01. Се мисли дека доколку се види само една чавка сама, носи лоша среќа.
02. Дека доколку на роденденска торта, славеникот со едно дување ги издува сите свеќи (под претпоставка да се повеќе), замислената желба му се остварува.
03. Во Кина, Кореја, Јапонија и Хаваи кај населението постои тетрафобија т.е суеверие кон бројот 4 (секаде каде што треба да се означи нешто со четворка, се означува со петка, а во јапонскиот јазик бројката 4 се пишува исто како и зборот “смрт“)
04. Суеверие кон бројот 13, особено ако се погоди како датум на ден петок.
05. Се мисли и дека американската банкнота од 2 долара исто така носи лоша среќа.
06. Доколку ви се истури сол, очекувајте да се испокарате со некого дента.
07. Чувањето потковица дома (а особено закачена над врата) и зајачка шепа носи среќа.
08. Кршењето огледало носи 7 години несреќа (BORED) За сепак да се спаси ситуацијата, се претпоставува дека треба да се земаат парчињата стакло и да се закопаат за време на полна месечина

09. Поминувањето под скала, отворање чадор во затворен простор, поставувањето шапка или чевли на кревет, поместување од место и чукнување 3 пати во дрво кога се зборува за нешто лошо се исто така суеверија.