Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Екипо 4та утакмица им е во недела дена, уживајте малце. :) Мада од авион се гледа дека на Линделоф ќе му треба некој месец да се прилагоди, а Фелаини никогаш нема да научи да игра фудбал. Затоа и сакам да дојде Матиќ, ваљда ќе престане да замара Мурињо со џбунов. Мики исто беше мизерија денеска.
 
0 самодоверба кај Линделоф. Ако продолжи вака швеѓанецов ќе се молиме Рхо што побрзо да се врати од повредата... оф мори мајко :tapp:
 
0 самодоверба кај Линделоф. Ако продолжи вака швеѓанецов ќе се молиме Рхо што побрзо да се врати од повредата... оф мори мајко :tapp:
Како бе нема самодоверба, да му влезеш онака на противнички треба да си пун самодоверба. :D
 
Пеналиве :LOL:...сакам да добиваат минути Переира и Фосу-Менса сезонава, а МекТоминеј е супер дечко. Фелаини не пропушти шанса да демонстрира премиерлигашко рогање и мавање, ме насмеа повеќе пати. Не заприметив што точно стана со Ерера, се надевам се е ОК.
 
Линделоф засега не ме радува искрено. Да се надевам дека му треба време за адаптација и да се прилагоди на тимот, но првично не покажува ништо посебно.

Инаку не е за оправдание, ама голем дел од групава немаше душа во вториов дел. 4 утакмици во 1 недела на почеток на припреми е лоша одлука според мене ама тоа е тоа. Многу пожив ми беше Лингард во прво, од цел тим заедно во второ.
 
Пријателски ова она ама факт е дека ни треба десно крило, деструктивец, лев бек и КЛАСА ШТОПЕР.

Додека шведов да се прилагоди и Лук Шо да фати форма (ако фати воопшто) отишла полусезоната. Блинд и Дармијан неможам да ги гледам.
 
Пријателски ова она ама факт е дека ни треба десно крило, деструктивец, лев бек и КЛАСА ШТОПЕР.

Додека шведов да се прилагоди и Лук Шо да фати форма (ако фати воопшто) отишла полусезоната. Блинд и Дармијан неможам да ги гледам.

Среќа Бајо нема да се замара на полусезона и да молиме господ да не се повредува... све друго е гризање нокти до лакти
 
150085149665391.gif
 
Која петарда е Фелаиниво, се мачи цела утакмица, одзима топки, се лакта, и на крај ке ја усере за сите пари.

Фосу Менса, Томинеј и Переира ме радуваат, се залагаат. Не го можам она џогирање на Погба у второ, ако не ти се игра кога не играш од почеток, не влагај.

Нека му ја мисли Мурџо за левата бековска позиција, секое побрзо крило ренде го прави Блинд, прво Робертс од Сити, сега Васкез и тоа детето што влезе у второ за Реал.

Анте покажува знаци на живот, и тоа ме радува.

Се надевам дека му немаат скршено ребра на Ерера пак.
 
Лингард МОТМ o_O[DOUBLEPOST=1500875315][/DOUBLEPOST]
Хахаха фацата на Еди кажува се, а богами и на Перез :icon_lol:
 
Последно уредено:
Настрана резултатот, мора што побргу да купуваме некој средина. Со Фелаини никогаш нема да бидеме сериозна екипа, ама баш никогаш. Првото полувреме во пар со Керик беа преспори, никаква креација. Единствена светла точка беше Переира, само тој се трудеше. Јас би му дал шанса и во прв тим на 10ка, со Погба и Ерера зад него. Второто полувреме исто така жива мизерија со Фелаини, Ерера кај што се повреди, Погба како на џогирање да беше дојден.
 
Кај бил на одмор погрдата половина од Рашка, види каков патлиџан е:icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom