Bratot
Стоик и Машкртник!
Не сум престојувал во белорусија, како што голем дел од народот не престојувал на западот а се фати на јадицата за западните демократски вредности.
Читам, врз база на тоа правам спроедба со нас и го давам своето мислење.
Читаш селективно, исто како тие што се про-Западни.
Сподели го објективниот белоруски извор со останатите, за да прочитаме и ние за убавините на Белорусија.
Прост пример, за да не ти објаснувам филозовски и културолошки работи.
Дали Охрид како туристичка дестинација можеш подобро да го продадеш во Русија одколку во Холандија.
Тие огромни пари што се даваат на ЦНН, 1/5 да се дадат на руска национална телевизија ефектот ќе биде х 10.
Ако знаеш да продаваш, ќе го продадеш секому.
Башка, ја преценуваш “фасцинацијата“ на Русите со Охрид, со некоја наша историја. Ама и тоа е поради фактот дека не ги познаваш Русите и нивниот менталитет.
Русите кои имаат пари, односно кои шетаат низ светот, одат по светски туристички атракции од рангот на Милано, Монако, мориња, плажи и сл.
Русија нормално дека си ги продава своите енергенси и тоа е на систем плати клати. Но на политички план, Русија бара сојузници во ЕУ, која под дефолт е со САД, за својот проект евроазиските интеграции, каде дел од европа ќе ја отргне од американското влијание. Она во моментот ствара отворен пазар со неколку земју од бившиот ссср заедно со укриана и белорусија а за следната етапа се предвидува и дел од балканот, читај србија, како главен промотор на тие интеграции.
Ајде ЌЕ видиме, истиов муабет веќе 5 години го вртиш.
Цените немора да ги спуштиш ако го имаш квалитетот. Тоа се пазарните логики секаде во светот. Имаш берза, на таа берза кажува по која цена се откупува одредена суровина.
Ако правиш автомобил со 200г алуминиум и 500 грама пластика тогаш си во делот на тарабантот и го продаваш по цена на тарабант.
Но што е предноста ако си на тие шини.
Ти се отвара огромен пазар кој не е така строго регулиран и заштитет како пазарот на ЕУ.
Имаш многу поглеми шанси.
Што треба ?
Инфраструктура, тој мочан коридор према црното море кој до денеска не го изградивме.
Во моментов, најголемите зделки на македонските фирми се со ЕУ, а доколку ти мислиш дека на македонските квази-фирмички ќе им биде даден приоритет во однос на западно европските брендови на рускиот пазар доволно е да си уплатиш еден одмор во Русија и да се увериш во глетката што ќе те изненади.
Добро и овде да не филозофирам едно прашање.
Што значи екслузивната страна на Грција со западните кралски фамилии ?
Што значело историски 19 и 20 век и што значи сега во 21 век.
Еј да бе. За малце ќе помислев дека ќе ме поштедиш од муабетот со кралските фамилии.
Него, што се случи со платонската љубов на Русите кон Славјанството, кон родната земја на просветителите, Охридската Црква и сл. зарем тие кралски врски беа појаки од вонвременската љубов кон своите браќа?