Грчката политика спрема Mакедонија и Mакедонците

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Aтина очекува Македонија да се распадне-сметаат грчки експерти
Грција и Македонија купуваат време и затоа го оддолговлекуваат решението.Атина се надева дека Македонија ќе се распадне, а Скопје очекува признавање под уставното име – сметаат грчките експерти.

-И Андреас Папандреу со времената спогодба, и сите чекори наоравени за време на владата на Караманлис и за време на денешната влада,
всушност, во реалноста се чекори за добивање, купување време.Таа држава, веруваме, се надеваме, натприродно, бидејќи реално немаме
причина за тоа, но имаме неодредена верба, дека во некој момент ќе се распадне- рече Петрос Тацопулос , писател.

Кога Македонија во 90-те години се согласила на сложено име тогаш грчката страна била против, сега кога Грција е со променети и помеки позиции, другата страна со национализмот на Груевски не прифаќа – сметаат учесниците на дебатата.

-Глигоров се согласи за Нова Македонија, ние се согласивме, ајде да го затвориме проблемот и да си одиме дома.Но,по еден ден дојде фаталниот телефонски повик. Сега да не палам оган нема да ви кажам кој беше…Некој кој денеска е лидер на една голема партија.Самарас! –вели професорот по историја Танос Веремис.

Аналитичари на дебатата настапија со добро познатите грчки позиции, но публиката со контра ставови.

„Сега кога 130-140 земји ја имаат признаено, за кратко време ќе кажеме: “Е сега што да правиме,не принудија и ќе ги прифатиме под името Република Македонија.

- Сакам да кажам дека…
- Не, нема да ви објаснувам ништо…
- Нема никогаш да се признае…
- Госпоѓо, воопшто не ме плашите…“- гласеше дел од дебатата.

Во публиката и Македонец од Лерин. Говореше за маките што ги имал во детството поради тоа што не го знаел грчкиот јазик.

-Ни забрануваа да кажуваме дека сме Македонци. Јазикот што го говоревме велевме дека е Македонски ,но ни трврдеа дека тоа е погрешно ,не знам зошто, не ни објаснија.Велеа –не сте Македонци. Го забрануваа зборот Македонци.
И потоа одеднаш цела Грција го присвои зборот Македонија.


Македонското прашање – добар лош и грд, според познатиот вестерн, дебата во Атина на која публиката треба да одлучи кој е добар, кој лош, а кој грд во 20 годишниот проблем со името.

-На Балканот постои тенденција дека еден е добар,обично тоа сме ние,другиот е лош,а некој е малку досаден. Во конкретниот случај грдиот би можел да биде Нимиц-медијаторот во овој спор-изјави Елина Макри – координатор на Cafebabel Грција.


Аналитичарите едногласни, географската одредница е идеалното решение на проблемот со името.

Дебатата ја организираа група млади од грчкиот огранок на Cafebabel, со цел македонско грчкиот спор да им го доближат на младите од Eвропа.. Дебатата преведена и снимена ќе биде пренесена до сите членови на Cafebabel се со цел да се приближи и да се објасни проблемот.

Сања Ристовска

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=69912

Ја отварам оваа тема и префрлам дел од темите за Грција и нејзините ( дискриминаторски) политики спрема македонија и македонците бидејќи скоро секоја недела има по некоја изјава, постапка или натпис за нејзиниот (дискриминаторски) однос спрема македонија и македонците која редовно завршува како тема и се натрупува потфорумот со теми од слична тематика - Lupos
 
Јас очекувам Леонардо ДиКаприо да ме побара за жена! :pipi:

Ау, јас мислев сум во делот Ваши фантазии на форумов. My bad. :icon_lol:
 
Во право се, нивната Македонија оној Северниот грчки дел. :) Тоа нас секако ни одговара.
 
Додека Julien Assange не каже како се викаме нема преговори!
 
Додека очекуваа да се распаднеме, заглавија во долгови кои ќе ги распаднат.
 
И јас очекувам да им падне атомска во Атина па некако не иде... за жал. :(
 
Хмммм... кој тоа треба да продаде некое островче и има економија во распад?
 
гејско надевање лудо радовање !
 
Реално тоа им се очекувањата уште кога почнаа преговори, демек со уцени ќе не понижат и уништат, само не знаат дека ние сме многу, ама многу издржлив народ, кога под 500 години турско не сме потклекнале, зошто баш сега
 
Тоа е разликата помеѓу нас и Грците нивната позиција и опозиција знаат што сакаат, за разлика од нашата опозиција. Промена на име за Македонија и пакетот што оди со таа промена е целта на позицијата и на опозицијата . Кај нас за жал не е така.
 
И нашата опозиција работи во насока да се распаднеме.
 
Ги жалам грко-египќаниве и нивните сојузници, сонот на привремената спогодба и квазиекспертиве од сите наши „соседи“ што се зафатиле да не сместат во некој историски контекст што не е македонски, жално, зашто се што преживеал овој народ не наведува да помислиме дека крајот на светот ќе го преживеат само македонците и лебарките :)
 
Ако веќе се надеват дека ќе се распаднеме , сосема е логично и дека работат на тој план. Со оглед на економската состојба во државата, блокадата на Евро и Нато членството повеќе од очигледно е дека овие нивни предвидувања и желби не треба да се земат со подсмев. Но додека чекат ние да се распаднеме ништо чудно тие да пукнат како тиква , со години потиснуваните малцински проблеми, економскиот крах кој им се случи, корупцијата која треба да ја потиснат а ја имаат на секој чекор, проблемите со Турција , па и проблемите со нас.Единствено што ги држи во живот е Европската Унија ако таа дигне раце од нив ќе ги снеме за два дена. Или посликовито кажано да беа на наше место одамна ќе ја немаше Гејлада.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom