pearl
..~..~..~..~..~..~..
- Член од
- 20 август 2005
- Мислења
- 2.651
- Поени од реакции
- 1.962
Значи 3 месеци видот ќе оди надолу, но што во тие три месеци, ќе менуваме диоптер на наочарите цело време или седиме без наочари?
Диоптерот ти е на нула моментот кога ќе излезеш од операционата сала. И што е најинтересно, не те вадат на кревет или во количка, туку најнормално те пуштаат да си одиш сам. Нама завои и фластери. Како си влегол, така излегуваш, само што не смееш да ги отвараш очите. Дури имаат и корпа за наочари веднаш до вратата, да ги фрлиш цвикерите right there and then.

Првиот ден се препорачува да имаш некој покрај тебе, да може да ти се најде, да ти даде чаша вода, јадење, да ти помогне со капките, бидејќи се ставаат секој пола саат. Мада и не треба. Јас на пример, сама си бев и сама го истерав целотото тоа, ќе наполниш фрижидер од претходно, ќе спремиш стереото и кулираш 24 саата. Веќе од вториот ден можеш да ги отвараш, меѓутоа првите 3-5 дена никако излегување надвор, исклучиво седење дома, поради ризикот од инфекции. Првиот месец да се избегнува сонце и јаки светлини. Мене на пример ми дадоа специјални наочари со УВ фактор заштита не_знам_колку, коишто ми го покриваа пола лик. Од пола чело, до под носот, забарикадирани целосно и од страна, да не може да влегува светлина и прашина. Со такви може да се шета надвор. Ама пак ќе напомнам, никако во гужви, првите три месеци исклучително мора да се внимава да не се случи несакајќи некоја повреда, оти може големата да излезе. Инаку, животот си тече најнормално.
Мојата операција беше во 10 наутро, веќе во 8 навечер за прв пат малку повеќе ги отворив очите. Просто не можев да поверувам дека можам да ги видам дрвјата во далечина, а да не ми требаат леќи или наочари. Секое едно ливче си имаше посебни контури и јас можев да ги видам. Тој момент нема никогаш да го заборавам, како одново да прогледав. Плус тоа, отпосле, после извесно време ќе сфатиш дека работите се поголеми отколку што порано ти се чинеле, боите се поинакви, поживи. Башка тоа, сеуште на шала велам дека нема ништо поубаво од тоа да се разбудиш навечер за до "кај царот", а попат да не го закачиш малото прсте на некоја маса или стол.



Видот отпрвин е замаглен, гледаш чисто, во смисла на далечни предмети, ама како преку магла, како да гледаш низ прозор преку завеса. Но, во првите две-три недели тоа ќе изчезне. Потоа, треба некој момент за да можеш да фокусираш, но без да замижуваш (како што си знаеме ние цвикерашите да правиме


Такој, ако нешто не е јасно, слободно прашајте. :smir: