Топ 5 книги

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
толстој- војна и мир.
толкин- како цела колекција на дела
злосторство и казна- достоевски
клетници- виктор иго
уметноста на војната - сун цу
 
1.Идиот од Фјодор Достоевски
2.Неподносливата леснотија на живеењето од Милан Кундера
3.1984 од Џорџ Орвел
4.Снег од Орхан Памук
5.Буда од предградието од Ханиф Курјеши
 
Збирка кратки приказни од Едгар Алан По
Шагринска Кожа - Оноре де Балзак
Автостоперски водич низ вселената - Даглас Адамс
За кого бијат камбаните - Ернест Хемингвеј
Збирка раскази од Чехов
 
Ангели и демони- Ден Браун
Злосторство и казна - Достоевски
Војна и мир- Толстој
 
5. Данте Алигиери-Боженствена Комедија

Данте и Георги Старделов сериозно ме намачија. Тематиката ми е погодена (мистицизам, религионизам, догматика, окултизам и езотерија). Иди па напиши такво нешто да те видам. Данте-Бунтовник со гвелфовско-гибелинска причина

4. Виктор Иго-Клетници

1500 страни на дешавки, судбини, преплет на настани, одлично доловување на моменти и се тоа врзано крај со крај на здрава основа. Да бил во денешно време ќе измислел Јава или Ц++ ама три пати подобро, со Жан Валжан, Козета и Гаврош во борд на директори. Виктор Иго екс илуминат.

3. Лав Николаевиќ Толстој-Војна и мир

Нешто слично како Иго ама со класичен нагласок на наративата, и оопштувањето на високите кругови на релација Москва-Петроград (екс Ленинград, сегашен Санкт Петресбург). Мрсничкиот Пјер Безухов од шеширџија до гроф, ороспијата му од жена ама пак сите ја сакаат (хмм дежа ву), походот на Наполеон. И тоа на неверојатни 2008 страни. И многу многу повеќе... И на крај стигаш до епилогот. И го читаш, и ти ја дава на тацна дилемата од Талеса од Милет па до денес. Уствари како треба да се гледа на книгата. Ама требало тоа уште на почеток да го стави а не на крај. Толстој-генијалец на млади мрднат и умрен на стари години на железничка станица. Војна и Мир.

2. Ф.М.Достоевски-Браќата Карамазови

Иствуд глумеше во Добриот, Грдиот и Лошиот. Достоевски многу пред тоа ни ги донесе Расипаниот, Лудиот и Прибраниот. И татко им како капак на се. И како тоа функционира на електромагнетно-синаптичко ниво. Достоевски-генијалец, не дека не бил мрднат и он.

1. Франц Кафка-Процес

На Франц Кафка природно му успеа тоа што на многумина ЛСД-овци (и сл.) никако не им се може, да си мрднат до стадиум над оној кај што стигнала Капетан Џејнвеј со Војаџер, каде што no man has gone before or after. Кога на еден Томас Ман, Херман Хесе, Михаил Булгаков, Џорџ Орвел, Владимир Набоков, Ерих Марија Ремарк, Г.Г.Маркез не им било јасно, нема да ми биде ни мене. Кога книжевно-политичката комуњарска елита на СССР се собира на конгрес и не може крајот да ти го фати дали си дозволено четиво или не, и шо си сакал да кажеш тогаш дефинитивно си Вулканец. Франц Кафка-Пирамидите ги дешифрираа од пред 3000 години него не можат.
 
1. Злосторство и казна - Достоевски
2. Клетници - Виктор Иго
3. Пиреј - Петре М. Андреевски
4. Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд
5. Будење - Антони де Мело
 
1. Животинска Фарма - Џорџ Орвел, во едиција на Пингвин (на англиски се разбира)
2. Кучето на Баскервилови - Конан Дојл (исто) - не знам шо ми текна, али гение е овој Дојл за вакви романи. Башка после тоа го изглеав Шерлок Холмс на Гај Ричи и мислам дека алал вера на режијата оригинал го доловил од романов.
3. Неугодното во Културата - Зигмунд Фројд
4. 3001 Последна Одисеја - Артур Кларк.. ауууууууууу
5. Голиот на гости (антологија на македонскиот еротски фолклор) - собрано од м-р Ана Мартиновска
 
По случаен редослед.

1. Сабато- За Јунаците и Гробовите
2. Достоевски - Браќа Карамазови
3. Толкин - Господарот на Прстените
4. Дима -Гроф Монте Кристо
5. Урсула ле Гвин- Земјоморје
 
Сто години самотија - Маркез (а и сите негови дела)
Странецот - Ками
Процес - Кафка
Остров на пладне (раскази) - Кортасар
Вампир-психопат - Јуриј Мамлеев

има уште мноооогу само сега не ми текнува
 
1.Молчи,молчи-Бека Фицпатрик
2.Сеќавање на моите тажни курви-Г.Г.Маркез
3.Искинатиот Вел-Естхер Гулшан
4.Пеколот-Данте Алигиери
5.Како вода за чоколада-Лаура Ескивел
 
Пиреј - Петре М.Андреевски
Војна и Мир - Лев Николаевич Толстој
Злосторство и казна - Фјодор Михајлович Достоевски
100 години самотија - Габриел Гарсија Маркез (многу збунувачка книга, со тоа имињата)
Свети Климент Охридски - Томе Арсовски
 
Демони -достоевски (би ја ставила тука и Браќа Карамазови ама ја немам дочитано, а и сите негови останати дела:) )
Евгенија гранде-балзак
Бесмртност- м. кундера
Кројцерова соната- толстој
Во името на розата -Умберто еко, и нашиов Венко е добар - Вештица, (не го ставам оти има имплицитен читател, а мене искрено на одредени моменти се чинеше дека не ми се допага она што му го нуди на замислениот читател, ((оти јас не можев да си се поистоветам, колку нарцисоидно)
И Хесе. Го заборавив.
 
1. Така зборуваше Заратустра - Ниче
2. Браќа Карамазови - Достоевски
3. Понижени и навредени - Достоевски
4. Момче - Достоевски
5. Записи од мртвиот дом- Достоевски
 
1. Мемоари на една гејша - Артур Голден
2. Клетници - Виктор Иго
3. Кодот на Да Винчи - Ден Браун
4. Убиство во Ориент Експрес - Агата Кристи
5. Вероника реши да умре - Пауло Коелјо
 
  • 1984 - Џорџ Орвел (фасцинантна и застрашувачка книга за хоророт на едно тоталитарно општество)
  • Хамлет - Вилијам Шекспир ("Да се биде - или не!")
  • Бели ноќи - Достоевски (повест за сонувачите :))
  • Процес - Франц Кафка (книгава те прави да се чувствуваш како да си заглавен во простор 1x1, без излез и без воздух; едноставно, кошмарен приказ на немоќ против бирократијата и неправдата)
  • Животинска фарма - Џорџ Орвел (уште една критика кон тоталитаризмот, басна за тоа колку лесно може човекот да излезе од кревко поставените општествени норми и да си формира еден свој свет на опресија и молк)

П.С. Морам да ја додадам уште и "Том Соер" на Марк Твен, мојата најомилена книга од детството која можеби ја имам прочитано едно десеттина пати! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom