Aaaaa не, на непознати не кревам...

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Интересна работа ми се случи пред некој месец!
Ми врти некој од непознат број, кревам ми викаат од МВР се јавуваме и мала пауза некоја секунда !!! Во тие неколку секунди 100 филмови ми се свртеа низ глава !!! После паузата од неколку секунди ми викаат се јавуваме да ви го презакажеме терминот за пасош !!! Камен ми падна од срце!!!

Инаку кревам на секој непознат број !!!
 
Интересна работа пред некој месец ми врти некој од непознат број кревам ми викаат од МВР се јавувам и мала пауза некоја секунда !!! Во тие неколку секунди 100 филмови ми се свртеа низ глава !!! После паузата од неколку секунди ми викаат се јавуваме да ви го презакажеме терминот за пасош !!! Камен ми падна од срце!!!

Инаку кревам на секој непознат број !!!

Off

Арно тебе ти се јавија, мене дома со Џип ми дојде Полиција да ме бара за да се пресликам за лична карта а јас на училиште, таткоми ме скапа прашување каде сум по телефон, не ми веруваше дека сум на училиште а овие му рекле имаме муабет со детето и си заминале, потоа отидов во Внатрешни и свршив работа, кога си ојдов дома не знаеа што е работата уште, Бабами во фацата беше како Хитлер лично да ја пратил во Логор :vozbud:
 
Балкански синдром, само за кафана, јадење и пиење и благодети а ако некој другар има мака и потреба не се важи.
Сигурно немаш 20 другари ;) Види запрашај се некогаш кој колку е спремен тебе да ти помогне во маката и колку си му битен на некого ;)
 
Непознати (или private) броеви најчесто носат лоша вест, затоа и не кревам на непознати. Исто како што не ни отварам врата дома на непознати и ненајавени. Ако некој не ми се најави, воопшто не се ни трудам да видам кој ми ѕвони дома.

А шо ако на пример дојдат од “Таму-и-таму“ и ти кажат дека си доибитнит на главната награда:))?
 
E bash krevam na site nema veze, bas zaradi ova i zaradi od kaj znam moze da me bara nekoj nepoznat za nekoja rabota bitna
 
А шо ако на пример дојдат од “Таму-и-таму“ и ти кажат дека си доибитнит на главната награда:))?
На главна награда за неиграње ништо? Нека ми пратат писмо. Телефонот не го оставам на непотребни места, а игри на среќа не играм.
 
ОК, секако може се да се случи, ама ако збориме за хипотетичка ситуација, јас тргам од мене, нема шанси да го пуштам така детето мое со кола, а да го оставам без кредит. :smir:

се праиш дека не разбираш со сила или???
а шо ако недај боже твоето дете има некоја тееешка собраќајна несреќа па ни телефон незнаат кај му е ни нишо... и додека се бори за живот ти ѕвонат од полиција или од болница (ти го дознале бројот по податоцвите од детето.. дали е лична карта возачка или шо и да е) а ти у моментот го гледаш телефонот и викаш: кој замара сеа? - гледаш непознат број.. Ахх ти е гајле некој непознат е. не кревај !!!

И јас ретко кревам на непознати. Затоа што повеќе пати ми се случило кога ќе кренам така, или да добијам некоја лоша вест, или па да ми се јави некоја бивша(која воопшто не сакам да ја слушнам) или па исто некој кој не сум го видел долго време (и кој не сум сакал да го видам долго време:pos:). Ако на некој му требам многу нека пише. А се јавил од непознат, а ми пишал пак троши кредит...

е ова неможам никако да го сватам... кога ке кренеш добиваш лоша вест? шо збориш бе... а демек ако треба да стигне до тебе лошата вест нема друг начин па само преку мобилен и тоа преку непознат број... ц ц ц свашта... и шо ке ти се јавела викаш некоја бифша шо несакаш да ја видиш или да ја слушнеш или некој шо не си сакал да го видиш дали другар или шо и да е... .. епа знаеш шо? на телефонот има едно копше црвено така и има спуштена слушалка.. следен пат потруди се да кренеш и ако нешо не ти одговара муабетот штракни на тоа слушалката да видиш шо ке се деси!

Многу често не се јавувам ни на познатите а камоли на непознати броеви, понекогаш се прашувам за што ли ми служи мобилниов:tapp:

богами.. теба да си одговориш на прашањето.. на познати не се јавуваш. на непознати ич.. пораки сигурно не ни читаш... барем изгаси го телефонот не праи трошок додека го пуниш :)

ај вака да разјасниме едно нешто. мобилен телефон значи подвижен телефон кој што им користи на луѓето да можат да контактираат секој со секого во секое време! значи мобилниот служи да ве најде човек во секое време кога му требате ИЛИ да побарате некој кога ви треба нешто. ако видите непознат број не се секирајте, кренете никој нема ништо лошо да ви направи - барем не по телефон сигурно! откако ке кренете, ако не ви одговара муабетот т.е ако неко ве замара си игра курташак со вас или слично СПУШТЕТЕ! ништо нема да ве кошта! друго. има опција на телефонот за забрана на дојдовни повици. знаете нели? знаете дека има и опција да го пренасочите да ѕвони на друго место нели?

убаво си кажа некој во претходните постови. што ако дојде до ситуација каде што на некој ваш близок му е потреба моментална помош а вие не одговарате? отпосле може да си речете абе.. требаше да одговорам - ама за жал касно ке биде тогаш.
 
Е тек да не кревав слушалка на непознати броеви тек тогаш ќе отидев на некое интервју за работа...:pos:
Иначе, еве случка од утринава кога ми заѕвони непознат број. Ми се јавија од банка за да ми кажат дека ќе ги заменуваат кредитните картички и дека треба да отидам да ги земам. Што значи не може да знаете за што и кој ве бара.
Не ми е јасна паранојава со непознативе броеви.
 
Сигурно немаш 20 другари ;) Види запрашај се некогаш кој колку е спремен тебе да ти помогне во маката и колку си му битен на некого ;)

Не реков дека имам 20 другари. Ама за тие другари што ми се и рака давам, и во добро и во лошо, макар би се јавувала на непознати броеви што ми ѕвонеле во 3 сабајле. Затоа секогаш се јавувам на било кој. Лоша - добра вест, сеедно.
Затоа што ми се случило да имам сообраќајка и мобилниот да се скрши од ударот, од многу поодамна кога само мајка ми имаше мобилен. Уште роднините да не креваа на непознати ќе се усреќевме.
 
Имам многу броеви у телефон зачувано а искрено повеќе ме бараат од нови броеви некои..Да отворам листа на последни повици сега 90% од повиците се од броеви што ги немам меморирано.Кревам како и да е зашто никогаш незнаеш зошто и кој те бара а најдобар начин е да дознаеш..
 
Не реков дека имам 20 другари. Ама за тие другари што ми се и рака давам, и во добро и во лошо, макар би се јавувала на непознати броеви што ми ѕвонеле во 3 сабајле. Затоа секогаш се јавувам на било кој. Лоша - добра вест, сеедно.
Затоа што ми се случило да имам сообраќајка и мобилниот да се скрши од ударот, од многу поодамна кога само мајка ми имаше мобилен. Уште роднините да не креваа на непознати ќе се усреќевме.
Јас и нога давам,ама за другарите!

А за случка,недај боже....добра вест се шири брзо,лоша уште побрзо! ;)
 
е ова неможам никако да го сватам... кога ке кренеш добиваш лоша вест? шо збориш бе... а демек ако треба да стигне до тебе лошата вест нема друг начин па само преку мобилен и тоа преку непознат број... ц ц ц свашта... и шо ке ти се јавела викаш некоја бифша шо несакаш да ја видиш или да ја слушнеш или некој шо не си сакал да го видиш дали другар или шо и да е... .. епа знаеш шо? на телефонот има едно копше црвено така и има спуштена слушалка.. следен пат потруди се да кренеш и ако нешо не ти одговара муабетот штракни на тоа слушалката да видиш шо ке се деси!

.

Кад-тад ќе ја дознаам лошата вест, али боље тад него сад :)
За другите две, каква глупост тресна ни сам не си свесен. Како ќе знам јас дека е некој од горенаведените ако бројот кој ми ѕвони е непознат???
Или можда сум видовит :icon_mrgr???
Тоа е поентата, некогаш се погодува да на некого стварно му требам, но ако гледам дека некој звони упорно неколку пати ќе кренам, или па ќе ми пише порака ако е толку важно. Но поголем дел од случаите е некој што масира тестиси, а чим не заслужил да го имам мемморирано значи е некој што и онака не сакам да го слушам :)
 
друже. ти не си свесен какви глупости тресеш.. ако е многу битно ке ти пише порака а нема да ти се јави... дечко на какви дроги си од сабајле? и ако ѕвони упорно ке кренеш ако не нема а... па брат ако на некој му требаш нормално упорно ке ѕвони. ваљда нема да ти титка !!!
 
Никогаш не сум го разбирала феноменот на “не кревам на непознати броеви“. Не ти ни троши кредит, ниту може да ти се деси нешто, ко претседател на држава да е, па не одговара на непознати броеви... Го слушаш гласот од другата страна што има да каже и соодветно реагираш, побогу све бизнисмени и екстремно битно особи па не можат да стиснат Yes, answer... Мене имаше еден no number што ме замараше дугачко време, па почна да ме замара и титка од некој број, не престануваше, го запишав како непожелен, пошто стварно појма немав кој е, а не сакам по грешка да не кренам на некој на кој можеби сум му потребна.
Секогаш, секогаш ќе кревам слушалка, ако отпосле увидам дека е некој гњаватор, фино лепо ќе спуштам и ако продолжи нема да му кревам, ама овака само затоа што е непознат бројот да не кренам ми е многу снобовски и глупо. Али секој со своето...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom