заспие на работа, останатите работници се должни во тишина да ги напуштат работните места како не би му сметале, но за тоа имаат право на паричен надомест како да работеле.
член 6
Во одсуство на шефот работниците имаат право на организирање забава на терет на претпријатието.
член 7
Паузата за доручек трае од 10:30 до 13:30
член 8
Ако во работното време е некоја серија (пр. “Невина”, “Одмаздници”, “Циганки” или реприза на некоја емисија која работникот не ја гледал претходната вечер, претпријатието е должно да обезбеди ТВ приемник со минимална големина на екран 70 см, за да овозможи следење на истата со паричен надомест за работникот како да работел.
член 9
За смена на шефот потребна е петиција со потписи на 2 (два) работника.
член 10
Во согласност со позитивните законски прописи, работникот може да го замоли шефот да ја доврши работата наместо него, како и да му биде на услуга (нпр. да му го додаде пивото од замрзнувачот - фирмата е обврзана да обезбеди замрзнувач кој не користи фреон, а со најмала зафатнина од 8 литри по работник).
член 11
Доколку е шефот од женски род, машките работници се должни да при секое поминување и дадат до знаење со своето однесување дека е предмет на нивниот разговор (нпр. со свиркање, тапкање по задникот, “добра, добра” итн).
член 12
Секој работник има право на осум недели летен одмор, и шест недели зимски одмор. Ако работникот го поминува одморот надвор од местото на живеење, фирмата е должна да обезбеди чистење на станот и за тоа време насобраната прашина.
член 13
Ако работникот од фирмата се жени (мажи), фирмата е должна да му (и) обезбеди чеиз со висина од една годишна просечна плата и ги превземе сите трошоци од момчевата (девојчевата) вечер, како и 85% од свадбените трошоци. Фирмата на тој ден престанува со работа на неколку дена.
член 14
За сите работнички работодавачот треба да обезбеди куќна помошничка, која мора да има примерни облини и изглед како би можела да го опслужи и сопругот (во отсуство на работничката или во случај на премореност на истата).
член 15
Крајот на работното време е во 14:30. Работниците ја напуштаат работата пропратени со тактови од музика предвидена за овој настан. Шефот е должен да се заблагодари на секој посебно за работниот придонес со искрено ракување.
член 16
Портирот е должен на секој работник пред излез од кругот на фирмата му ја прегледа торбата. Доколку не најде ништо, должен е работникот да го врати во фирмата како овој би можел да земе нешто за себе. На постарите работници овие работи им се носат на домашна адреса со службено возило на претпријатието, но под услов да нивната тежина е поголема од 2 кг.
член 17
Доколку работникот во текот на ноќта сонува за работата, фирмата е должна да плати надомест за ноќна работа.
:je: