Јас имам направено ласерска операција за корекција на видот пред 2,5 години. Пред операцијата диоптерот ми беше -5,5 и ми го симнаа на нула. Сега имам око соколово.

Пред да го споделам моето искуство, само да кажам дека ја правев во Канада, такашто не знам како стојат работите во МК по тоа прашање. Во смисла, кој е најдобар, какви апарати, колку кошта и сл.
Потенцијални пациенти се сите коишто се излезени од пубертет и на коишто диоптерот им стагнирал (немал промени) во последната една година. Доколку диоптерот уште варира, односно се развива, тогаш се остава додека не се стабилизира на подолго време.
Самата операција трае пола саат, по 15 мин на око. Се изведува со локална анастезија, што значи дека пациентот е буден и свесен за тоа што се случува наоколу. Обично даваат и лекови за опуштање, лексилиумче некое веројатно. Нема никаква болка, ниту за време, ниту после. И кога ке кажам никаква, така и мислам. Апсолутно во ниту еден момент не се осеќа болка, ниту најмала, ниту како комарец да те касне. Но, затоа за време на операцијата се осеќа притисок дека нешто ти прават. Самиот допир не се осеќа, ама притисокот да. Исто така, во еден момент, кога ласерот работи на окото, има непријатен мирис на изгорена кожа, ама тоа е за многу кратко време.
Ако некој е заинтересиран, можам и детално да опишам што/како се случува за време на операцијата.
За 100% ефикасност дека ке дојде диоптерот на нула не можат да гарантираат, бидејки ни тие самите не знаат како ќе испадне, но имаат доста висок процент на успех. Во 95% од случаите го корегираат дипотерот на нула, а во останатите 5% го носат до 0.5. Овие 5% обично се однесуваат на луѓе со висок дипотер, над 10, па за нив е успех и на 0.5 ако ги донесат. За низок диоптер, би рекла дека успехот е загарантиран.
Сега, за ризиците.
Ризик да се изгуби видот не постои. Го пишува во книгите, но досега не постои случај да некој останал слеп од оваа операција. Јас ја правев кај најдобриот од најдобрите. Докторот е инволвиран во оваа област уште од 1986, кога сето ова било во истражувачка фаза. Потоа, од 1990, отвара своја клиника и од тогаш ги работи овие операции. За целата негова кариера никогаш не се појавил случај на слепило. Ниту кај него, ниту пак тој слушнал за такво нешто кај некој друг колега. Значи, и покрај тоа што ќе го напишат овој ризик во книгите, го пишуваат од чисто правни причини, за недај Боже ако се случи.
Ризиците кои се реални, кои постојат и се случуваат се следниве:
1. Ризик од инфекција. Ако се јави, се јавува еден ден после операцијата, бидејќи сепак го отвараат површинскиот слој на окото. Се решава со антибиотик и капки и не остава никакви последици. Поминува за една недела максимум.
2. Ризик од одлепување на површинскиот дел на рожницата, онаму каде е сечено. Ова е најголемиот ризик, бидејќи може да се случи целосно да се изгуби тој дел. Обично ако има некои такви индикации се гледаат уште следниот ден или првата недела. На преглед се оди еден ден после операција, потоа на една недела, следно на еден месец, па на три, на шест и на година. Така што доколку има нешто што наликува на одлепување, ќе го видат веднаш и ќе го санираат. Овој ризик постои првите три месеци и затоа за тоа време е ЗАБРАНЕТО да се тријат очите. Првата недела, не смее да се допира окото, ниту одоколу, кај капаците. Веќе следните три месеци може само одоколу, ама многу полека и внимателно. После три месеци, нема никаков проблем, најнормално може да се тријат и чешаат. Сепак, да кажам дека колку и да звучи страшно, сепак не е толку опасно, бидејќи добар доктор веднаш ќе може да примети промени. Само треба да се внимава, малку полабав живот првите три месеци, нема спортување од било каков ип, да се избегнува излегување во гужви каде несакајќи некој може да те повреди, без брзање да се прават работите и сл.
3. Ризик од враќање на дипотерот. За жал, овој ризик не може да се контролира, ниту да се санира, освен да се направи повторно истата операција. Ретко се случува и ако се случи, тоа е во првите три до шест месеци. И ако се поврати, нема да биде на старото, туку може да се добие слаб диопер 0.5-1.0, можеби и повеке, кај секого различно.
4. Ризик од развивање на глауком (очен притисок). За да објаснам за овој ризик, прво да кажам дека постојат два типа на операција. Првиот тип е кога само го отстрануваат површинскиот слој на окото, работат и после го враќаат и ова е случај за 90% од пациенитите. Кај нив не постои ризик од глауком. Кај вториот тип операција сечат поголем дел и подлабоко, не знам точно како, ама постоперативниот третман е подолг (6 месеци), за кое време мора да се ставаат капки кои може да предизвикаат глауком. Ама само може, не е сигурно. Затоа овој ризик не важи за сите, туку само за оние кои мораат да го прават вториот (покомплициран) тип на операција. Кој тип на операција ќе се прави, не зависи од вољата на пациентот, туку зависи од самото око и не може да се каже однапред. Се` додека не прегледаат докторите и измерат колку, каде и што можат да работат, не се знае во кој тип спаѓаш.
Други ризици не постојат. После операцијата (јас бев во првиот тип), првиот ден не смее да се гледа и да се отвараат очите, капки се ставаат на секој пола саат. Првите за хидратација (се ставаат 1-2 месеци после операцијата), вторите за против инфекција (се ставаат само 3 дена после операцијата) и третите за побрзо заздравување на раната (се ставаат само една недела после операцијата).
Првите 3 дена не смее да се чита, гледа телевизија, компјутер, а веке потоа постепено може, но без многу замарање. Првиот еден месец исто така не смее да влезе вода во очи, на пр. кога се бањаш мораш исклучително да внимаваш. Иако диптерот е на нула веднаш после самата операција, сепак првите три месеци на видот му треба да се стабилизира. Може да се случи едното око да напредува побрзо и подобро од другото, ама веќе после три месеци се' доаѓа во нормала.
Тоа е моето искуство. Ако веќе сте решени да ја правите, обавезно прашајте кој е најдобар, какво искуство имал, колку операции, какви резултати и со каква опрема располага. Има и таму што да се каже. Дали е cuztomized за секој пациент посебно, или е standardized, што ќе рече за штанцање. Мој совет? Добар доктор и не прашувај за пари. Сепак се работи за најдрагоценото нешто - видот!