EFT Прва машка ракометна лига

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Започна пролетниот дел од 1 македонска ракометна лига...
РК Струмица Зомимак - РК Струга Илинден 41-22
РК Риниа - РК Радовиш 30-26
РК Охрид - РК Пелистер 24-21
РК Текстилец - РК Младост Ресен 38-20
Екипите на Младост Богданци и РК Ѓорче Петров беа слободни поради откажувањето на 3 екипи :))
Има некаде табела без резултатите на овие три екипи?
Мада Текстилец секако би бил прв, по тоа што го видов на сајтот на РФМ...
 
Уште нема излезано табела...уште е старата од есенскиот дел...:))
Во текот на оваа недела би требало да излезе новата табела. без овие 3 екипи :))
 
Текстилец е од Штип? - ако е така, браво за Штип затоа што и КК Гоце Делчев им е во игра за влегување во прва кошаркарска лига, па за прв пат ќе добијат прволигашки тимови во овие два спорта (y) Каква сала има иначе во Штип, претпоставувам дека е некоја мала или има од овие новиве што ги градеше владата?
 
Има сала за в затвор шо е :(
 
Tекстилец (Штип) е сигурен патник во СуперЛига, барем резултатите говорат за тоа.
На официјалната страна нема уште пресна табела, но доминираат Штипјани со само 1 пораз, за втората позиција ќе биде мноу многу тешко тука се Радовиш, Охрид и Стрмуца ЗомиМак.
 
Струмица влегва и таа милион посто ..
 
Струмица влегва и таа милион посто ..
Се си зависи. Охрид мора да киксне барем еден натпревар (не го рачунам овој со нас(Стрмуца) и плус да изгуби од нас таму, што очекуваме.
 
Се си зависи. Охрид мора да киксне барем еден натпревар (не го рачунам овој со нас(Стрмуца) и плус да изгуби од нас таму, што очекуваме.
Епа така ќе биди ..Срамота е со плати играчи да имате а да не влезите !
 
Следната со Струга е најбитна и најнепредвидлива за Охрид, дерби.

Охрид - Радовиш 13-10 (полувреме)
icon_at_textsize.gif
Ракометарите на Охрид водат со 13-10 против Радовиш на полувремето од мечот од ракометната Прва лига.

10.jpg
Најпрецизни во првиот дел во охридскиот тим се Трифуноски и Николовски со по четири постигнати гола. По два имаат Томоски и Андоновски, додека еднаш мрежата на гостите ја затресе Митрески. На голот Пецаков имаше седум успешни одбрани.

Кај гостите најпрецизен е Конузлов со 4 постигнати гола.

11.04.2012 17:16

Прочитана е : 109 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Охрид чекори кон Суперлигата
icon_at_textsize.gif
Значен триумф во трката за суперлигата забележаа охридските ракометари кои со 22-21 го совладаа Радовиш и го отпишаа од суперлигашката трка.

6.jpg

Трифуноски со седум и Николовски со шест постигнати гола, но и одличниот Пецаков на голот го предводеа охридскиот тим до триумфот.

Во наредната рунда охриѓани гостуваат во Струга.
следува опширно

11.04.2012 17:55

Прочитана е : 47 пати

© 2012 Ohridnews.com

533962_2991294221270_1229572837_32161435_393808307_n.jpg
 
Охрид - Струмица 22:33 (8:15)

Самиот резултат е доволен да претпоставите како одеа работите.Струмичани се одлепија околу 15 мин. на 3-4 разлика и до полувремето ја зголемија двојно најмногу поради избрзаниот шут и доста грешки на домашната екипа (како да гледав Македонија во Гетеборг, подавање само на централните играчи, а крилата целосно отсечени).Во второто полувреме од 30 до 45 минута малку порамноправна игра гол за гол, ама после настапија на сцена струмичките голмани плус одново иритирачки промашувања на домашните (статива, пречка, статива - пречка - надвор)...
Се собрано Струмица беше една класа подобра екипа вчера.Иритираше однесувањето на судиите - и покрај константни 6-8 гола предност на гостите судеа провокативни и непостоечки прекршоци против Охрид, беспотребно создавање нервоза.
После ова Струмица потврди дека се најсериозен конкурент на Текстилец.

Ама не мораа да пуштат помош на Струга ;)
 
Гледачи околу/над 2500 по слободна проценка.Имаше еден дел кога двете навивачки групи почнаа со Абре Македонче, Едно име имаме итн. па се приклучи и поголем дел од обичната публика.Ајдуци неколку пати скандираа и за Кумани, а беа и во еден момент испровоцирани од домашната полиција, која беше во доста голем број за Охрид, меѓу 50 и 100 луѓе (5-6 Крајслери, 1 х Поло, 1 х Голф 3, 1 х Крајслер Војаџер, 2 х ВВ Транспортер комбиња, дури и 1 х ВВ од постарите комбиња некое запленето) :eek:
21.jpg
7-prviot%20napad.jpg
 
Како поминавте во Струга кај Паткари?:D
 
Како поминавте во Струга кај Паткари?:D
Не знам, некој од Рибари да прашаш :) Не бев ни во Охрид тогаш, ќе напишев овде шо како.Ма да и не е битно, биле добро инспирирани Струшките играчи од локалното дерби, а и добро мотивирани од Струмичките другарчиња ;)
 
Стружани заковани на дното, штета, најголемиот расадник на таленти на такво ниво да е паднат, за Супер лига значи завршена е работата Штипјани и Струмичани влегуваат ?
 
Стружани заковани на дното, штета, најголемиот расадник на таленти на такво ниво да е паднат, за Супер лига значи завршена е работата Штипјани и Струмичани влегуваат ?

Штипјани влегуваат директно во супер лига а ние струмичани ако останиме на 2рата позиција играме бараж утакмица со преспа од ресен или драчево од скопје бидејки овие 2 екипи се на последните 2 места во супер лигата :))
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom